Поранешниот Формула 1 возач Жан Алези е приведен вчера, објавија француските медиуми. Причина за апсењето е експлозија во архитектонска работилница во Авињон, родниот град на Алези. Истрагата утврдила дека експлозивната направа ја поставило непознато лице, чиј автомобил бил снимен од надворешна надзорна камера. По проверка на бројките, стана јасно дека сопственик на автомобилот е Хозе Алези, братот на Жан. Прво бил повикан на распит, по што самиот Жан пристигнал во полициската станица за да објасни дека го користел автомобилот. За одбележување е дека работилницата во која се случила експлозијата е во сопственост на сопругот на сестрата на Алези, кој сега…
Author: saso
Македонската ракометна репрезентација денеска на пладне ќе го има првиот собир во Скопје и ќе ги зпаочне подготовките за ЕУРО 2022 кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија. Селекторот Кирил Лазаров првата прозивка ќе ја направи во хотелот „Александар Палас“. На списокот се најдоа 24 ракометари, четворица од нив ќе се приклучат подоцна. Станува збор за Никола Митревски, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, кои имаат обврски кон клубовите. Македонската репрезентација по собирот и тестирањето за коронавирус ќе замине во Маврово каде ќе го одбработи првиот дел од подготовките, но и ќе одигра два од четирите контролни натпревари.…
Њукасл не успеа да го убеди француски Лион да му го продаде 24-годишниот бразилски офанзивен играч за врска, Лукас Пакета. Според извори од клубот, Њукасл понудил 40 милиони евра за играчот, а самиот играч добил договор со плата од 10 милиони евра годишно, за разлика од неговата сегашната плата од 5 милиони евра. Сепак, оваа понуда не го заинтересирала Бразилецот. Во исто време, Лион не ја крие желбата да добие повисока понуда и затоа ќе почека до летниот трансфер период која Пакета веројатно повторно ќе биде на мета на големите европски тимови.
Канадскиот возач во болидот на Вилијамс, Николас Латифи, за првпат јавно проговори по по трката за ГН на Абу Даби во Формула 1. По несреќата на Латифи, која индиректно се одрази на исходот на шампионатот, дел од навивачите на Луис Хамилтон го нападнаа со навреди, па дури и смртни закани. „Ситуацијата што настана по моето заминување во Абу Даби имаше многу последици. Добив илјадници пораки на моите профили на социјалните мрежи – јавни и приватни. Повеќето од нив дадоа поддршка, но имаше многу омраза и навреди. Омразата, навредите и заканите што следеа на социјалните мрежи не ми беа изненадување, бидејќи…
НБА лигата не планира да го прекине регуларниот дел од сезоната поради зголемените случаи на коронавирус, изјави комесарот на лигата Адам Силвер. Во декември, повеќе од 100 играчи и вработени во клубовитеви беа вклучени во протоколот за Ковид-19. НБА одложи седум натпревари поради појава на коронавирус во тимовите, но тоа нема да ја прекине сезоната. „Засега нема планови за паузирање на сезоната. Ние, се разбира, ги разгледавме сите опции, но нема логиката во евентуален прекин на сезоната во моментов. Треба да научиме да живееме со тоа“, изјави Силвер.
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид покажува интерес за дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, информира „Дејли мејл“. Во обид да ја засили одбраната, Реал се заинтересирал за резервистот во составот на Јирген Клоп. 24-годишниот Англичанец веќе подолго време беше надвор од терените поради повреда, па затоа и одигра само три комплетни меча досега. Гомез не е единствената опција за засилување на дефанзивата на Реал Мадрид. Кралскиот клуб како опција ги има и Антонио Рудигер (Челзи), Жил Кунде (Севиља) и Пау Торес (Виљареал).
Фудбалската федерација на Македонија е дел од заедничката кампања на Европската унија и Советот на Европа фокусирана на борбата против говорот на омраза. Препознавањето на омразата во нашето општество е првиот чекор за борба против истата, како и да нé освести дека дури и најмалите гестови или постапки во нашето секојдневие се важни за да се обезбеди толеранција и почитување и да се дојде до крајната цел, а тоа е мир и помирување во нашето општество. Филип Поповски, генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија го истакна значењето и потребата од силна заложба фокусирана на борбата против говорот на омраза…
Сега е и официјално: Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив кер, ќе ја преземе задачата да ја води американската кошаркарска репрезентација, барем до следните Олимписки игри во Париз во 2024 година. Американската кошаркарска федерација го официјализираше договорот со Стив Кер, кој е трикратен шампион во НБА со Голден Стад Вориорс во последната деценија (2015, 2017, 2018 година). Тој ќе го замени Грег Попович на чело на репрезентацијата на САД. Новиот тренер ќе биде поддржан од тројца помошници: тренерот на Мајами Хит, Ерик Споелстра, тренерот на Феникс Санс, Монти Вилијамс и тренерот на Универзитетот Гонзага, Марк Фју.
Сирискиот фудбалер Фирас Ал-Хатиб бил исфрлен од националниот тим, откако играл на ревијален натпревар сона кој бил присутен и тренер од Израел. Сирискиот олимписки комитет објави дека Ал-Хатиб е исклучен од Националниот олимписки комитет и генералната спортска федерација поради „кршење на вредностите и идеалите на организацијата и отстапување од нејзините национални принципи“. Во ревијалниот натпревар на Арапскиот куп на ФИФА поранешни фудбалери од арапските земји и од целиот свет заигра заедно под водство на популарни тренерски имиња. Селекцијата на светот била предводена од некогашниот менаџер на Челзи, Израелецот Аврам Грант. Тројца алжирски фудбалери се повлекоа од натпреварот, а голем број…
Белгискиот напаѓач од екипата на Наполи, Дрис Мертенс потврди дека има клаузула за продолжување на договорот со наполитанците, но не знае дали клубот ќе ја активира. 34-годишниот играч е дел од Наполи од 2013 година, откако го напушти ПСВ Ајндховен, а неговиот актуелен договор ќе истече во јуни 2022 година. „Има опција во договорот, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Мертенс за Скај Спорт Италија. Инаку, Белгиецот е најдобар стрелец на клубот на сите времиња со 141 гол на 376 натпревари.
