Според шпанските медиуми, хрватскиот фудбалски репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Лука Модриќ, на вчерашниот тест бил негативен на коронавирус. Оваа вест ги изненади луѓето во Реал бидејќи хрватскиот капитен беше позитивен во средата и веднаш беше изолиран. Клубот сега уште еднаш ќе го повтори тестот, а доколку биде уште еднаш негативен, Модриќ е слободен да се врати на тренинзите.
Author: saso
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд сериозно размислува да го напушти тимот по завршувањето на сезоната. Според некои извори во Англија, младиот голгетер не е задоволен од престојот на „Олд Трафорд“ поради континуираните напади врз него за слабите настапи оваа сеозна. 24-годишниот Англичанец е интересен за Барселона, па во свое блиско друштво најавил дека сериозно би ја разгледал понудата од Каталонците.
Ракометарите на Е. Пелистер и Вардар вечерва од 18:00 часот се среќаваат во уште едена голема пресметка на домашната ракометна сцена. Дербито ќе се игра во преполната сала „Боро Чурлевски“, затоа што комплетниот капацитет на салата е распродаден, според Ковид-19 протоколите. Според најавата во Битола вечерва ќе бидат и околу 150 вардарови навивачи, популарните „Комити“. Најсериозните кандидати за титулата во Суперлигата ќе ги одмерат силите во меч кој што значи многу повеќе од обична победа или пораз. Во досегашниот дел од сезоната и Вардар и Е. Пелистер имаат по еден пораз и се лидери на табелата.
Последниот четврфинален дуел од Купот на Македонија во фудбал меѓу екипите на Пелистер и Вардар, кој требаше да се игра на 1 декември, но поради временските услови и лошиот терен беше презакажан, ќе се одигра денеска. Под „Тумбе кафе“ следува едно од најголемите дербија на домашната спортска сцена, иако годинава и Пелистер и Вардар се далеку од своите најславни денови. Фактот дека Пелистер е последен на табелата во ПМФЛ, а Вардар дури трет во ВМФЛ – ЗАПАД, сепак, не треба да ја намали ниту важноста на дуелот, ниту ривалиетот на двата тима. Пелистер и Вардар досега имаат 54 меѓусебни дуели,…
Вејн Руни, кој моментно е менаџер на второлигашот Дерби Каунти, е еден од кандидатите да го наследи Рафа Бенитез на кормилото на Евертон. Во последните десет натпревари под водство на Бенитез, Евертон забележа една победа, седумпати загуби и двапати ремизираше. Извори од клубот велат дека раководството на Евертон има неформален договор со Руни во случај Бенитез да не успее да ја поправи ситуацијата. Во ноември 2020 година, Руни стана вршител на должноста главен тренер во Дерби Каунти, а во јануари 2021 година потпиша целосен договор со клубот, каде ја заврши својата професионална кариера.
Синоќа се одиграа само три натпревари во кошаркарската НБА лига, поради тоа што повеќето екипи имаат проблеми со нови инфекции со коронавирус. Херој на вечерта беше Стивен Кари, кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, кој испиша историја и стана кошаркар со најмногу погодени тројки на сите времиња. Голден Стејт Вориорс синоќа гостуваа кај Њујорк Никс и победија со 105:96, но натпреварот го одбележа рекордот на Кари, кој стана кошаркар со најмногу тројки во историјата на НБА. Тој успеа да ги мине Реј Ален и неговиот досегашен рекорд од 2.973 тројки. Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс постигна една тројка повеќе од него…
Напаѓачот на Евертон, Бразилецот Ришарлисон долго време ќе мине надвор од терените откако се повреди на последниот настап за својот тим. 24-годишниот Бразилец беше заменет на полувремето во поразот кај Кристал Палас со 3-1, а лекарските прегледи открија руптура на мускулното ткиво на потколеницата на десната нога. „Ришарлисон беше принуден да излезе во второто полувреме и скенерот најде кинење на мускул на десната потколеница. Напаѓачот нема да игра неколку недели”, соопштија од клубот. Андрос Таунсенд исто така извесно време нема да игра поради скршеница, а Колман е под знак прашалник за дуелот утре со Челзи.
Тимот на Мерцедес има добри шанси да ја добие жалбата за развојот на настаните во последниот круг од трката за Големата награда на Абу Даби. Адвокатот на тимот смета дека првичната забрана на болидите кои доцнеа по еден круг зад лидерот да можат да го претекнат, а потоа да им се дозволи да го сторат тоа на само неколку кривини пред крајот на режимот на безбедносното возило, е во спротивност со изјавата дадена од директор на трката, Мајкл Маси во слична ситуација на трката во Франција во 2020 година. Ова може да се смета за прекршување на Меѓународниот спортски кодекс,…
Бенфика е заинтересирана за услугите на дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити. Португалскиот гигант стапил во контакт со раководството на Каталонците за да се распрашаат за можноста да го доведат Французинот во зимскиот преоден рок, пренесува „Мундо Депортиво“. Бенфика мора да доведе итно нов централен дефанзивец откако го загуби Лукас Верисимо, кој заработи тешка повреда и ќе отсуствува долго време од терените.
Манчестер Сити синоќа ја реализираше својата 33-та победа во Премиер лигата во 2021 година. Со ова постигнување „граѓаните“ го повторија рекордот на Ливерпул за најмногу победи во една календарска година. „Црвените“ имаа 33 победи во 1982 година. Манчестер Сити синоќа во рамките на 17. коло од англиската Премиер лига, извојува рекордна победа од 7:0 и му го нанесе најтешкиот пораз на противникот во последните скоро 90 години.
