Швеѓанецот Нилс ван дер Пул го освои златото во брзо лизгање на 5000 метри на Олимписките игри во Пекинг, Кина. Утрово тој со време 6 минути 8,84 секунди, успеа да го собори претходно поставениот олимписки рекорд и да се искачи на највисокото место на победничкиот подиум.
Среброто го освои репрезентативецот на Холандија Патрик Руст (+0,47), додека бронзениот медал му припадна на Норвежанецот Халгеир Енгебротен (+1,04).