МОК информира дека по извршената комуникација и координација со Скијачката федерација на Македонија (СФМ), на ЕЗМОФ ВУОКАТИ 2022, кој ќе се одржи во периодот 20-25 Март 2022 година, СФМ ги потврди следните млади спортисти кои ќе учествуват на овие игри: – Мирко Лазаревски (алпско скијање) – тренер Антонио Ристевски – Михаела Даноска (Крос кантри/Биатлон) – тренер Ѓоко Динески На овие игри, на предлог на Федерацијата за лизгачки спортови, за прв пат ќе настапи и најдобрата млада спортистка во уметничко лизгање, а тоа е: – Јана Куковска (уметничко лизгање) – тренер Даниела Стоева. Мирко Лазаревски и Михаела Даноска беа Олимписки стипендисти…
Author: saso
Изминатиот викенд се одржаа првото Државно Првенство за 2022 година во пинг-понг. Првенството за кадети/ки помлади од 15 години се одржа во Струмица, а на него настапија околу 40 играчи. Кај момчињата во тесна борба титулата му припадна на Лука Стојчев член на екипата ППК Шампион Фа од Штип. Втор заврши Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, додека третото место го поделија Андреј Стојановски од ППК Крива Паланка и Лука Дворник од ППК Рисови. Кај девојките изненади малата Фани Јовановска од ППК Крушево која со само 13 години ја освои државната титула. Втора беше Изабела Ковачовска од ППК Берово, а…
Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, забележа 46 поени, 12 скока, 11 асистенции, 3 украдени топки и 4 блокади на синоќешниот меч против Њу Орлеанс и стана само вториот играч во историјата на НБА, по Вилт Чембрлен, кој забележал трипл-дабл од 45 поени со 70% шут од поле (16 од 22 од поле). Во четвртата четвртина и продолжението Јокиќ постигна вкупно 30 поени. По 64 натпревари, Денвер е шести во западната конференција со 38 победи и 26 порази, а Јокиќ и оваа година е главен претендент за признанието МВП на сеозната.
ФИФА побара од мексиканските фудбалски власти најостри казни за предизвикувачите на големите нереди на мечот од 9. коло на мексиканското првенство меѓу Керетаро и Атлас. Средбата беше прекината во 62. минута поради масовен судир на навивачите. Државната полиција од Керетаро извести за 22 повредени и двајца хоспитализирани во критична состојба. Подоцна во медиумите се појавија информации за 17 загинати. „ФИФА е шокирана од трагичниот инцидент што се случи на стадионот Корегидора во Керетаро за време на натпреварот од првенството на Мексико. Насилството е неприфатливо и неподносливо. ФИФА и се придружува на Мексиканската фудбалска асоцијација и на КОНКАКАФ во осудата на…
Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, по слабото издание на тимот и синоќешниот пораз кај Бостон Селтикс изјави дека се уште верува во тимот. Бруклин загуби 17 од последните 20 натпревари и се најде на 9. место на табелата во конференцијата. „Загриженост, возбуда, овие зборови сега лесно се кажуваат. Лесно е да се изрази вознемиреност и грижа, лесно е да се лутиш и нервираш. Прилично е лесно да се падне во сето ова. Можеме да почнеме да покажуваме еден на друг, да се обвинуваме, да се расправаме за резултатите или само да играме. Наскоро ќе има уште еден натпревар. До…
Австрискиот тенисер Доминик Тим нема да се појави на Мастерсот во Индијан Велс и оној во Мајами. Австриецот на тој начин го одложи враќањето на теренот по операцијата што ја имаше минатата година и планира да игра само на турнири на земјена подлога. Иако пред неколку дена изјави дека закрепнувањето му оди според планот, од тимот сега велат дека тој не е доволно подготвен да се врати на натпревари. „Имав навистина добри тренинзи. Зглобот е совршено во ред, раката се подобрува, но сепак решив да се откажам од Индијан Велс и Мајами и да започнам на земјена подлога. Тоа ќе…
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли и по синоќешната победа на „росонерите“ од 1:0 против Наполи, смета дека нивниот градски ривал е прв фаворит за Скудетото. . Милан се најде на врвот на табелата во Серија А, пред Интер кој има два бода со натпревар помалку. „Тоа беше натпревар меѓу конкуренти, ние сме среќни, но ништо, всушност, не се промени. Имаме само еден бод повеќе, така што има уште многу работа. Интер и понатаму е фаворит бидејќи е бранител на титулата и има натпревар помалку. Имаат многу силен тим. Колку побрзо добиеме табела каде што сите тимови имаат ист број на…
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри потврди дека сезоната за американскиот играч за врска Вестон Мекени е завршена. Како што е познато, 23-годишниот играч од средниот ред заработи скршеница на ногата во осминафиналето од Лигата на шампионите против Виљареал. „Вестон ќе се врати да игра следната сезона. За него оваа е завршена“, изјави Алегри по победата од 1-0 над Специја.
Голманот на Манчестер Ј., Давид Де Хеа објави порака по поразот од Манчестер Сити со 4-1. Шпанецот е разочаран од новиот пораз во градското дерби, но пораче дека Јунајтед еден ден ќе се врати таму каде што припаѓа. „Еден ден ќе го вратиме овој клуб таму каде што припаѓа. Денеска беше уште еден лош момент во тешката сезона, но сепак треба да го браниме овој дрес.Нема да се предадеме“, напиша голманот на Манчестер Јунајтед.
Европското првенство во фудбал во 2028 година најверојатно ќе се одржи во Велика Британија и Ирска. Фудбалските сојузи на Англија, Северна Ирска, Велс, Шкотска и Ирска поднесоа заедничка апликација пред еден месец и, очигледно, ќе победат без противници. Според весникот Дејли меил, Турција ќе ја повлече својата апликација затоа што загуби на два претходни избори за Евро 2016 и Евро 2024. Дејли Мејл, исто така, верува дека Русија нема да се квалификува за домаќин на Евро 2028, бидејќи земјата е суспендирана од турнирите на ФИФА и УЕФА. Краен рок за поднесување апликации за домаќин на завршниот турнир е 23…
