Македонската ракометна репрезентација денеска и утре во Скопје ќе ги заврши подготовките пред првиот од двата клучни натпревари на патот до Светското првенство. Нашите репрезентативци го очекуваат двомечот со Чесите, па со последните тренинзи во скопје се подготвуваат за утрешното заминување за Злин. Според најавите, ракометарите утре попладне ќе полетаат за Острава по што со автобус ќе бидет префрлени во Злин. Натпреварот в среда е закажан од 19:15 часот.
Author: saso
Лука Дончиќ се повреди на последниот натпревар на Далас Маверикс во регуларниот дел од сезоната пред почетокот на плејофот во НБА. Словенечката ѕвезда мораше да ја напушти играта по истегнувањето на мускулот во потколеницата на левата нога пред крајот на третата четвртина. Дотогаш Дончиќ беше најдобар во својот тим со 26 поени, 8 скока и 9 асистенции. „Се надевам дека не е премногу сериозно“, рече тренерот на Маверикс, Џејсон Кид, по натпреварот.
Френк Фогел нема да продолжи како тренер на ЛА Лејкерс. Човекот кој ги водеше „езерџиите“ до историскиот неуспех оваа година, откако не успеа да го однесе тимот до плеј-офот, ќе биде разрешен деновиве. Адријан Војнаровски, еден од најдобрите инсајдери во НБА, потврди дека последниот натпревар на Лејкерси од регуларниот дел на сезоната (победа над Денвер) е последната средба на Фогел на клупата на тимот од Калифорнија.
Белгискиот репрезентативец од екипата на Лестер, Јури Тилеманс е една од можните трансфер цели на Реал Мадрид за следната сезона. Како што објави „Марка“, фудбалерот има еден куп понуди за продолжување на кариерата, па останува неизвесно кој ќе го убеди ова лето да се пресели во нивните редови. Освен Реал (М), за услугите на Белгиецот е заинтересиран и Манчестер Ј, а претходно се појавија информации за интерес и од уште еден куп други тимови. Мрежата CBS објави дека белгискиот играч за врска има понуди и од Ливерпул, Вест Хем Јунајтед, Арсенал, па дури и од Јувентус.
Македонската ракометна репрезентација денеска ги почнува подготовките за последните два меча до пласман на ново Светско првенство. Селекторот Лазаров денеска (18:30 часот) во хотелот „Александар Палас“ ќе ја има првата прозивка на повиканите играчи. На списокот на селекторот се најдоа 23 ракометари. Првиот меч во Злин е на програмата на 13 април, додека реваншот се игра на 17. април во СЦ „Борис Трајковски“. Подобриот од овој бараж двомеч ќе биде дел од СП 2013 година.
Напаѓачот на Арсенал, Николас Пепе може да го напушти клубот. Според извори блиски до клубот, лондонскиот клуб е подготвен да се раздели со 26-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска во текот на летниот преоден рок за сума од 30 милиони евра. Лондончани го купија фудбалерот од Лил за рекордни 72 милиони фунти, но тој никогаш не ги исполни очекувањата. Оваа сезона Пепе одигра 18 натпревари на кои постигна 3 гола и забележа 5 асистенции.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во клубот. „Би сакал засекогаш да останам во Манчестер Сити, но нема да го сторам тоа. Нема подобро место за мене. Можам да го продолжам договорот на нови10 години, но тоа нема да се случи. Гласините дека репрезентацијата на Бразил е заинтересирана за мене? Имам договор, среќен сум во мојот клуб. Не знам од каде доаѓаат овие гласини“, изјави Гвардиола за Sky Sports. Гвардиола го презеде Манчестер Сити во јули 2016 година.
Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Австралија во Мелбурн. По денешните квалификации стана јасно дека втор ќе стартува Макс Верстапен, а трет Серхио Перез. На четвртото место се најде Ландо Норис, а петти Луис Хамилтон. Шарл Леклер имаше стабилен болид, но и возеше без грешка, а тоа го направи најдобар во квалификациите пред Големата награда на Австралија. Џорџ Расел го зазеде шестото место, Даниел Рикардо седмото, Естебан Окон осмо, а Карлос Саинс деветто.
Ракометарот на РК Бутел, Денис Тот почина денеска на КАРИЛ, објавија повеќе медиуми од лекарски извори. И покрај напорите на лекарите, тие не успеале да го спасат 27-годишниот ракометар од Хрватска. Доцна синоќа беше објавена информација дека Тот бил физички нападнат и со тешки повреди, бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Медиумите од Хрватска денеска објавија дека Тот бил претепан во ноќен клуб, а видео снимките избришани. Подоцна од МВР и КАРИЛ објавија дека ракометарот бил донесено во бесознание и без видливи повреди од насилство. Неофицијално, причина за смртта се срцеви проблеми.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, најверојатно ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ ова лето, пренесуваат британските медиуми. Фудбалерот му се приклучи на кралскиот клуб во 2019 година за да се натпреварува со Карим Бензема за стартно место во нападот, но не успеа да се наметни ниту кај Зинедин Зидан, ниту кај Карло Анчелоти. И покрај тоа што неговата намера беше да остане во Реал, се чини дека Србинот се предомислил и е подготвен да си замине ова лето. Трите заинтересирани екипи во англиската Премиер лига за него се Арсенал, Тотенхем и Вест Хем.
