Килијан Мбапе може да остане во ПСЖ и да го продолжи договорот со клубот и покрај сите шпекулации дека тој веќе се договорил со Реал (М). Актуелниот договор на 23-годишниот напаѓач истекува ова лето, а од францускиот клуб велат дека уште ништо не е готово. Според француските медиуми, ситуацијата е сериозно променета, а продолжувањето на договорот со парижани изгледа повеќе од реално. Дополнително, страните се оптимисти дека договор, сепак, ќе биде можен.
Author: saso
На државното првенство за Сениори и Пом. Пионери во Струга, Џудо Клуб ДРИМ Струга освои 13 медали, 06 во Сениори (2🥇, 2🥈, 2🥉) и 07 во Пом. Пионери (2🥇, 2🥈, 3🥉) Со медали се закитија: СЕНИОРИ: Христијан Глигороски -90 🥇 Андреј Чакаровски -100 🥇 Марин Билјаноски – 90 🥈 Андреј Симоноски – 66 🥈 Амар Оџа – 100 🥉 Георги Прензоски – 73 🥉 Одлични борби прикажаа и Андреј Вељаноски, Дион Лена, Никола Протугеров, Марио Нелоски но не успеаа да се закитат со медали. ПОМ. ПИОНЕРИ: Доријан Петкоски 🥇 Катерина Клењоска 🥇 Елеонора Јосифоска 🥈 Амар Бајрамоски 🥈 Давид Спироски…
Селекторот на Холандија, Луис ван Гал објави дека се бори со рак на простата. Дијагнозата ја потврди во една холандска ТВ емисија, објаснувајќи дека болеста долго време ја чувал во тајност од своите играчи. Зборувајќи за здравствениот проблем, Ван Гал откри дека има прилично агресивен облик на рак и им се заблагодари на персоналот во болницата каде што се лекува. И покрај неговата болест, Ван Гал успеа да ја одведе селекцијата на Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи од ноември до декември 2022 година.
Ига Швјонтек за првпат во својата кариера се искачи на врвот на ВТА листата. Полската тенисерка која го освои Мастерсот во Мајами пред два дена, стигна до 6711 бодови со кои веќе го доби приматот нова тениска кралица. Таа на Мастерс титулата во мајами претходно ја додаде и онаа во Индијан Велс. На второто место оваа недела е чешката тенисерка Барбора Крејчикова со 4975 бодови. Интересно, таа е втора во рангирањето и во двојки. Трета на ВТА листата оваа недела е Сакари од Грција.
Францускиот репрезентативец во дресот на Јувентус, Адриен Рабио, го обвини судијата за поразот од Интер во дербито на Серија А синоќа. „Одличен натпревар, честитки за сите. Штета за резултатот, но тешко е да се одигра 11 против 12“, напиша играчот од средниот ред на својот Инстаграм профил. „Погодивме греда и веројатно моравме да добиеме пенал. Вечерва судијата го реши натпреварот. Мислам дека прекршокот врз Денис Закарија беше во шеснаесетникот. Ова беше важен момент, кој, за жал, го промени текот на натпреварот“, изјави Рабио по средбата.
Францускиот играч од средниот ред во составот на Челзи, Н’Голо Канте, ова лето би можел да се пресели во Реал Мадрид, тврдат неколку шпански медиуми. Шпанскиот клуб во Французинот гледа потенцијална замена за Тони Крос и Лука Модриќ. Самиот играч нема ништо против трансфер, особено по последната ситуација со клубот. Н’Голо Канте е во Челзи од 2016 година кога се пресели во Лондон од Лестер. Тој има договор со Челзи кој истекува на крајот на следната сезона, а за негова слобода Реал ќе мора да плати околу 50 милиони евра.
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, вели дека менаџерот Ралф Рангник не го цени напаѓачот Маркус Рашфорд. „Можеби зад сцената се водат преговори за нов договор, но вие да сте на негово место, би размислувале ли како да останете таму? Како можам да потпишам договор ако тимот е поверојатно да игра без напаѓач отколку со мене? Не велам дека е совршен. Но, да сум на местото на Рашфорд, мислам дека тренерот не ме цени со тоа што стави двајца играчи од средниот ред напред. Колку Рашфорд треба да биде лош на тренинзите за да има таков состав на терен?“,…
Денеска во Струга се одржаа државни првенства во џудо за помлади Пионери-ки и Сениори-ки. На овие натпреварувања настапија околу 200 натпреварувачи од клубовите од РСМ. Џудо клубот Сеишин – Прилеп зеде учество со вкупно 27 натпреварувачи во машка и женска конкуренција во двете старосни категории. Освоени се вкупно 17 медали од кои 5 златни, 3 сребрени и 9 бронзени. Резултати поединечно: Помлади пионери: 1.Дарио Нанески – 1 во место 2.Немања Џагадуроски – 1 во место 3.Благојче Мантароски – 2 ро место 4.Теодор Ачкоски – 3 то место Помлади пионерки: 1.Тамара Илиоска – 1 во место 2.Теодора Илиоска – 1 во…
18-годишниот Карлос Алкараз стана изненадувачки освојувач на Мастерсот во Мајами. Во финалето тој вечерва успеа да го победи Каспер Руд од Норвешка, со 7:5, 6:4. Алкараз, кој на 5 мај наполни 19 години, е трет на листата на најмлади победници на Мастерс турнирите. Помлади од него кога освоиле Мастерс биле само Мајкл Чрнг (Торонто 1990) и Рафаел Надал (Монте Карло 2005). Алкараз стана и најмладиот шампион на турнирот во Мајами, соборувајќи го рекордот на 19-годишниот Новак Ѓоковиќ (2007). За Шпанецот ова е втората титула сезонава и трета во кариерата.
Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос не планира да го напушти Пари Сен Жермен во текот на летото, пренесува радио Монте Карло, повикувајќи се на изјава на неговите роднини. Според изворот, Серхио сака да покаже дека се уште е способен да освојува трофеи и тоа сака да го направи со францускиот великан. Светскиот шампион од 2010 година со Шпанија има само 4 натпревари за ПСЖ во Лига 1, и еден гол во сезоната. Тој е на болничката листа во ПСЖ од крајот на јануари по новата повреда на десната потколеница.
