Екипата на Њукасл е на чекор до третото ново засилување. „Страчките“ ќе потпишат договор со играчот од средниот ред на Олимпик Лион, Бруно Гимараеш. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо на Твитер напиша дека клубот испратил свои преставници во Бразил, поточно во Бело Хоризонте, за играчот од средниот ред да ги помине медицинските тестови. Моментално Бруно е со репрезентацијата на Бразил за светските квалификации. Висината на трансферот се очекува да биде околу 48 милиони евра.
Author: saso
Петтиот светски рекет Рафаел Надал го победи Матео Беретини (6:3, 6:2, 3:6, 6:3) и по шестипат се пласираше во финалето на Австралија опен. Надал ќе го игра 29. Грен слем финале, и ќе се бори за 21. Грен слем титула. Шпанецот ја извојува 500-та победа и стана само четвртиот играч во Опен ерата кој победил на 500 натпревари на оваа подлога. Надал за титулата ќе игра со Даниил Медведев или Стефанос Циципас кои денеска го играат второто полуфинале.
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е многу блиску до враќање во Премиер лигата каде викендов ќе потпише договор со Брентфорд. „Дејли Мејл“ вели дека двете страни сакаат да постигнат договор пред затворањето на трансфер прозорецот следниот понеделник. 29-годишниот Ериксен тренира со резервниот тим на Ајакс во последните денови за да се врати во форма за неговото очекувано враќање во натпреварувачки ритам, а разговорите со „пчелите“ продолжуваат.
Крилниот напаѓач Адама Траоре денеска пристигнува во Барселона за да ги мине лекарските прегледи. Тој и официјално ќе биде ново засилување за Каталонците, откако ќе го заврши трансферот од Вулверхемптон како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. Според новинарот Фабрицио Романо, каталонскиот клуб го изнајмува играчот со опција за откуп за 30 милиони евра. Дополнително, Адама и Барса се договорија за 5-годишен привремен договор во случај „Блауграна“ да одлучи да го купи играчот во јуни.
Формула 1 и организаторите на трката за Големата награда на Сингапур најавија потпишување на нов договор. Новиот договор ќе биде со важност до 2028 година. Поради ограничувањата предизвикани од пандемијата со Ковид-19, Големата награда на Сингапур не се одржа ниту во 2020 ниту во 2021 година. Оваа сезона, Големата награда на Сингапур е закажана за 2 октомври.
Австралијката Ешли Барти е првата финалистка на Австралија опен. Тааво првото полуфинале денеска ја декласираше Медисон Кејс и САД со 6:1, 6:3. Барти е двократна Грен слем шампионка (Ролан Гарос 2019, Вимблдон 2021), а за трет трофе ќе се бори со подобриот од второто полуфинале меѓу Ига Свјатек и Даниел Колинс. Пред две години Барти играше во полуфиналето во Мелбурн, а сега стигна скалило погоре. Таа во досегашниот тек на турнирот нема загубено сет.
Манчестер Сити моментално го проучува потенцијалниот на напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала. Венсикот „Газета дело Спорт“ наведува дека Пеп Гвардиола е заинтересиран за Аргентинецот најмногу поради тоа што може да игра различни улоги на теренот. Сити ќе бидат подготвени даму дадат висока плата од над 10 милиони евра по сезона, доколку играчот прифати слободен трансфер. Иако Дибала никогаш немал намера да игра во Премиер лигата, Сити на Пеп е исклучок што тој би можел да биде подготвен да го направи по неуспешните преселби во Манчестер Јунајтед и Тотенхем во минатото.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков се сели во Украина. Украинскиот прволигаш Ворскла синоќа го објави потпишувањето на договор со дефанзивецот на нашата селекција. Договорот кој Зајков го потпиша со Ворскла е во период од две и пол години. Претходно Зајков го носеше дресот на Левски, со кој постигна спогодбен раскин на договорот.
Дефанзивецот Никлас Зуле е првиот фудбалер кој ќе го напушти актуелниотсостав на германскиот првак Баерн (М) по завршувањето на сезоната. Тој на лето заминува како слободен играч, откако не успеа да се договори за продолжување на соработката со извршниот директор на клубот Оливер Кан. „Му дадовме понуда, која тој не ја прифати. Фудбалерот го направи својот избор“, призна Кан. Баерн пред неколку години го донесе Зуле од Хофенхајм за 20 милиони евра.
Тотенхем е подготвен да достави официјална понуда за мароканскиот репрезентативец од екипата на Фиорентина Софијан Амрабат. Разговорите меѓу двата клуба се водат цела недела. Спарс се подготвени да го ангажираат 25-годишниот фудбалер со опција за купување од 16 милиони евра. Се зборува дека менаџерот на клубот Антонио Конте е голем фан на Амрабат и сака да го има во својот тим. Фудбалерот од средниот ред моментално е со репрезентацијата на Мароко на Африканскиот куп на нации.
