Еден од најтрофејните европски кошаркарски состави, Макаби Тел Авив е во преговори за нов тренер на тимот следната сезона. Според информациите од Израел, Макаби во моментов е најзагреан за тренерот на Баерн (М), Италијанецот Андреа Тринкери. Макаби ќе се обиде да преговара со тренерот на Баерн веднаш штом заврши сезоната. Италијанецот има договор со минхенскиот тим до 2023. Оваа недела Макаби го отпушти главниот тренер Јанис Сферопулос.
Author: saso
Швајцарската скијачка Мишел Гисин го освои златото во алпска комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа триумфираше пред својата сонародничка Венди Холденер. За Гисин ова е втор медал на овие ЗОИ, откако веќе беше бронзена на трката во Супер-Џи. Третото место и бронзениот медал денеска го освои Италијанката Федерика Брињоне. Двократната олимписка шампионка Американката Микаела Шифрин не успеа да ја заврши слаломската трка.
Женската хокеарска репрезентација на Канада е нов олимписки шампион. Канаѓанките им се реваншираа на Американките за поразот од пред четири години на Игрите во Пјонгчанг и сега успеаја да се закитат со златото. Утрово во голема борба, Канада славеше со 3:2, а клучна се чини беше првата третина кога Канаѓанките направија предност од 2:0. Два гола за новите олимписки шампионки постигна Мари-Филип Пулен, а третиот беше дело на Сара Нурс. Хилари Најт и Аманда Кесел ги постигнаа головите за САД.
Словачкиот дефанзивец од екипата на Интер, Милан Шкрињар изрази жалење за поразот од Ливерпул со 2:0 во првото 1/8-финале од Лигата на шампионите. Според него, „нероаѕурите“ доминирале над противникот во некои аспекти, но искуството на англискиот тим на крајот пресудило. „Малите детали играат клучна улога во Лигата на шампионите. Создадовме доволно ситуации, но не ги реализиравме. Доминиравме во некои аспекти, но немавме корист. Сличен беше и нашиот натпревар со Реал Мадрид. Кога не ги користиш позициите, таквите тимови те казнуваат буквално во првата прилика. Но, јас сум среќен бидејќи покажавме дека можеме да играме на исто ниво со тимови како…
Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар најверојатно ќе може да учествува во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид . Според RMC Sport, Бразилецот треба да биде вклучен во составот на ПСЖ за натпреварот против Реал Мадрид. Во саботата напаѓачот добро тренираше, а денеска треба да работи со сите фудбалери на редовниот тренинг.
Норвешката биатлонка Марта Олсбу Ројзеланд во четвртиот настап на Зимските олимписки игри стигна до четвртиот медал, а третото злато со убедливата победа на трката на 10 километри. Олимписката победничка во спринт, со уште една одлична тркачка и стрелачка изведба, ги остави натпреварувачките без изгледи во борбата за третото злато, а вкупно шести олимписки медал за неа. Елвира Оеберг успеа да го одбрани среброто од спринтот, а заостана една минута и 36,5 секунди зад победничката. Драматична беше битката за бронзата, која до последниот километар убедливо ја држеше Норвежанката Ингрид Тандреволд, а потоа доживеа физички колапс и едвај стигна до целта, но…
Руската штафета 4х10 километри победи на денешната трка во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Русите имаа извонредна трка уште од првата промена, каде Алексеј Червоткин создаде предност од 12 секунди, а Александар Бољшунов, кој го освои второто злато во Пекинг, само ја зголеми таа предност во втората замена. Во последната замена Русинот Сергеј Устиугов влезе со преку 50 секунди пред Норвежанецот Јоханес Клаеб и на крајот ја одржа предноста за руско злато. Норвежаните завршија како втори, додека бронзата им припадна на Французите.
Најдобриот светски велеслаломист, 24-годишниот Швајцарец Марко Одермат го освои својот прв олимписки златен медал на патеката „Ис Ривер“ во Јанкинг. Во многу тешки, снежни услови, Одермат успеа да го оправда статусот најголем фаворит пред натпреварувањето, бидејќи најдобро се снајде во тешки услови во првото возење, а потоа во второто успеа да биде доволно брз да ја одбрани предноста што ја имаше од првиот настап пред Словенецот Жан Крањец кој брилјираше и освои сребрен медал. Крањец беше за 59 стотинки побрз од Одермат во второто возење, но заостана 78 стотинки зад Швајцарецот по првото возење. Третото место му припадна на Французинот…
Навивач на Палмеирас бил убиен пред стадионот на клубот во саботата поради улични немири предизвикани од поразот од Челзи во финалето на Светското клупско првенство во Абу Даби. Полицискиот истражител на Сао Паоло, Цезар Саад, пред новинарите изјави дека осомничениот за престрелката е уапсен. Тој додаде дека уште 15 навивачи биле повредени во судирите со полицијата или во меѓусебни тепачки.
Иднината на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио останува неизвесна. Според „Марка“, Реал Мадрид се уште не одлучил дали сака да му понуди нов договор на Шпанецот. Неговиот актуелен договор истекува во летото 2023 година. Раководството на „кралскиот клуб“ на почетокот на сезоната размислуваше да го продаде, но Асенсио се враќа во форма и сега ситуацијата ги стави првите луѓе на клубот во размислување. Засега се уште нема конечна одлука. 26-годишниот крилен напаѓач оваа сезона забележа 25 настапи за Реал Мадрид во сите натпреварувања и постигна 8 гола.
