Author: saso

Тејлор Фриц ја освои првата мастерс титула во кариерата, откако утрово Американецот го победи Рафаел Надал со 6:3, 7:6 (5) во финалето на Индијан Велс, со што му го нанесе првиот пораз на Шпанецот оваа сезона. Фриц стана првиот Американец кој ја освоил титулата во Индијан Велс од 2001 година, кога тоа го направи Андре Агаси. Момчето родено во Калифорнија го освои вториот трофеј во кариерата. Благодарение на освоените бодови, Фриц за првпат од денеска ќе се најде меѓу 15-те најдобри на АТП листата, заземајќи ја 13-та позиција. Тој го постигна најголемиот успех во кариерата откако му го нанесе првиот…

Read More
NBA

Кошаркарите на Денвер загубија втор натпревар по ред во НБА лигата, откако синоќа на домашен терен беа поразени од Бостон со 124:104. Српскиот центар Никола Јокиќ постигна 23 поени за Денвер, но промаши 14 удари во првото полувреме и го заврши натпреварот со само осум погодени од 23 шута од игра. Кошаркарите на Њу Орлеанс славеа на гости кај Атланта со 117:112, во меч во кој Јонас Валанчиунас го предводеше Њу Орлеанс со 26 поени и 12 скока. Голден Стејт, пак, загуби од Сан Антонио со 110:108 на својот паркет, без Стеф Кари.Најефикасен во победничкиот тим беше Џош Ричардсон со…

Read More

Швеѓанецот Арманд Дуплантис повторно го собори светскиот рекорд во скок со стап во сала, овој пат на планетарниот собир во Белград прескокнувајќи 6,20 метри. Популарниот Мондо во третиот обид го собори светскиот рекорд. Тој така го надмина својот досегашен најдобар планетарен резултат од 6,19 метри, кој го направи само две недели претходно, исто така во Арената во Белград. „За само две недели поставив два нови светски рекорди на исто место, овој град е посебен за мене“, изјави Дуплантис. Тој и претходно го обебзеди златото, бидејќи беше единствениот натпреварувач кој прескокна шест метри (6,05). Во својата кариера Швеѓанецот има олимписко злато…

Read More

Чави Ернандез го доби првото „Ел Класико“ како тренер на Барселона и не ја криеше радоста по убедливата победа од 4-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Тој рече дека во тимот не се зборува за титулата, но се е можно. „Ова е одличен ден за сите навивачи на Барса. Јас сум тренер на тимот, но и негов навивач. Горд сум на играчите. Можевме да постигнеме повеќе голови. Не очекувавме дека ќе имаме таква предност на нивниот стадион. Тие имаа повеќе време за одмор, а ние во петокот се вративме од Турција. Одигравме фантастично и јас сум многу задоволен. Доминиравме и играчки и…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја презема вината за тешкиот пораз во „Ел Класико“ пресметката против Барселона синоќа. „Почетокот беше добар, но по првиот гол ја загубивме контролата врз натпреварот. Барса ни создаде многу проблеми и логично постигна втор гол. На паузата направивме измени и игравме со тројца одбранбени играчи. Во вториот дел сакав да притиснам малку повисоко, но не успеавма, не денеска. Тоа е моја грешка. Ова е тежок пораз, не кријам. Добивме сериозен удар, ја загубивме битката. Бевме непрепознатливи, се тргна наопаку. Мора да заборавиме на овој натпревар и да продолжиме понатаму“, вели италијанскиот стратег.

Read More

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино беше крајно разочаран по тешкиот пораз од 3:0 од Монако во францускиот шампионат. Ова е четврти последователен пораз за тимот на гости. „Ова е срамно и неприфатливо. На ниту еден натпревар не можеме да пристапиме така. Треба да застанеме на нозе и да ставиме крај на очајот предизвикан од испаѓањето од Лигата на шампионите. Сите се виновни и мора да престанеме да наоѓаме изговори. Не покажавме дух да се бориме против екипа која исто беше повредена по елиминацијата од европските турнири“, вели Покетино. „Нашето прво полувреме беше незамисливо. Можеме да губиме натпревари и да играме…

Read More

Македонската ракометна репрезентација со предност од 8 гола попладнево и гостува на Романија во реванш во плејофот за пласман на СП 2023. Дуелот во Букурешт започнува од 17 часот, а нашите ракометари оптимистички гледаат на новата пресметка, само два дена по онаа во Скопје. Селекторот Кирил Лазаров очекува агресивна Романија. „Важно е да го издржиме првиот налет на Романија, ќе биде спортски тензично на првите  15 минути, мислам дека  Романците ќе тргнат на „јуриш“. Треба да го издржиме тој прв напад, подготвени сме за тоа, и ако успееме, можеме да  да го контролираме цел натпревар“, вели Лазаров.

Read More

Дефанзивецот на Челзи, Антонио Ридигер е многу блиску до трансфер во Јувентус, открива весникот „Газета дело Спорт“. Според изданието, 29-годишниот фудбалер се договорил за личните услови од договорот и би потпишал 4-годишен договор со „бјанконерите“. Германецот на лето ќе стане слободен играч, па торинскиот клуб ќе го добие бесплатно. Ридигер има искуство во Серија А, откако од 2015 до 2017 година играше за Рома.

Read More

Фабио Квартаро потсети зошто е светски шампион во Мото ГП и победи во квалификациите за Големата награда на Индонезија, вторaта од годинешниот календар на Мото ГП. Французинот стигна до својата прва пол-позиција по минатогодишното Каталонско ГП на патеката Мандалика на островот Ломбок. Така го остави зад себе Хорхе Мартин (Прамак Дукати), а трет беше вториот пилот на Прамак Дукати, Јоан Зарко. Трката за Големата награда на Индонезија се вози утре од 8 часот по македонско време.

Read More

Играчот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ, најверојатно ќе ја пропушти пријателската средба на Хрватска со Бугарија. Според италијанските медиуми, 29-годишниот Хрват нема да може да игра поради повреда на скочниот зглоб. Хрватска ќе се соочи со Бугарија на 26 март во Катар. Фудбалерот сигурно ќе отсуствува и на денешниот натпревар од 30. коло на Серија А против Фиорентина.

Read More