Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Австралија во Мелбурн. По денешните квалификации стана јасно дека втор ќе стартува Макс Верстапен, а трет Серхио Перез.
На четвртото место се најде Ландо Норис, а петти Луис Хамилтон. Шарл Леклер имаше стабилен болид, но и возеше без грешка, а тоа го направи најдобар во квалификациите пред Големата награда на Австралија.
Џорџ Расел го зазеде шестото место, Даниел Рикардо седмото, Естебан Окон осмо, а Карлос Саинс деветто.