Кошаркарите на Денвер синоќа го совладаа Лос Анџелес Клиперс на гостински терен со 103:100, заедно со уште една одлична партија на српскиот центар Никола Јокиќ. Јокиќ за 38 минути на теренот постигна 26 поени, 22 скока и осум асистенции и со тоа го доведе својот тим до 16-та победа сезонава.
Така тој стана првиот играч по Чарлс Баркли во 1988 година, кој постигнал најмалку 25 поени, 20 скока и пет асистенции во два последователни натпревари.
Кошаркарите на Оклахома на домашен терен го победија Њу Орлеанс со 117:112. Шеј Гилгес Александар ја предводеше Оклахома со 31 поен, Арон Вигинс додаде 24, додека Џош Харт беше најефикасен во тимот на Њу Орлеанс со 29 поени и десет скока.
Кошаркарите на Филаделфија славеа на гости кај Вашингтон со 117:96, предводени од Џоел Ембид, кој постигна 36 поени со 13 скока. Мајами го победи Орландо со 93:83, со дабл-дабл на Џими Батлер од 17 поени и 11 скока, а исто толку поени постигна и Кејлеб Мартин. Од друга страна, Гери Харис постигна 20 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Мајами – Орландо – 93:83
Кливленд – Торонто – 144:99
Вашингтон – Филаделфија – 96:117
Сакраменто – Мемфис – 102:127
Оклахома Сити – Њу Орлеанс – 117:112
Сан Антонио – Детроит – 144:109
Чикаго – Индијана – 113:105
ЛА Клиперс – Денвер – 100:103