Author: saso

Реал Мадрид размислува да го замени напаѓачот Еден Азар за дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс. Шпанскиот гигант е заинтересиран за засилување на позицијата десен бек, па затоа може да го врати Азар во Челзи, како дел од зделката за Џејмс. Според извори од Шпанија, сопственикот на англискиот тим, Роман Абрамович, би сакал да го врати Азар на „Стемфорд Бриџ“, но не по цена да загуби една од младите ѕвезди на својот тим. 22-годишниот Рис Џејмс на 22 натпревари оваа сезона, постигна пет гола и имаше шест асистенции. Договорот на Англичанецот истекува во 2025 година, а пазарната вредност на Џејмс се…

Read More
NBA

Кошаркарите на Денвер синоќа го совладаа Лос Анџелес Клиперс на гостински терен со 103:100, заедно со уште една одлична партија на српскиот центар Никола Јокиќ.  Јокиќ за 38 минути на теренот постигна 26 поени, 22 скока и осум асистенции и со тоа го доведе својот тим до 16-та победа сезонава. Така тој стана првиот играч по Чарлс Баркли во 1988 година, кој постигнал најмалку 25 поени, 20 скока и пет асистенции во два последователни натпревари. Кошаркарите на Оклахома на домашен терен го победија Њу Орлеанс со 117:112.  Шеј Гилгес Александар ја предводеше Оклахома со 31 поен, Арон Вигинс додаде 24,…

Read More

Шпанската телевизиска станица Ел Чирингито, објави информација дека преставници на Барселона се интересираат за нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Одличните настапи на Димитриевски во Ла Лига оваа сезона во која статистички е најдобар голман во шпанското првенство, сериозно го свртеа вниманието на каталонскиот гигант кон голманот на Рајо Ваљекано. Останува да се почека некаква конкретна акција која би можела да доведе до трансфер на Димитриевски на „Камп Ноу“.

Read More

Недим Ремили има скршеница на стапалото и нема да биде дел од ракометната репрезентација на Франција на престојното Европско првенство. Сепак, покрај него, стручниот штаб на францускиот ракометен тим има нов проблем – Ковид 19. Никола Карабатиќ, Беноа Кункуд и Јанис Лен ќе го пропуштат почеток на подготовките на „триколорите“ бидејќи се позитивни на Ковид-19. На почетокот на подготвителниот циклус ќе отсуствува и голманот на ПСЖ, Винсент Жерар, поради семејна трагедија. Селекторот на францускиот тим веднаш направи промени во ростерот, па дополнително ги повикал голманот Весли Пардин, десното крило на Монпеље, Жилиен Бос и левиот бек на Нант, Тибо Бри.

Read More

Шефот на Формула 1 Стефано Доменикали рече дека Светскиот совет на ФИА ја поддржал идејата за задолжителна вакцинација против коронавирусот за сите лица вклучени во натпреварувањето. Претходно, Бруно Фамен, кој е одговорен за работењето на ФИА, најави дека се разгледува оваа иницијатива. Доменикали потврди дека одлуката е веќе донесена: „Реализиравме 22 трки во една година и тоа ни овозможува да го чекаме почетокот на сезоната 2022 со умерен оптимизам, без разлика дали сè уште ќе има Ковид. Светскиот совет на ФИА ја одобри задолжителната вакцинација на целиот персонал во Ф1 како мерка на претпазливост“, рече Доменикали. Според Autosport, одлуката треба…

Read More

Бразилската фудбалска легенда Пеле е отпуштен од болница, но ќе продолжи да се лекува од туморот на дебелото црево. 81-годишниот крал на фудбалот, беше примен во болница на 8 декември. Подоцна неговата ќерка Кели Насименто изјави дека хоспитализацијата била планирана. Претходно, Пеле беше опериран за отстранување на тумор на дебелото црево. Набргу по операцијата, екс-фудбалерот бил префрлен на редовно одделение, а самиот рекол дека се чувствува добро.

Read More

Дефанзивецот на Интер, Стефан де Врај е мета на интерес на Тотенхем. Менаџерот на лондончани, Антонио Конте е лично заинтересиран за услугите на холандскиот дефанзивец, кој беше негов тренер во италијанскиот клуб. 29-годишниот Де Врај игра за актуелниот италијански шампионат од 2018 година, кога „нероаѕурите“ го доведоа како слободен играч. Според информациите од Италија, Интер за неговата слобода ќе бара над 50 милиони евра.

Read More

Раководството на Манчестер Јунајтед се повеќе ја разгледува можноста да се раздели со Пол Погба во јануари. Клубот веќе најави дека очекува понуди за Французинот и секоја ќе биде разгледана многу внимателно. „Црвените ѓаволи“ се чини се помириле со тоа што не можат да го убедат играчот да потпише нов договор, а актуелниот му истекува на лето. Па Затоа и ќе настојуваат да го продадат оваа зима и да земат барем извесна сума за него, наместо да го остават да замине како слободен играч на крајот на сезоната.

Read More

Играчот од средниот ред на Наполи, Лоренцо Инсиње, следната сезона може да се пресели во МЛС лигата. Како што објавија некои италијански медиуми, агентот на Инсиње добил примамлива понуда од канадскиот тим Торонто. Договорот на играчот со наполитанскиот клуб е со важност до крајот на оваа сезона, па затоа Торонто би сакал да год оведе како слободен играч. Канаѓаните му понудиле на Инсиње 3-годишен договор со плата од 8 милиони евра годишно, што реално, е одлична понуда и за која италијанскиот репрезентативец треба сериозно да размисли.

Read More

Кошаркарската федерација на Македонија вечерва во Скопје ќе ги додели наградите за најдобрите во изминатата 2021 година. Според неофицијалните информации наградите за најдобар кошаркар и најдобра кошаркарка ќе завршат во рацете на македонските репрезентативци и интернационалци Андреј Магдевски и Анџелика Митрашиновиќ. Двајцата добиле најмногу гласови од кошаркарските работници, новинарите и фановите во изборот кој заврши минатата недела.

Read More