Легендарната Холанѓанка Ајрин Вист ја одбрани титулата олимписка победничка на трката на 1.500 метри во брзо лизгање откако денеска триумфираше на ЗОИ во Пекинг со резултат 1:53,28 минути, што е нов олимписки рекорд.
Среброто, како и пред четири години во Пјонгчанг, го освои Јапонкатат Мијо Такаги, а бронзата и припадна на уште една Холанѓанка, 26-годишната Антоанета Де Јонг.
За Ајрин Вист ова беше шеста олимписка титула на пет различни игри, а трета на трката на 1.500 метри.