Author: saso

Бруно Фернандеш имал позитивен Ковид-19 тест и може да го пропушти реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Според информациите од Англија кои ги потврди и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, Португалецот се уште чека негативен тест. Лук Шо и Скот Мектоминај го пропуштија мечот во саботата, но се во план за настап против Атлетико. „Се надевам дека Скоти ќе биде подобар. Имаше болки во потколеницата и затоа го оставив да одмори. Скоти е вреден играч за нас, но само кога е 100 отсто подготвен за игра”, изјави Рангник. „Лук треба да продолжи со тренинзите во понеделник,…

Read More

Вчера во Скопје беше одржано Државното првенство за сениори-ки во борби и кати. Според постигнатите резултати, каратистите на скопски Макпетрол не дозволија никакво изненадување и повторно во подолг временски период според освоените медали се најуспешен клуб на домашната сцена. Макпетрол успеа да освои вкупно 14 медали, од кои 5 златни, 5 сребрени и 4 брозени. Државни прваци станаа: 1.Марија Петровска -50 кг 2.Анѓела Мојсовска -68 кг 3.Петар Заборски -75кг 4.Петар Спасеновски -84 кг Екипно борби мажи златен медал состав ( Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојанович, Глигор Петков, Витомир Трајковски, Дарјан Тасевски)

Read More

Маурисио Покетино, по се изгледа, ќе го напушти ПСЖ ова лето. Според новинарот Жулиен Мејнард, во приватните разговори, парискиот тренер не крие дека сака да се врати во Англија. Договорот на Покетино со ПСЖ е до летото 2023 година, но тој би можел да го напушти клубот на крајот од оваа сезона. Деновиве јавно се зборува дека неговото име е едно до првите на листата на потенцијални нови менаџери на Манчестер Јунајтед. Покетино го презеде ПСЖ во јануари 2021 година. Под негово водство, тимот минатата сезона загуби од Лил во борбата за шампионската титула, а во полуфиналето беше елиминиран и…

Read More

ПСЖ ќе му гостува на Бордо во француската Лига 1 без една од своите ѕвезди – Анхел Ди Марија. Аргентинецот заработи повреда на левата нога на реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите и ќе се опоравува извесно време. Надвор од составот на парижани е и шпанскиот дефанзивец Хуан Бернат, кој се опоравува од повредата на левиот зглоб. Надвор од групата на тимот на Маурисио Покетино се уште и Серхио Рамос и Андер Ерера.

Read More

Со присуство на 55 од вкупно 58 делегати денеска во скопскиот хотел „Хилтон“ се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија. Меѓу точките на дневниот ред и одлуките кои беа донесени се издвојуваат финансискиот извештај за 2021 година, според кој ФФМ остварила приходи од околу 19 милиони евра, што годината која е зад нас ја прави една од финансиски најсилните за нашата куќа на фудбалот. Според извештајот, ФФМ минатата финансиска година ја затвори со плус од нешто над 4 милиони евра. На Собранието свое излагање имаа и преставници на ФИФА и УЕФА кои ја истакнаа одличната соработка со…

Read More

Манчестер Јунајтед сака да избере нов менаџер до крајот на април. Според „Дејли мејл“, англискиот клуб се надева дека до крајот на следниот месец ќе може да го објави името на новиот менаџер. Според планот на Манчестер Јунајтед, ваквото предвремено назначување ќе му овозможи на новиот менаџер да учествува во подготовките за преодниот рок. Неизвесноста, според клубот, негативно ќе се одрази на трансферите, преговорите за договори и резултатите во сезоната 2022/23. Како што постојано беше објавено, главни претенденти за функцијата нов тренер на Манчестер Јунајтед се Маурисио Покетино (ПСЖ) и Ерик тен Хаг (Ајакс). Покрај нив, Манчестер Јунајтед ја следи…

Read More

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник ги демантираше наводите дека напаѓачот Маркус Рашфорд не се чувствува добро поради малата минутажа која ја добива. Рашфорд минатата сезона постигна 21 гол во сите натпреварувања, но оваа сезона постигна само пет гола, откако го оперираше своето рамо во октомври. „Мислам дека немаше доволно време“, рече Рангник. „Тој играше на 13-14 натпревари откако јас сум тука, а во повеќето почна како стартер. Ми рече дека е среќен во тимот и сака да игра на највисоко ниво за тимот“, рече тој.

Read More

Екипата на Челзи ќе отпатува нормално на гостувањето од Лигата на шампионите кај францускиот Лил. „Сините“ од Лондон се очекуваше да имаат сериозни логистички проблеми за натпреварот во Франција поради санкциите кои британската влада ги воведе кон сопственикот на клубот Роман Абрамович. Извори од клубот тврдат дека Челзи ќе патува за Лил со воз со цел да се вклопи во скромниот буџет.

Read More

Белгискиот фудбалски клуб Стандард Лиеж објави дека американскиот инвестициски фонд 777 Партнерс ги купил сите негови акции. Ова се случи преку официјално соопштение на клубот. „Потписот на протоколот за трансфер е ставен и тоа ќе се случи во рок од неколку месеци според нормалната процедура“, велат од Стандард. Актуелниот сопственик и претседател на клубот веќе 7 години, белгискиот бизнисмен Брунон Венанци, одлучи да се пензионира. Цената на зделката е околу 55 милиони евра. Американскиот фонд специјализиран за алтернативни инвестиции е основан во 2015 година и веќе ги купи акциите на италијанска Џенова, има голем удел во шпанска Севиља, а неодамна…

Read More

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, изразил голема желба да се врати во Интер, информира во денешното издание „Газета дело спорт“. Белгиецот му кажал на својот агент дека е подготвен значително да ја намали платата за да се врати во тимот на „нероаѕурите“. Весникот додава дека ситуацијата со имотот во Челзи отвора сериозна можност за трансфер на Белгиецот кој пред само неколку месеци за над 100 милиони евра замина за Лондон. Сепак, за да има какви било шанси Лукаку да се врати во Милан, прво мора да биде продаден лондонскиот клуб.

Read More