Author: saso

По блескавата партија против Македонија во финалето од баражите за СП 2022, Бруно Фернандеш најверојатно успеа да се договори со својот актуелен клуб за нова соработка. Како што откриваат медиумите на Островот, тој ќе продолжи да игра за Манчестер Јунајтед до 2027 година. Преговорите меѓу двете страни се успешни, по што паднал договор за продолжување на соработката. Новиот договор ќе важи до крајот на сезоната 2026/27 година. Претходно беше објавено дека Португалецот со новиот договор ќе добива 14-15 милиони евра годишно.

Read More

Брентфорд планира да го задржи Кристијан Ериксен и по завршувањето на оваа сезона. Данецот ќе стане слободен агент во јуни кога му завршува 6-месечниот договор со премиерлигашот. „Пчелите“ имаат намера да му понудат нов договор на 30-годишниот играч за врска на данската репрезентација, пишува „Тајмс“. Според изворот, Брентфорд е уверен дека ќе го обнови договорот со Ериксен доколку тој не добие понуди од клубови од топ 6 во Премиер лигата. Фудбалерот преживеа срцев удар на 12 јуни 2021 година, за време на натпреварот на Евро 2020 година, па подоцна го раскина договорот со Интер откако му беше вграден кардиодефибрилатор.

Read More

29 од 32-те селекции кои ќе играат на Светското првенство во Катар и официјално се познати. Меѓу европските репрезентации на СП 2022 ќе бидат Англија, Белгија, Германија, Данска, Шпанија, Холандија, Полска, Португалија, Србија, Франција, Хрватска и Швајцарија, а списокот на учесници се дополни и со дел од селекциите од останатите континенти. Од Јужна Америка пласман на Мундијалот оваа зима обезбедија Аргентина, Бразил, Еквадор, Уругвај, а од Африка: Гана, Мароко, Сенегал, Камерун и Тунис. Иран, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Јапонија се селекциите кои ќе ја преставуваат Азија на Мундијалот, додека од Северна Америка за Катар ќе патуваат Канада, САД, Мексико.…

Read More

Поранешниот напаѓач на Барселона, Серхио Агуер,о призна дека би можел да ја продолжи кариерата. 33-годишниот Аргентинец ги заврши настапите во декември 2021 година поради проблеми со срцето. „ФИФА веќе ме третира како легенда, но вчера размислував дека можам да се вратам на теренот. Докторите ми рекоа да се воздржувам од фудбал 5-6 месеци, но јас веќе сакам да тренирам. Добив повик од Интер Мајами, но ги одбив“, изјави Агуеро за TyC Sports.

Read More

Кристијано Роналдо беше највозбуден од враќањето на Пепе во составот на португалската фудбалска репрезентација пред мечот со Македонија во вторник. Искусниот дефанзивец ја пропушти победата од 3-1 над Турција во четвртокот поради Ковид-19. “Кралот се врати! Пепе се врати! Внимавајте!”, насмеаниот Роналдо извика пред тренингот на Португалија во топлото и сончево неделно утро во Порто додека 39-годишниот дефанзивец излегуваше од соблекувалната. Тие се смееја и се гушкаа пред да го започнат загревањето. Пепе ја мина изолацијата и се врати во тимот.

Read More

Англискиот фудбалски судија Ентони Тејлор е назначен за главен судија на мечот Португалија –Македонија во вторник на “Драгао“ во Порто. Интересно, Тејлор ни судеше и на оној историски меч во Тбилиси на 12 ноември 2020 година кога со голот на Пандев ја победивме Грузија и се пласиравме на ЕП. Негови помошници ќе бидат Гери Бесвик и Мајкл Нун, а четврти е исто така познатиот Мајкл Оливер.

Read More

Уште еден повратник во составот на Милевски за големото бараж финале со Португалија е Тихомир Костадинов. Тој пред заминување за Португалија порача: „Имаме уште 90 минути за игра. Ќе го дадеме максимумот, ќе изгинеме на натпреварот за да успееме да го повториме тоа што се случи во Палермо. Не чека малку поинаков меч, Италија е екипа која игра повеќе тимски, додека Португалија игра повеќе индивидуално. Секако дека ни е потребен истиот мотив, желба и пожртвуваност и на оваа средба, со малку среќе се надевам дека ќе се редуваме и ќе ја оствариме зацртаната цел. Стивна еуфоријата од Италија, сега сме…

Read More

Во дресот на Македонија за мечот со Португалија се враќа Елиф Елмас. Тој по денешниот тренинг во Скопје изјави: „Овој е еден од најтешките и највозбудливите натпревари за сите играчи кои сме тука. Ова се наши 90 минути да си го исполниме сонот од деца, за нас и за цела нација и држава. Мора да знаеме дека оваа шанса не смееме да ја пропуштиме. Треба да се одигра максимално, да изгинеме за да стигнеме до Катар. Мислам дека Португалија индивидуално е поквалитетна од Италија. Се игра финале, мислам дека нема да не потценат иако јас би сакал. Од секој аспект…

Read More

Ракомеарите на Е. Пелистер триумфираа на големото суперлигашко дерби во Скопје против екипата на Вардар со 24:23 и го преземаа врвот на табелата во домашниот шампионат. Ова прва победа на Е. Пелистер во Скопје, а истата доаѓа во незгодно време за „црвено-црните“. Битолчани одиграа одличен меч во кој има апредност од еден гол уште во првиот дел (12:11). Во второто полувреме гостите успеваа да одржат континуирана предност, која на моменти беше и до 3 гола разлика. Вардар успеа да се врати, но не искористи шанса за реми. Табоада постигна шест гола беше најдобар кај Е. Пелистер, додека Дибиров запиша шест…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација денес го одржа првиот тренинг по враќањето од Палермо, а во пресрет на решавачкиот меч со Португалија за пласман на СП во Катар. По извонредниот настап на средбата во Италија, Висар Муслиу, пред дуелот со Португалците вели: „Секако е дека емоциите за Италија се завршени. Сега цел поглед ни е кон Португалија. Мора да се потрудиме многу, знаеме дека ова е можеби шанса која ќе ја имаме еднаш во животот. Мора да дадеме максимум и да се потрудиме да победиме, па така ќе испишеме нова историја за нашиот фудбал. Секој нов меч е различен од претходниот, но…

Read More