Author: saso

Манчестер Јунајтед по се изгледа го стави тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг на врвот на листата на потенцијални кандидати за местото менаџер на клубот следната сезона. Англискиот клуб веќе влегол во контакт со тренерот на Ајакс. Клубот направи анализа на ситуацијата во која сега се наоѓа Тен Хаг и е решен нему прв да му понуди можност да го преземе клубот во јуни. Претходно беше објавено дека Тен Хаг навистина сака да го води Манчестер Јунајтед, но најпрво сака добро да го научи англискиот јазик.

Read More
NBA

Центарот ДеАндре Џордан кој пред само неколку дена го заврши престојот во ЛА Лејкерс, ќе ја продолжи својата кариера во Филаделфија, објави инсајдерот на Атлетик, Шамс Шаранија. Џордан за тимот од Лос Анџелес одигра 32 натпревари, со просек од 4,1 поен и 5,4 скока за 12,8 минути. Тој веројатно ќе биде регистриран на местото на центарот Вили Коли-Стајн, кој играше за 76-те со 10-дневен договор.

Read More

Поради обилните снежни врнежи кои ја зафатија Македонија синоќа, еден од денешните планирани мечеви во новото коло од ПМФЛ нема да се одигра. Станува збор за дуелот во Битола меѓу Пелистер и Ренова кој е одложен поради тоа што нема услови на теренот на стадионот во Битола. Овој меч од 21. коло како и останатите беше планиран денеска во 14 часот. Во текот на денот Пелистер треба да се изјаснат дали ќе може да го оспособат теренот за утре или пак ќе пријават некој друг стадион за мечот со Ренова.

Read More

Поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Џеси Марш, наскоро може да седне на клупата на наглискиот премиерлигаш Лидс Ј. Според информациите во Англија, актуелниот тренер на Лидс Ј., Марсело Биелса ќе добие отказ. Англискиот клуб му понудил на Марш двегодишен договор. 48-годишниот Американец замина од РБ Лајпциг во декември и засега е без ангажман. По 26 натпревари, Лидс е на  16. место на табелата  во Премиер лигата, а загуби 4 натпревари по ред со вкупна гол-разлика 2:17.

Read More

Ненад Димитријевиќ повторно е дел од националниот тим. Тој не ги одигра првите три натпревари од овие квалификации за пласман на Светскиот Куп 2023 година, но сега е подготвен да му помогне на тимот да дојдеме до првиот успех. „Претходните два-три дена правев третмани, се чувствувам многу подобро и подготвен сум да ѝ помогнам на репрезентацијата на натпреварот со Грузија“. Нашиот организатор на играта очекува малку поразличне натпревар од оној пред неколку дена во Тбилиси: „Мислам дека ќе биде различен меч од оној во Тбилиси. Играме дома, еве и јас можам да помогнам и се надевам на тотално поинаков развој…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (20 часот) на домашен терен ја пречекува Грузија во реванш мечот од првата квалификациска фаза за место на Светското првенство 2023 година. За разлика од првиот еч во Тбилиси, на оваа средба во составот на „црвено-жолтите ќе се врати Ненад Димитријевиќ, а со него и Андреј Магдевски, кои поради повреди не отпатуваа за Тбилиси. Ново име ќе биде и Андреј Андоноски. За пресметката со Грузија во Скопје отпаднаа Андреј Маслинко и Андреј Митревски, кои се повредија токму во Тбилиси. На клупата ќе го нема Драган Бајиќ, кој е позитивен на Ковид-19. Селекцијата и на денешниот меч…

Read More

Една од првите ѕвезди на ЛА Лејкерс, Ентони Дејвис, најверојатно ќе пропушти уште 4-5 недели поради истегнувањето на десниот зглоб. По петочниот пораз од ЛА Клиперс, Лејкерси имаат скор од 27 победи и  32 порази и се најдоа на 9-тото место во Западната конференција. Дејвис се повреди во првото полувреме на мечот со Јута минатата среда.

Read More

Барселона е заинтересирана за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. Според новинарот на Catalunya Ràdio, Рикар Торкемада, главниот тренер на Барса, Чави, сака да го види Кулибали во тимот. Договорот на играчот со Наполи истекува во летото 2023 година. Барселона ќе може да го ангажира само доколку наполитанскиот клуб е подготвен да го продаде играчот по цена прифатлива за Каталонците.

Read More

Роман Абрамович, сепак, ќе остане сопственик на Челзи. Според новинарот Фабрицио Романо, Абрамович ќе биде сопственик на Челзи и покрај најавата за заминување од Лондон. Директорот Марина Грановскаја и Петр Чех ќе се справат со сите аспекти од работата на клубот, вклучително и потпишување на нови договори, трансфери и слично, додека трае кризата во Украина. Абрамович го предаде управувањето на Челзи на добротворната фондација со цел да го заштити клубот, неговото раководство, но и играчите.

Read More

Менаџерот на Евертон, Френк Лампард беше лут на ВАР судијата за спорната ситуација на крајот на последниот меч против Манчестер Сити, откако судијата не покажа на белата точка. „Имам 3-годишна ќерка која може да ви каже дека е пенал“, рече Лампард. „Изгубивме бод поради професионалец кој не може да си ја заврши работата. Виновникот е Крис Кавана од ВАР. Во најдобар случај, зборуваме за недостаток на компетентност од негова страна. И што е тоа во најлош случај? За време на натпреварот главниот судија Пол Тиерни изјави дека прво не ја гледал ситуацијата, поради што ВАР го гледал минута и пол.…

Read More