Роман Абрамович и официјално е санкциониран од владата на Обединетото кралство како дел од обидите за сузбивање на богатите руски олигарси со имот во земјата. Сопственикот на Челзи е еден од седумте други руски олигарси против кои владата воведува санкции. Имотот на Абрамович е замрзнат, што значи дека му е забрането да работи со поединци и компании во ОК. Забраната за патување останува на сила. За среќа на навивачите на „сините“, Челзи се уште може да продолжи со фудбалските активности со посебна дозвола, но во пракса продажбата на клубот е замрзната. Клубот ќе продолжи да исплаќа плати на играчите, но…
Author: saso
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо тренира индивидуално пред натпреварот од 29. коло на Премиер лигата со Тотенхем, објави официјалниот сајт на клубот. 37-годишниот Португалец, кој поради повреда го пропушти натпреварот од 28. коло со Манчестер Сити (1:4), работи на брзо закрепнување. Дефанзивецот Рафаел Варан, кој го пропушти дербито со Сити поради коронавирусот, почна да тренира, а се врати и напаѓачот Единсон Кавани, откако нема играно од 8 февруари поради повреда.
Каратистите од Русија и Белорусија добија забрана за учество на турнири под покровителство на Светската карате федерација. Причината е воениот конфликт во Украина, а по кој скоро сите светски спортски федерации го послушаа советот на ИОК за суспензија на руските и белоруските спортисти. „Нашето семејство е обединето и солидарно со сите погодени од овие страшни настани. Нашата цел е да ја заштитиме нашата заедница додека ги зачувуваме вредностите на почит, интегритет и чест“, рече Антонио Еспиноз.
По синоќешниот пораз од Реал (М) и елиминацијата во осминафиналето на ЛШ, преставниците на ПСЖ им се нафрлиле на судиите предводени од холандскиот арбитар Дани Макели. Според некои од водечките светски медиуми, сопственикот на клубот, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Леонардо по натпреварот отишле во соблекувалните да се пресметаат со судиите, но по многу дискусија и закани, обезбедувањето успеало да ги спречи да направат поголем инцидент. За ПСЖ ова е уште еден удар и сезона во која ќе останат без трофеј во Лигата на шампионите, без разлика на огромните пари што ги вложуваат во клубот.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра и на следните два Мастерс турнири. Тој денеска нема да стартува на Мастерсот во Индијан Велс, а потоа ќе го нема и на оној на Флорида во Мајами, два турнири на кои имаше многу успех во минатото. Ѓоковиќ нема да може да освои голем број бодови, што ќе се одрази на неговиот скор на АТП листата, додека конкурентите од врвот имаат можност да се оддалечат од него или да му се доближат. Најавите велат дека Новак повторно ќе почне да игра во април на Мастерсот во Монте Карло.
Кошаркарите на Феникс се првата екипа која обезбеди пласман во плеј-офот со победата од 111:90 против Мајами. Девин Букер се врати по пауза од четири натпревари поради болест и беше најефикасен во победничкиот тим со 23 поени, девет асистенции и осум скока. Мајкл Бриџис додаде 21 поен и девет скока, а Деандре Итон 19 поени и 10 скока. Феникс е најдобриот тим во лигата со 53 победи и 13 порази и е првиот учесник во овогодинешниот плеј-оф. Санс ги победија сите 29 противнички тимови оваа сезона, за првпат од сезоната 2006/2007.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не ја криеше радоста по победата над ПСЖ со 3:1 и пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Одигравме многу тежок натпревар. По голот на Мбапе стана исклучително тешко. Се обидовме да извршиме висок притисок, како што правиме на тренинзите. Така падна првиот гол. Навивачите почнаа да не туркаат напред и ние создававме повеќе ситуации. Среќни сме“, изјави Анчелоти. „Израмнувачкиот гол промени се. Бензема го израдува цел Мадрид“, додаде Анчелоти, восхитен од настапот на Французинот.
Ракометарите на Вардар синоќа со победа го потврдија петтото место во групната фаза од ЛШ. Тренер Давид Дејвис од своето доаѓање на клупата на македонскиот првак нема пораз во Лигата на шампиони. По мечот, тој го искажа своетоз адоволство од победата. „Честитики до ривалите за добрата сезона, како и до моите играчи. Задоволен сум од трите победи во низа, работевме многу. Сакав тимот да победи иако веќе го имавме обезбедено петото место. Моравме да се адаптираме, ја сменивме одбраната кога имавме негатива од три гола. Томовски беше одличен во завршницата и крилата пресекоа многу топки, сите покажаа желба за победа.…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја остварија целта и високо го поразија грчки АЕК со 30:19 во последното коло од групната фаза во ЕХФ Европската лига. Во пеколната атмосфера во Битола, „зелените“ со втората победа во меѓусебните пресметки со грчкиот ривал, го потврдија второто место во групата. Осминафинален ривал за Еурофарм Пелистер ќе биде хрватскиот вицепрвак Нексе. Натпреварите ќе се играат 29 март во Хрватска, а реваншот е на 5 април во Битола. Вечерва на дуелот во салата „Боро Чурлевски“, одличен кај домашните беше Стипе Мандалиниќ кој даде седум гола, а Рајнер Табоада имаше шест. На голот на битолчани фантастичен беше…
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари за бараж мечот против Романија за место на СП 2023 година. Првата средба се игра во Скопје на 17. овој месец, додека два дена подоцна е закажан реваншот, кој се игра во Букурешт. Доколку Македонија го добие овој бараж со Романија, последна пречка до нов Мундуал ќе биде Чешка.
