Петтиот светски тениски рекет, Русинот Андреј Рубљев е додаден на растечката листа на тенисери кои се позитивни на КОВИД-19 по настапот на егзибицискиот турнир во Абу Даби. Рубљев ја освои титулата во сингл на настанот во Емирати, победувајќи го двократниот олимписки шампион Енди Мареј во финалето. Сепак, Русинот закачи Ковид-19 на само три недели до почетокот на Австралија Опен. Рубљев тврди дека има „минимални симптоми“ и останува во изолација во Барселона. Канаѓанецот Денис Шаповалов вчера потврди дека бил позитивен на тестот по пристигнувањето во Австралија на серијата турнири пред првиот Грен слем во 2022 година.
Author: saso
Играчот од средниот ред на Рома и еврменски репрезентативец, Хенрих Мхитарјан по завршувањето на фудбалската кариера ќе стане спортски директор на рускиот клуб Краснодар. Според информациите во ерменските медиуми, Мхитарјан веќе постигнал устен договор за соработка со сопственикот на Краснодар, Сергеј Галицки. По завршувањето на професионалната кариера како играч, Мхитарјан ќе ја преземе позицијата во структурата на „биковите“.
Шпанскиот прволигаш Депортиво Алавес му врачи отказ на тренерот Хавиер Каљеха. Како што потврдија од клубот, мадридскиот стратег си заминува од Алавес откако не успеа да го извлече тимот од црвената зона на табелата во првиот дел од сезоната. Хавиер Каљеха пристигна на клупата на Алавес на 5 април 2021 година и ја постигна целта да остане во елитата, но годинава неговиот тим не успеа да се извлече од дното и моментално е на 18-то место во Ла Лига, во зоната за испаѓање. На последните пет натпревари Алавес не освои ниту еден бод.
Македонската ракометна репрезентација почна со убедлива победа над Кувајт од 31-21 во серијата подготвителни средби пред настапот на ЕП. Селекторот Лазаров истакна дека е задоволен од начинот на кој го одигравме првиот тест со Кувајт. „Среќен сум, не поради победата од десет гола разлика. Среќен сум дека пред натпреварот им кажав дека ќе стартуваме без девет стандардни репрезентативци, што поради оправдани отсуства, повреди и други работи, и успеав да ги убедам дека ако се сака сè се може. Не е важен резултатот, колку пристапот, како и она што го договаравме и спроведовме на теренот. Ова ќе биде голем поттик за…
Милан е во потрага по замена за дефанзивецот Симон Кјаер, кој ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, италијанскиот клуб ја разгледува можноста да го доведе дефанзивецот на ПСЖ, Абду Диало. 25-годишниот фудбалер е високо на листата на приоритети на „росонерите“ ценета, но многу работи ќе зависат од тоа дали ПСЖ е подготвен да се раздели со него за сума прифатлива за Италијанците. Диало оваа сезона одигра 9 натпревари во француската Лига 1 и имаше една асистенција.
Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец вчера во скопскиот хотел „Александар Палас“ ја промовираше спортската монографија и истоимениот документарен филм, „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“. Двете дела се посветени на незаборавните успеси на боречкиот клуб Бучим-Јака од Радовиш, кој во 1995 стигна до титулата европски првак, а една година подоцна стана светски шампион. „Нема големи и мали држави, има луѓе со големо и мало срце. Ние борачите на Македонија го качивме нашиот камен на врвот од светот. Го задржавме таму колку што можевме. Сега тој камен треба некој повторно да го качи. На потег се младите генерации. Бидете храбри,…
За крај на старата и почеток на новата 2022 натпреварувачка сезона, вчера се одржа Новогодишниот атлетски митинг во Белград на кој нашиот атлетичар Јован Стојоски успеа да го подобри националниот рекорд на 200 метри во сала. Тој освојувајќи го прво место на трката, оствари резултат од 21.56 секунди што беше вреден 1050 бодови и нов државен рекорд на Македонија.
Најсилната светска хокеарска лига (НХЛ) ги одложи сите планирани натпревари до вторник. Кризата со КОВИД-19 и натаму не спласнува, па НХЛ донесе и одлука да забрани играчите да се натпреваруваат на ЗОИ во Пекинг 2022 година. Вечерва требаше да се одиграат 14 натпревари, со што ќе се ставеше крај на импровизирана петдневна пауза. Сепак, четири натпревари се закажани за вторник (28 декември), иако НХЛ размислува за уште некој ден продолжение на паузата.
Агентот на фудбалерот на италијанска Верона, Никола Калиниќ, му ги понудил услугите на фудбалерот на римски Лацио, кој е во потрага по нов напаѓач. Ова го објави новинарот Николо Шира на Твитер. 33-годишниот Калиниќ се пресели во Верона во октомври 2020 година од Атлетико Мадрид за 1,8 милиони евра. Претходно во кариерата хрватскиот напаѓач беше во Рома, Милан, Фиорентина и украински Днипро. Калиниќ оваа сезона постигна три гола и асистираше на девет натпревари од италијанската Серија А.
Ракометната репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра првиот контролен меч во рамките на подготовките за Европското првенство. Нашите ракометари ќе се сретнат со селекцијата на Кувајт во меч кој ќе биде можност за проверка на силите во првиот дел од подготовките започнати минатата недела. Натпреварот против Кувајт ќе биде одигран во Маврово, а почетокот на средбата е од 18 часот. Покрај овој денешен дуел, в среда двете селекции ќе одиграат и втор пријателски дуел.
