Олимписката шампионка од Сочи 2014, Микаела Шифрин, победи во ноќниот слалом од Светскиот куп во алпско скијање во австрискиот зимски центар Шладминг. Освојувачката на Големиот кристален глобус од минатата сезона, Петра Влхова, заврши на второто место, а тоа беше доволно за да го освои малиот кристален глобус во Светскиот куп во слалом на две трки пред крајот на сезоната. 26-годишната Шифрин, триумфираше со вкупно време од 1:32,66 минути, со што ја забележа 73. победа во кариерата за Светски куп и рекордна 47. во слалом. Со ова Шифрин по бројот на победи во една дисциплина го престигна легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк…
Author: saso
Напаѓачот на Барнли, Крис Вуд (30) наскоро може да му се приклучи на Њукасл. Според информациите, „страчките“ се блиску до трансфер на искусниот напаѓач за сума од околу 24 милиони евра. Претходно беше објавено дека фудбалерот сака да ја продолжи кариерата во Њукасл. Новозеланѓанецот во тековната сезона на англиска Премиер лига одигра 17 натпревари, на кои постигна три гола.
Македонските ракометари вчера пристигнаа во Дебрецин, каде веќе утре на премиерата на новото Европско првенство против Словенија ќе го одиграат и првиот меч на шампионатот. Лазаров нема да смета на првиот голман, Никола Митревски, а дополнително ги повика Чаневски и Трајковски како замени на голманските места за ова ЕП. Денеска ракометарите ќе ги одржат редовните тренинзи подготвувајќи ја тактиката за Словенците. Спортското радио 90.3 фм од денеска исто така со своја екипа ќе биде во Дебрецин и во живо ќе ве информира за сите случувања на шампионатот.
Новак Ѓоковиќ се уште ја чека конечната одлука дали ќе биде депортиран од Австралија по одлуката на локалните власти да не му дозволат влез во земјата и откако му беше укината визата. Затоа неговото семејство денеска организираше прес-конференција на која зборуваше за случувањата во Мелбурн. „Новак Ѓоковиќ не прекрши никаков закон, никакво правило поставено од Австралија. Еден месец комуницираше преку Австралиската тениска асоцијација и заедно дојдоа до медицински исклучок за влез во Австралија. Имаше ист документ како неколку тенисери кои се веќе во Австралија“ , рече Ѓорѓе, братот на Новак. „Тоа што му се случи на Новак може да се…
Дарко Мицевски е нов играч на ФК Вардар. Тој денес потпиша четири и пол годишен договор со најтрофејниот македонски фудбалски состав. Повратникот во Вардар е освојувач на шампионската титула во сезоната 2019/20. “Ми претставува голема чест и задоволство враќањето во Вардар, едноставно повикот од најтрофејниот македонски фудбалски клуб не се одбива. Им благодарам на сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски за повикот и довербата, лесно се договоривме и заеднички ги усогласивме целите на клубот. Верувам во овој проект, искрено се надевам дека ќе биде еднакво успешен како и при мојот претходен престој тука. На сите навивачи и приврзаници…
Еден од најталентираните македонски фудбалери и досегашен член на Работнички, Лука Станковски, направи трансфер во турскиот прволигаш Газијантеп. Тој во наредните четири и пол години ќе го носи дресот на турскиот прволигаш. „Среќни сме што можеме да го потврдиме трансферот на нашиот досегашен фудбалер, талентираниот Лука Станковски во турскиот прволигаш Газијантеп. Работнички продолжува да реализира големи трансфери на своите фудбалери и во овој тежок период на пандемија на коронавирусот низ целиот свет“, изјави претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски. Тимот на Работнички ќе ги стартува зимските подготовки на 8. јануари, а втората фаза ќе ја одработи во Анталија, од 20.…
Играчот од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи, кој не е во плановите на тренерот Алегри, ја одби понудата на Барнли. 31-годишниот репрезентативец на Велс сака да се врати во Премиер лигата, но во некој поамбициозен клуб. Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал се поврзуваше и со можен трансфер во Њукасл, но од тоа засега нема ништо. Ремзи оваа сезона одигра само 3 натпревари.
Дефанзивецот Самјуел Умтити се согласи да ја напушти Барселона во јануарскиот преоден рок и да замине на позајмица до крајот на сезоната без опција за откуп. 28-годишниот Французин сака да бид ево форма и да се бори за место во француската репрезентација во пресрет на Светското првенство во Катар оваа година. Приоритет на Умтити е клуб кој учествува во европските натпреварувања, по можност од Премиер лигата или Серија А. Дефанзивецот одигра само еден натпревар оваа сезона во дресот на каталонците.
Њукасл се договорил со Атлетико Мадрид за трансферот на Киран Трипие, информира Би-би-си. Зделката е вредна 12 милиони фунти (околу 14,4 милиони евра). Покрај тоа, платата на англискиот репрезентативец ќе биде највисока во „Сент Џејмс Парк“ – 100 илјади фунти неделно. 31-годишниот Трипие е тинејџер во Манчестер Сити, но се прослави во Барнли и Тотенхем пред да се пресели во Атлетико Мадрид. За репрезентацијата на Англија има 35 натпревари и еден гол. Сопствениците на Њукасл се надеваат дека ќе направат уште најмалку три значајни трансфери во јануари, бидејќи сакаат тимот да го задржи својот елитен статус во Премиер лигата.
Лионел Меси излезе од карантин и отпатува за Париз доцна синоќа. Оваа информација доаѓа од аргентинското издание на весникот Ole, каде што објавија дури и фотографија од аеродромот. Меси имал негативен тест на Ковид-19 и затоа добил дозвола што поскоро да се врати во француската престолнина. Со чартер патувал со целото семејство – сопругата Антонела и трите сина – Тијаго, Матео и Чиро. Напаѓачот беше во изолација во родниот град Розарио од 28 декември.
