Екипата на Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, тврди новинарот Рубен Урија. Феликс пристигна во „Ванда Метрополитано“ летото 2019 година за рекордни 120 милиони евра, но никогаш досега не успеа да го достигне својот целосен потенцијал. Поранешниот играч на Бенфика никогаш не одговори на профилот на играч кој тренерот Диего Симеоне сака да го има. 22-годишниот Португалец има речиси 100 натпревари за „јорганџиите“, постигнувајќи само 22 гола, од кои само три оваа сезона. Поради оваа причина, Барселона може да му даде излез на Феликс. Каталонците се во потрага по нов централен напаѓач, бидејќи Ерлинг Халанд од…
Author: saso
Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во осминафиналето на Австралија опен во Мелбурн, откако денеска го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп со 6:4, 6:4, 6:2. Минатогодишниот финалист во осминафиналето ќе игра против 70. тенисер во светот, Американецот Максим Креси, кој беше подобар од Австралиецот Крис О’Конел со 6:2, 6:7, 6:3, 6:2. Гркот Стефанос Циципас, четвртиот тенисер во светот, се пласираше во осминафиналето откако беше подобар од Французинот Беноа Пер со 6:3, 7:5, 6:7, 6:4. Следен противник ќе му биде Американецот Тејлор Фриц. Пласман во осминафиналето обезбеди и деветтиот на АТП листата, Канаѓанецот Феликс Ожер-Алиасим, кој славеше против Британецот Даниел…
Македонската ракометна репрезентација вечерва (20.30 ч.) ќе го одигра и последниот меч на ЕП во Унгарија. По поразите од Словенија и Црна Гора, избраниците на Кире Лазаров вечерва пред себе ја имаат моќната Данска која е апсолутен фаворит на мечот. Македонија ќе се обиде чесно да го заврши настапот на првенството. По поразот од Црна Гора најважно е со кренати глави да го напуштиме Дебрецин. Данците беа со нас во иста квалификациска група за ова ЕП. На првиот меч во Скопје успеавме да ги победиме, но на реваншот загубивме убедливо. Утрово станаа познати и судиите кои ќе ја делат правдата…
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал лесно се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако на првиот ден на првиот Грен Слем годинава го совлада Американецот Маркос Жирон со 6:1, 6:4, 6:2. Во моментов шестиот тенисер во светот цели кон рекордната 21. Грен слем титула, а работата уште повеќе му е олеснета откако деветкратниот шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, вчера беше депортиран од Австралија, откако му беше одбиена жалбата за визниот режим. На стартот на турнирот, победа и за седмиот носител, Италијанецот Матео Беретини, кој го победи Американецот Брендон Накашима со 4:6, 6:2, 7:6, 6:3. Пласман во следното коло обезбедија…
Раководството на Барселона ја разгледува можноста да го раскине договорот со Дембеле. Договорот е активен уште шест месеци, а во овој случај, Барса ќе ја спаси платата на Французинот, почнувајќи од 1 февруари. Сепак, за ова е потребна согласност од Дембеле. Доколку Барса го раскине договорот без согласност, тогаш Усман ќе има можност да оди на суд. Забележано е дека главниот тренер на Барса, Чави, нема намера да се откаже од Французинот во преостанатите натпревари од сезоната, па тоа е уште една причина плус за Лапорта и неговите соработници добро да размислат за следните чекори.
Шпанскиот гигант Реал Мадрид конечно се откажа од борбата за потписот на напаѓачот Ерлинг Халанд. Наместо тоа, „кралскиот клуб“ сите сили ќе ги насочи кон привлекување на уште една голема ѕвезда на светскиот фудбал – Килијан Мбапе. Како што е познато, францускиот репрезенттаивец на лето може да го напушти ПСЖ како слободен фудбалер, бидејќи тој се уште нема потпишано нов договор со парижани. Една од причините за одбивањето на Реал да наддава за Халанд е агентот на играчот. Како што е познато, норвешкиот репрезентативец е клиент на Мино Раиола, кој е во лоши односи со претседателот на шпанскиот гигант Флорентино…
Бразилски Атлетико Минеиро најави заминување на напаѓачот Диего Коста. Бразилецот со шпански пасош имаше договор со бразилскиот клуб до 31 декември 2022 година, но истиот синоќа беше раскинат на иницијатива на 33-годишниот фудбалер. Дел од медиумите во Бразил тоа го протолкуваа како веќе договорен трансфер на Коста во Англија. Имено, се зборува дека Коста кој му се приклучи на бразилскиот клуб во август 2021 година веќе си договорил трансфер во Премиер лигата и тоа во екипата на Арсенал. На 19 натпревари за Атлетико Минеиро во сите натпреварувања, тој постигна 5 гола, со што стана шампион на Бразил и освојувач на…
Играчот од средниот ред на Реал (М), Лука Модриќ, синоќа беше прогласен за најдобар играч во финалето на шпанскиот Суперкуп. Хрватот го постигна првиот гол во победата (2:0) над екипата на Атлетик Б. со која Реал дојде до 12-от трофеј во ова натпреварување и стигна на само чекор до рекордот на Барселона (13). 36-годишниот Хрват го постигна победничкиот гол и исто така постави рекорд, со тоа што стана најстариот голгетер во историјата на турнирот.
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, кој беше позитивен на коронавирусот пред заминувањето на тимот за Унгарија, во меѓувреме направил неколку антигени и еден ПЦР тест и сите се негативни. Сега останува ЕХФ да го решава случајот бидејќи според условите, играчот веќе не е опасност за ширење на вирусот. Ако ЕХФ ми даде дозвола, Митревски би требало да им се приклучи на соиграчите во репрезентацијата веќе за саботниот дуел со Црна Гора.
Македонската ракометна репрезентација денеска го почнува настапот на ЕП. Жарко Пешевски е еден од нашите ракометари кои најдоцна се приклучија на подготовките за ова Европско првенство, но и тој смета дека Македонија е подготвена да влезе во „костец“ со секој ривал на ова ЕП. „За нас секој натпревар почнувајќи од Словенија е важен. Одиме чекор по чекор, имаме наш систем, негуваме наша игра и ќе се држиме до планот. Јас сум еден од тие кои последни се приклучија во селекцијата. Најдов мотивирана екипа, желна за борба и мислам дека живееме за тој прв меч на ова ЕП. Со надеж и…
