Со вчерашниот собир во хотелот „Александар Палас“, македонската ракометна репрезентација го започна вториот дел од подготовките за ЕП. Ракометарите под водство на селекторот Лазаров ќе ги одработи последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин, а во истиот период (3 и 4 јануари) ќе се одиграат и контролните натпревари со селекцијата на Израел, кои ќе бидат од затворен тип. Согласно протоколите за учество одредени од Европската Ракометна Федерација, сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против вирусот Ковид – 19, а во текот на подготовките беа извршени превентивни ковид тестирања и истите беа негативни. Протоколот од ЕХФ за учество на…
Author: saso
Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку ќе го пропушти дербито со Ливерпул. Белгискиот голгетер не беше вклучен во групата за денешниот натпревар, а причина за тоа не е здравствен проблем или казна, туку лична одлука на Томас Тухел. Пред само неколку дена во италијанските медиуми се појави интервју со Лукаку во кое Белгиецот остро го критикуваше тренерот на „сините“ и неговите методи на работа.
Враќањето на Бундеслигата по божиќните и новогодишните празници може да пропадне. Речиси сите екипи имаат голем број заразени, а шампионот Баерн, кој во петок ја отвора фудбалската година со домашен натпревар против Борусија Менхенгладбах, објави четворица позитивни на коронавирусот. „Следните неколку дена ќе ги поминам во карантин бидејќи сум позитивен на коронавирус“, напиша Нојер на Фејсбук. „Се чувствувам добро и имам само благи симптоми. Ви благодарам на сите за вашите желби. Бидете здрави и внимавајте“. Поради кризата, Баерн го откажа почетокот на тренинзите за понеделник. Сите играчи прво ќе бидат тестирани. Во Борусија (М) досега исто така има четворица позитивни…
Гигантите како Реал Мадрид, Јувентус и Барселона и натаму се решени да го оживеат проектот наречен Суперлига на Европа. Според „Фајненшл Тајмс“, сите три клуба остануваат посветени на идејата, разговарајќи за можно рестартирање на турнирот во 2022 година. На 19 април 2021 година, 12 европски клубови најавија создавање на Супер лигата, но два дена подоцна, 9 екипи објавија повлекување од натпреварувањето. Гигантите најавиле неколку заеднички средби уште на стартот на оваа година за да разговараат за нови идеи околу рестартирањето на натпреварувањето.
Руски Зенит покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Лацио, Луис Фелипе, чиј актуелен договор е до летото 2022 година. Според „Кориере дело Спорт“, преговорите меѓу Фелипе и Лацио за нов договор се тешки. Доколку страните никогаш не се договорат, Римјаните би можеле да го продадат 24-годишниот фудбалер на крајот од зимскиот преоден рок. Ситуацијата конечно ќе се расчисти до 10 јануари. Сериозен интерес за Бразилецот покажуваат Зенит и Валенсија. Двата клуба се подготвени да му плаќаат по 2,5 милиони евра годишно како плата.
Ѕвездата на Голден Стејт, Стивен Кари во победа против Јута (123:116), постигна 28 поени со 9 асистенции и направи уште еден НБА рекорд. Имено, најдобриот „тројкаш“ во историјата на лигата, успеа да дојде до неверојатна серија од 158 натпревари на кои успеал да постигне по најмалку една тројка. Ова е нов рекорд во историјата на лигата. Стивен го собори сопствениот рекорд кој беше поставен на 1 декември 2018 година.
Денеска на 87-година од животот почина вардаровата легенда Ванчо Трпевски, кој целата кариера ја мина во редовите на „црвено-црните“ најпрво како играч, а потоа и како тренер во помладите и сениорските категории на најтрофејниот македонски клуб. Трпевски е роден во 1934 година. Од Вардар е од почеток до крај, од неговите почетоци до пензионирањето. Трпевски целиот тренерски стаж го мина работејќи во сите генерации на Вардар. Тој беше тренер на Вардар во сезоната 1993/94 кога тимот се закити со втората шампионска титула во независна Македонија. Трпевски беше и селектор тренер на пионерската, јуниорската и серниорската репрезентација на Македонија во екс…
Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на претстојниот АТП куп во Сиднеј, соопштија денеска организаторите. Според веб-страницата на натпреварувањето, за Србија ќе играат Душан Лајовиќ, Филип Крајиновиќ, Никола Чаќиќ и Матеј Шабанов. Секој спортист кој има намера да игра во Австралија мора да се вакцинира против коронавирусот, а Ѓоковиќ не сака да открие дали ја примил вакцината. Неизвесен е и неговиот настап на првиот Грен слем турнир во сезоната на Австралија опен.
За неколку дена Интер ќе стане сопственост на Саудискиот државен инвестициски фонд (PIF), кој веќе е сопственик на Њукасл. Ова го наведува популарниот американски сајт International Business Times. Арапите ќе му платат околу 1 милијарда долари (884 милиони евра) на Сунинг, кој моментално има најголем удел во италијанскиот шампион. Во наредните денови се очекува во канцелариите на „нероаѕурите“ да пристигнат документите за промена на сопственоста. Зад фондот стои престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.
Ливерпул синоќа претрпе пораз како гостин од Лестер со минимални 1-0, а менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп по мечот изјави дека поразот е потполно заслужен. „Вечерва навистина не бевме свои. Мислам дека добро почнавме, но ни на почетокот не ми се допаѓаше 100 проценти интензитетот со кој игравме. Потоа го изгубивме ритамот и не можевме повеќе да го најдеме. Барем имавме моменти во кои можевме да одиграме многу подобро. На крајот, она што им го кажав на сите кои беа одговорни за настапот на Лестер вечерва, ова беше заслужена победа“.
