Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, беше казнет со 25.000 долари од НБА лигата поради употреба на непристојни зборови кон навивач на натпревар претходно оваа недела. Инцидентот се случи при поразот на домашен терен на Бруклин од Далас Маверикс со 111:113. Дурент на натпреварот заврши со 23 поени, 10 скока и 6 асистенции.
Author: saso
Денеска со ждрепка беа одредени и двојките за четвртфиналето во Лигата на Европа. Во Нион беа одредени четвртфиналните двојки каде најмногу внимание секако приреди Барселона, која треба да се подготвува за пресметка со германски Ајнтрахт (Ф). Другиот германски тим, РБ Лајпциг ќе се соочи со италијанска Аталанта, додека Вест Хем ќе се соочи со Олимпик Лион во уште една непредвидлива пресметка. Во последното четвртфинале Спортинг Брага, за противник го доби шкотски Ренџерс. Четвртфиналните дуели ќе се играат на 7 и 14 април, а полуфиналните на 28 април и 5 мај.
Денеска со ждрепката беа одредени двојките за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите. Мега-пресметката во четвртфиналната фаза ќе биде дуелот меѓу Челзи и Реал Мадрид, кои ќе одиграат римејк на минатогодишното полуфинале на турнирот. Манчестер Сити напатот до полуфиналето ќе мора да се соочи со Атлетико Мадрид, додека Виљареал ќе игра против германскиот гигант Баерн Минхен. Во последниот четврфинален дуел Бенфика во првиот меч на домашен терен го пречекува англиски Ливерпул. Натпреварите од ¼-финалето се закажани за 5/6 април и 12/13 април, додека полуфиналето ќе се игра на 26/27 април и 3/4 мај. The quarter-finals are set! ✔️ What’s…
Фудбалерите на Барселона, Дест и Жерар Пике се повредија во реваншот од 1/8-финалето со Галатасарај во Лигата на Европа и најверојатно нема да бидат во тимот в недела за „Ел Класико“ пресметката со Реал (М). Дест беше принуден да го напушти теренот откако почувствува болка во задниот дел на левата надколеница. Првите сензации во соблекувалната не се многу отпимистички, бидејќи отворено се зборува за повреда на бицепсот на бутот. Ако се потврди степенот на повредата, тоа сугерира пауза од терените неколку недели. Повреда има и искусниот Жерар Пике. Дефанзивецот веќе неколку натпревари се мачи со повреда, што го оддалечи од…
Најпопуларното атлетско натпреварување „Дијамантската лига“ им забрани на руските и на белоруските атлетичари настап на сите митинзи од оваа атлетска лига „во догледна иднина“, соопштија организаторите. На почетокот на овој месец, Светската атлетика им забрани на спортистите, помошниот персонал и официјалните лица на двете земји да се појавуваат на сите настани во догледна иднина. „Дијамантската лига ја прифати препораката на одборот и сите атлетичари од Русија и Белорусија ќе бидат исклучени од сите митинзи на Дијамантската лига во догледна иднина“, соопштија организаторите.
Македонската ракометна репрезентација утрово замина за Букурешт, каде утре треба да го одигра реванш мечот од првата рунда во баражот за СП 2023. По триумфот синоќа во Скопје со 30:22, Кире Лазаров и неговите момци веднаш заминаа на пат за Романија, каде утре во 18 часот по македонско време не чека реванш дуелот. За разлика од вчерашниот меч во Скопје за Букурешт заминаа и Мартин Серафимов и Ненад Костески. Од првичниот список на Лазаров и за овој меч не се во комбинација Кизиќ, Ѓорѓиев и Стојковиќ.
Кошаркарите на Детроит победија на гостувањето кај Орландо со 134:120 во единствениот меч кој синоќа се одигра во НБА лигата. Пистонс со тоа ја прекинаа серијата од четири порази. Детроит до победата го предводеше Садик Беј, кој постигна рекордни 51 поен во кариерата. Беј го израмни рекордот на франшизата со десет тројки од 14 обиди. Две вечери откако Кајри Ирвинг од Бруклин постигна 16 поени во првата четвртина, Орландо сега му дозволи на Беј да им даде 21 поен во првото полувреме. Марвин Бегли додаде 20 поени и 11 скока за Детроит, а од друга страна, Орландо го предводеше Франц…
Фудбалерот од средниот ред на Галатасарај, Керем Актуркоглу по поразот од Барселона и елиминацијата во 1/8-финалето на Лигата на Европа вели дека навивачите можат да бидат задоволни од настапот на двата меча. „Почнавме многу добро, постигнавме гол. Одигравме уште поентузијастички благодарение на поддршката од нашите навивачи. Мислам дека и во двата случаи при примените голови едноставно немавме среќа. Се боревме, прикажавме фудбал многу подобар отколку што се очекуваше од нас и колку што беше можно против Барселона во Лига Европа. Каталонците го почувствуваа притисокот“, вели Актуркоглу.
Денеска ќе биде извлечена ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите. Во седиштето на УЕФА во Нион точно на пладне, осумте преостанати учесници ќе дознаат каков ќе биде нивниот пат до финалето на „Стад де Франс“ во Париз на 28 мај. Пред два дена ги добивме и последните две екипи кои се пласираа во четвртфиналето, Виљареал и Челзи, кои им се приклучија на Атлетико Мадрид, Баерн (М), Бенфика, Ливерпул, Манчестер Сити и Реал Мадрид кои претходно си ја завршија работата. Денешната ждрепка ќе биде целосно отворена и секој може да добие ривал од преостанатите кои стигнаа до оваа…
Уште една лоша вест во Јувентус. Ден по елиминацијата од Виљареал во Лигата на шампионите, Мануел Локатели бил позитивен на тестот за Ковид 19. Ова го соопштија од тимот на Јувентус преку социјалните мрежи. Фудбалерот од средниот ред на Јувентус ќе биде принуден да го пропушти следниот натпревар во Серија А против Салернитана, а останува неизвесно дали ќе му биде на располагање на Манчини за настапот во репрезентацијата на Италија в четврток во Палермо на мечот со Македонија.
