Фабио Квартаро потсети зошто е светски шампион во Мото ГП и победи во квалификациите за Големата награда на Индонезија, вторaта од годинешниот календар на Мото ГП.
Французинот стигна до својата прва пол-позиција по минатогодишното Каталонско ГП на патеката Мандалика на островот Ломбок. Така го остави зад себе Хорхе Мартин (Прамак Дукати), а трет беше вториот пилот на Прамак Дукати, Јоан Зарко.
Трката за Големата награда на Индонезија се вози утре од 8 часот по македонско време.