Author: saso

Легендарната Холанѓанка Ајрин Вист ја одбрани титулата олимписка победничка на трката на 1.500 метри во брзо лизгање откако денеска триумфираше на ЗОИ во Пекинг со резултат 1:53,28 минути, што е нов олимписки рекорд. Среброто, како и пред четири години во Пјонгчанг, го освои Јапонкатат Мијо Такаги, а бронзата и припадна на уште една Холанѓанка, 26-годишната Антоанета Де Јонг. За Ајрин Вист ова беше шеста олимписка титула на пет различни игри, а трета на трката на 1.500 метри.

Read More

Интер и голманот Самир Хандановиќ преговараат за продолжување на договорот кој истекува ова лето, а според последните информации двете страни се многу блиску до договор. Новата соработка ќе биде за само една година до јуни 2023 година, а словенечкиот голман е подготвен да прифати и намалување на платата за да остане во италијанскиот клуб. 37-годишниот Хандановиќ е капитен на тимот. Тој игра за Интер од летото 2012 година, кога се пресели од Удинезе за 15 милиони евра. Оваа сезона тој учествуваше на 23 натпревари во италијанската Серија А, на кои прими 19 гола и заврши 10 меча со празна мрежа.

Read More

Русија го освои екипното злато во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг, а Камила Валиева е првата жена што направи четирикратен скок на олимпиското натпреварување. Русите триумфираа пред големите конкуренти од САД кои на крајот го освоија среброто. Третото место и бронзените недали отидоа на градите на натпреварувачите од Јапонија. Русите го обезбедија златото уште пред слободна програма за жени, но 15-годишната сензација Валиева го одбележа натпреварувањето со голем стил. Таа направи два четирикратни скока пред да падне во третото изведување, но сепак го освои првото место со резултат 178,92 пред Јапонката Каори Сакамото (148,66) и третопласираната Канаѓанка…

Read More

Швеѓанката Сара Хектор триумфираше во велеслаломската трка на Олимписките игри во Пекинг. Шампионката од Пјонгчанг, Микаела Шифрин остана без пласман, бидејќи падна при првото возење. Хектор славеше со вкупен резултат 1:55,69. Беше одлична во првото возење во кое имаше најдобар резултат. Во второто имаше беше осма, но успеа да ја задржи лидерската позиција и да го освои златото. Среброто го освои Италијанката Федерика Брињоне, а на подиумот се најде и Швајцарката Лара Гут Бехрами.

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не го смета својот тим во листата на кандидати за титулата во Серија А, и покрај победата над Верона (2:0) и првиот пласман сезонава во Топ 4. „Скудетото ќе се решава меѓу Интер, Милан и Наполи, засега ние сме надвор од борбата. Што се однесува до влезот во Лигата на шампионите, тука сè уште се е можно. Мора да одиме чекор по чекор. Аталанта има натпревар помалку и ќе се соочиме со нив в недела. Овие три екипи се во конкуренција за Скудетото. За жал ни недостасуваат четири бода кои би ни овозможиле да се…

Read More

Швајцарскиот скијач Беат Фојц е новиот олимписки шампион во спуст на Зимските олимписки игри во Пекинг. 34-годишниот Швајцарец беше најбрз на патеката Јанкинг, оставајќи го зад себе многу поискусниот 41-годишен Французин Јохан Клери и Австриецот Матијас Мајер. Трката, која беше откажана во неделата поради ветерот, овојпат се одвиваше во многу добри услови, со сончева патека без никаков ветер, а Фојц најдобро ги искористи тие услови и славеше четири дена пред својот 35-ти роденден. Швајцарецот беше сребрен во Супер-Џи трката и бронзен во спуст во Јужна Кореја пред четири години. Фојц зад себе има титула во Светскиот куп во 2017 година,…

Read More

Камерунскиот напаѓач Винсент Абубакар ја доби наградата за најдобар стрелец на Африканскиот куп на нации. Напаѓачот на домашната репрезентација турнирот го зарши со 8 гола. Во натпреварот за третото место, репрезентацијата на Камерун го совлада Буркина Фасо во пенал рулетот, а токму 30-годишниот Абубакар постигна два гола за неверојатен кам-бек на неговиот тим. Во својата досегашна кариера во дресот на Камерун, Абубакар има 33 гола и шест асистенции на 82 натпревари.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на француски Лион и некогашен првотимец на Ливерпул, Џердан Шаќири кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата. Според инсајдерот Фабрицио Романо, Чикаго ќе плати 7 милиони евра за трансферот на 30-годишниот фудбалер,а  условите за личниот договор со играчот се веќе договорени. Се е подготвено за потпис на документите. Оваа сезона Шаќири одигра 11 натпревари во Лига 1 и постигна два гола.

Read More

Швеѓанецот Нилс ван дер Пул го освои златото во брзо лизгање на 5000 метри на Олимписките игри во Пекинг, Кина. Утрово тој со време 6 минути 8,84 секунди, успеа да го собори претходно поставениот олимписки рекорд и да се искачи на највисокото место на победничкиот подиум. Среброто го освои репрезентативецот на Холандија Патрик Руст (+0,47), додека бронзениот медал му припадна на Норвежанецот Халгеир Енгебротен (+1,04).

Read More

Манчестер Сити има намера да потпише нов договор со играчот од средниот ред Фил Фоден до 2027 година. Соодветните преговори меѓу „Граѓаните“ и 21-годишниот англиски репрезентативец се во напредна фаза, тврди новинарот Николо Шира. Актуелниот Фоден договор е до јуни 2024 година. Сити исто така е подготвен да започне преговори со играчот од средниот ред Родри за продолжување на договорот од 2024 до 2027 година.

Read More