Кошаркарите на Денвер загубија втор натпревар по ред во НБА лигата, откако синоќа на домашен терен беа поразени од Бостон со 124:104. Српскиот центар Никола Јокиќ постигна 23 поени за Денвер, но промаши 14 удари во првото полувреме и го заврши натпреварот со само осум погодени од 23 шута од игра.
Кошаркарите на Њу Орлеанс славеа на гости кај Атланта со 117:112, во меч во кој Јонас Валанчиунас го предводеше Њу Орлеанс со 26 поени и 12 скока. Голден Стејт, пак, загуби од Сан Антонио со 110:108 на својот паркет, без Стеф Кари.Најефикасен во победничкиот тим беше Џош Ричардсон со 25 поени.
Кошаркарите на Торонто ја победија Филаделфија со 93:88, Јута славеше против Њујорк со 108:93, додека Оклахома го претрпе деветтиот пораз во низа откако загуби од Орландо со 90:85. Во преостанатите натпревари Мемфис го победи Хјустон со 122:98, Индијана беше подобра од Портланд со 129:98, додека Феникс по продолжение славеше против Сакраменто со 127:124.