Author: saso

Дефанзивецот Никлас Зуле, кој на лето ќе го напушти Баерн, може да остане во германската Бундеслига. Според Sport1, 26-годишниот фудбалер може да се пресели во Борусија Дортмунд како слободен играч. Извршниот директор на Баерн, Оливер Кан, минатиот месец потврди дека клубот не можел да се договори за нов договор со Зуле. Претставниците на Борусија разговараат со дефанзивецот и има голема веројатност да постигнат договор. Борусија Дортмунд беше заинтересирана за него уште во 2016 година, кога играчот играше за Хофенхајм.

Read More

Некогаш еден од најдобрите млади фудбалери во Премиерлигата, Деле Али, го напушти Тотенхем. Синоќа по полноќ, од лондонскиот клуб ја потврдија веста за негово заминување и трансфер на „Гудисон Парк“ како едно од новите засилувања за Евертон. Деле Али по 6,5 години престој во Лондон се пресели кај „карамелите“ со договор на 2,5 години. За неговиот трансфер Евертон нема да плати ништо, иако тој имаше договор со Тотенхем до 2024 година.

Read More

Тони Симиќ повеќе не е тренер на КК Работнички. Легендата на клубот од „Градски Парк“ си поднел оставка која била прифатена од управата на клубот. Центарци имаат големи проблеми во оваа сезона и тоа од финансиски природа, странците веќе си заминаа, па на последниот лигашки меч Работнички доживеа вистински дебакл против Феникс. На таа средба Симиќ не беше на клупата поради здравствени проблеми. Останува да се види кој ќе биде следниот потег на Работнички и кој ќе биде наследникот на Симиќ кој ќе го води клубот до крајот на сезоната.

Read More

Поранешниот сопственик на Палермо, Маурицио Зампарини, почина денеска на 81-годишна возраст. Кон крајот на декември тој бил примен во болница поради перитонитис. Неколку дена подоцна Зампарини бил отпуштен, но тогаш неговата состојба се влошила и морало повторно да биде хоспитализиран. Пред да дојде во Палермо, Зампарини беше сопственик на Венеција, која ја спаси од банкрот и ја донесе во Серија А. Тој стана сопственик на Палермо во 2002 година, а под негово водство клубот стигна и до Серија А, а играше неколку пати во Купот на УЕФА. Во негово време дресот на сицилијанската гордост го носеа и нашите репрезентативци Илија…

Read More
NBA

Кошаркарите на Голден Стејт синоќа на гостувањето кај Хјустон славеа со 122:108. Стивен Кари го предводеше својот тим до шестата последователна победа со 40 поени, од кои дури 21 во последниот дел од средбата, а придодаде и девет асистенции и пет скока. Ендрју Вигинс со 23 поени беше втор поентер кај „воините“, кои со оваа победа остануваат втори на Западот. Оклахома на домашен терен го совлада Портланд со 98:81 и со тоа ја прекина серијата од седум последователни порази во НБА лигата. Филаделфија ја обезбеди петтата победа во низа на домашен терен, откако по продолжение против Мемфис славеше со 122:119.…

Read More

Петар Белистојаноски е избран за нов претседател на Карате федерацијата на Македонија. Белистојаноски ја доби довербата на делегатите на годишно Собрание на Карате федерацијата кое беше одржано викендов во Скопје. Во периодот до организирање на годишно Собрание, федерацијата како в.д. претседател ја водеше Драги Стојановски. Белистојаноски во последните години беше тренер и селектор во нашите репрезентативни селекции.

Read More

Барнли денеска го објави потпишувањето на договорот со холандскиот репрезентативец Вут Вегхорст од германски Волфсбург. Центарфорот потпишал договор на три и пол години, а сумата на трансферот е 12 милиони фунти. Вегхорст има 12 настапи за својата репрезентација, а постигна 59 гола во 118 натпревари во Бундеслигата во дресот на Волфсбург во изминатите три и пол сезони.

Read More

Шесткратниот освојувач на Грен Слем трофеи и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, го пофали настапот на Рафаел Надал на Австралија Опен . „Овој ден ќе влезе во историјата на тенисот. Надал пред две недели не беше меѓу главните фаворити, иако го освои АТП турнирот во Мелбурн. Но, пред тоа тој лечеше повреда шест месеци. Тој успеа да ги мине Федерер и Ѓоковиќ и не демантираше дека не е само крал од земја. Тој го има освоено секој Грен слем најмалку двапати. Тој е најуспешниот тенисер на сите времиња, тоа е непобитно“, вели Бекер.

Read More

На четири дена до почетокот на ЗОИ во Пекинг, кинеските власти утрово потврдија нови 28 случаи на инфекција со коронавирус поврзани со пристигнувањето на спортистите и спортските работници на Олимписките игри. Вчера биле направени вкупно 1.252 тестирања на лица кои доаѓаат на натпреварите. Осум случаи се поврзани со самите спортисти, додека останатите се поврзани со спортски персонал. Во саботата беа потврдени 34 случаи, а во петокот 35.

Read More

Уште едно одлично издание на Андреј Јакимовски и трета последователна победа на Вашингтон Стејт во американската колеџ-лига. Синоќа на домашен терен, „Кугарс“ славеа убедливо со 70:43 против екипата на Колорадо и ја запишаа 12-тата победа и се искачија на 5. место во Пацифик-12 конференцијата. Јакимовски повторно беше двоцифрен, со 14 реализирани поени, на кои додаде и 10 скока за „дабл-дабл“ ефект во победата на својот тим.

Read More