Швајцарката Лара Гут Бехрами е победничка на Супер-Џи трката која утрово се возеше во Сент Мориц, Швајцарија.
Гут Бехрами победи со време 1:19.82, додека втора заврши Италијанка Софија Гоџа со 18 стотинки заостанување (1:12:00). Третото место го зазеде Американката Микаела Шифрин со време 1:21.00 минути.
Во генералниот пласман Шифрин е прва со 465 бодови, а Гоџа е втора со 395 бодови.

