Author: saso

Денеска со ждрепка беа одредени и двојките за 1/16-финалните дуели во УЕФА Конференциската лига. Неколку интересни двојки во оваа фаза, каде се уште е нејасно дали Тотенхем или Витесе ќе играат во пролетниот дел од натпреварувањето.

Read More

Елиф Елмас и Наполи ќе се сретнат со Барселона во најатрактивниот дуел од 1/16-финалето на Лигата на Европа. На денеска одржаната ждрепка, овој дуел веројатно привлече најмногу внимание, иако има уште неколку супер-интересни пресметки кои не очекуваат. Првите мечеви се закажани на 17, а реваншите на 24 февруари.

Read More

Нигериската фудбалска федерација го разреши селекторот на репрезентацијата Гернот Рор само еден месец пред старот на Африканскиот куп на нации, пренесува Ројтерс. На негово место експресно е назначен Аугустин Егуавон, актуелниот техничкиот директор на федерацијата. Рор, кој ја презеде селекторската функција во август 2016 година, ја предводеше Нигерија на Светското првенство во 2018 година и до третото место на Африканскиот куп на нации една година подоцна. Тој се најде на мета на жестоки критики поради неодамнешниот настап на тимот, откако Нигерија ремизираше 1-1 со Зеленортските Острови во ноември и загуби од ЦАР во октомври.

Read More

Денеска во 12 часот во седиштето на УЕФА во Нион ќе се одржи ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите. Најголем дел од фаворитите ја минаа групната фаза, но во групата на патници во пролетниот дел од натпреварувањето не е и една Барселона. Каталонците првпат по 21 година нема да играат во елиминациската фаза. Во осминафиналето ќе настапат 4 екипи од Англија, 3 од Шпанија, 2 од Италија, Франција и Португалија и по една од Германија, Холандија и Австрија. Куриозитет е фактот што за првпат од создавањето на Лигата на шампионите во групите има три екипи кои завршија со максимални…

Read More

Пилотот на Ф1 тимот Алпин, Фернандо Алонсо, вели дека шампионскиот наслов за Макс Верстапен е чиста среќа. „Без безбедносното возило, Луис би бил шампион. Макс страна шампион со помош на безбедносното возило. Ова е чиста среќа, мора искрено да признаете. Но, тој оваа сезона и немаше постојано среќа, а среќата го послужи на крајот. Можеби има некоја правда во ова“, изјавил Алонсо.

Read More

НБА тимот Чикаго Булс испратил барање до НБА лигата да го одложи натпреварот против Детроит поради избувнување на коронавирус во тимот. Средбата е закажана за вторник, но Булс имаат осум играчи во карантин. Според инсајдерот од Чикаго, Даниел Гринберг, лигата допрва треба да одговори на барањето.

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас предвреме го заврши вчерашниот меч со Емполи кој неговиот тим Наполи го загуби на домашен терен со 1:0. Синоќа од Наполи се огласија за повредата на Елмас, но и онаа на Жиелински. Според информацијата, Елмас има повреда на десната потколеница, па веројатно утрешните специјалистички прегледи ќе дадат и појасна слика за сериозноста на повредата и паузата која треба да ја направи пред да се врати во тимот.

Read More

Тренерот на шпанскиот шампион Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, посебно му честиташе на градскиот ривал Реал за победата во големото дерби со 2:0 на „Сантијаго Бернабеу“. Тренерот на „јорганџиите“ изјави дека му се допаѓа стилот на тимот предводен од Карло Анчелоти. „Агресијата и упорноста се една од најважните компоненти во модерниот фудбал. Во нив Реал е беспрекорен. Имавме шанси на почетокот на вториот дел, но потоа противникот постигна одличен гол за 2:0“, изјави Симеоне. „Во натпреварот влеговме по големото психолошко оптоварување кое го придружуваше гостувањето кај Порто“, дополни Симеоне.

Read More

Мауро Икарди е еден од фудбалерите кои сигурно ќе го напуштат ПСЖ овој јануари или најдоцна по завршувањето на сезоната. Според ”L’Equipe”, Икарди ќе побара уште во јануари да си замине. ПСЖ бара сума од 50 милиони евра за продажба на Аргентинецот, кој во нивните редови се преслеи од екипата на Интер.

Read More