Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, пред денешниот последен тренинг во Скопје пред заминувањето за Палермо, исткна дека дуелот в четврток со Италијанците е најважниот меч за оваа генерација. „Ова за нас е најбитниот меч. Мислиме на натпреварот и секако, одиме на победа. Јасно е дека поседуваме квалитет, бидејќи за да стигнеш до овде не е ништо случајно. Ја победивме Германија во група, па зошто не и Италија, иако тие се европски шамоиони. Најважно е ние да се подготвиме најдобро и да покажеме зошто сме таму. Очигледно е дека составот е скоро ист, така што во Италија кој и да игра,…
Author: saso
На Европскиот младински зимски олимписки фестивал во Вуокати, Финска, денеска настапи и нашиот млад скијач, Мирко Лазарески. За жал тој не успеа да ја заврши трката во слалом. Мирко Лазаревски има уште една шанса за добар пласман на трката во велеслалом која на програмата е на 24 март.
Нашиот репрезентативец Александар Трајковски во пресрет на дуелот со Италија и заминувањето за Палермо, вели дека му е особено драго што мечот се игра во градот во кој настапуваше четири години. „Среќен сум што мечот се игра токму на местото каде поминав четири прекрасни години. Верувам во нас и верувам дека ќе можеме да дојдеме до добар резултат и да ја израдуваме нашата јавност. Сите знаеме дека никогаш не е добро да се потцени противникот. Јас искрено сакам да не потценат, па да им покажеме дека згрешиле. И ние имаме одлични играчи кои играат во силни лиги и ќе им…
Македонската фудбалска репрезентација попладнево заминува за Палермо, каде в четврток ќе го одиграме првиот меч од плеј-офот за пласман на СП во Катар оваа година. Македонија за противник го има европскиот првак Италија, но нашите фудбалери се надеваат дека ќе го продолжат позитивниот тренд на резултати и настапи, борејќи се за изненадување против „аѕурите“. Утрово на комплексот на ФФМ, репрезентативците го одработуваат и последниот тренинг пред заминувањето.
Фудбалерот од средниот ред на Хофенхајм, Флоријан Грилич, на крајот од сезоната може да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А. 26-годишниот австриски репрезентативец одби да го продолжи договорот со германскиот клуб и на 30 јуни ќе стане слободен играч. Интер и Рома се заинтересирани да го ангажираат Грилич во текот на летото, и наскоро ќе почнат преговори со неговиот агент.
Македонската нордијка, Михаела Даноска вчера го имаше својот премиерен настап на Зимскиот младински олимписки фестивал во Вуокати, Финска. Таа се појави во трката во нордиско скијање (крос кантри) и заврши на 63. место во конкуренција на 64 учесници, заостанувајќи зад победникот 7:52:2 минути.. Михаела ќе земе учество и во трката во биатлон, каде очекуваме да оствари подобар личен рекорд.
Одбранбениот играч на Лацио, Луис Фелипе, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Ла Лига веќе следната сезона. 25-годишниот Бразилец е блиску до трансфер во Бетис и тоа како слободен играч. Клубот од Севиља му нуди на Фелипе 4-годишен договор со одлична плата.
Извршниот директор на Сасуоло, Џовани Карневали, најави дека клубот сериозно ќе ги разгледа сите понуди за евентуалната продажба на напаѓачот на тимот, Џакомо Распадори. „Добивме понуда од клуб од Премиер лигата кој е заинтересиран за него уште од јануари. Но, Распадори е клучен играч за нас. Можна е опцијата со Јуве, но треба да се разговара“, вели Карневали. Распадори на 28 натпревари оваа сезона во Серија А има 9 гола и 4 асистенции.
Македонската фудбалска репрезентација денеска попладне и официјално почнува со тренинзи и подготовки пред заминувањето за Италија, каде в четврток во Палермо ќе го одиграме историскиот бараж за пласман на СП 2022. Дел од избраниците на селекторот Милевски синоќа пристигнаа во Скопје, а во текот на денешниот ден треба да се приклучат и останатите повикани фудбалери. Првиот тренинг на нашата репрезентација е закажан попладнево од 17 часот.
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини поради повреда го загуби Џовани Ди Лоренцо во пресрет на плеј-оф дуелот за Светското првенство против репрезентацијата на Македонија. Крилниот бек на Наполи се повреди на саботниот првенствен натпревар против Удинезе, а беше повикан за натпреварите со Македонија и евентуално бараж-финалето со подобриот од дуeлот меѓу Турција и Португалија. На негово место Манчини веднаш го повика Матија Де Шиљо од Јувентус. Веднаш по натпреварот против Салернитана кој го одигра вчера, Де Шиљо замина во таборот на „аѕурите“.
