Author: saso

Македонската ракометна репрезентација во Скопје ги прави и последните подготовки за одлучувачкиот меч со Чешка на патот до СП на стартот на следната година. Селекторот Лазаров, по ремито во Злин вели дека утре ги чека тежок меч. „Ние сме задоволни како одигравме, иако можеше многу подобро резултатски. Меѓутоа, по две ноќи, можам слободно да кажам дека Чешка малку нè потцени, без да ги оспорам нашите играчи, напротив сакам да ги пофалам, затоа што дадовме еден екстра квалитетн натпревар, можеби еден од подобрите во изминативе неколку години. Затоа очекувам уште поквалитетна, уште поцврста Чешка и уште поподготвена тактички и стратегиски. Не…

Read More

Барселона може да биде казнета поради големиот број германски навивачи надвор од безбедносната зона ограничена од УЕФА за навивачи на гостински терен. Повеќе од 30.000 навивачи на Ајнтрахт најдоа начин да влезат и да седнат на своите места на „Камп Ноу“ создавајќи одлична атмосфера за нивниот тим, кој ги елиминира Каталонците од Лигата на Европа. Сериозен скандал настана кога клупските легенди го обвинија претседателот Жоан Лапорта за „пробивот“, а тој најави дека билетите за евро-натпреварите на тимот сега ќе бидат продавани со имињата на навивачите кои ги купиле. Извештајот на безбедносниот координатор на УЕФА несомнено ќе биде клучен во евентуалната…

Read More

Голманот Кејлор Навас и напаѓачот Анхел Ди Марија се вратија на тренинзите на тимот на ПСЖ.  Навас ги пропушти последните три натпревари поради повреда, додека Ди Марија отсуствуваше на последните четири. Навас најверојатно нема да биде вклучен во составот за натпреварот од 32. коло на францускиот шампионат против Олимпик Марсеј, додека Аргентинецот треба да се најде на склупата. Натпреварот меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј ќе се одигра утре.

Read More

Тотенхем е заинтересиран за дефанзивецот на Атлетико (M), Марио Хермосо, објави „Дејли Меил“. Според изворот, „мамузите“ сакаат да потпишат со универзалниот дефанзивец во текот на летниот преоден рок.  Антонио Конте го именуваше 26-годишниот Шпанец како една од главните трансфер цели ова лето. Во сезоната 2021/22, Хермосо постигна 2 гола и имаше 1 асистенција на 32 натпревари за Атлетико Мадрид. Според проценките неговата вредност на пазарот изнесува околу 25 милиони евра, но евидентно е дека Симеоне нема да му дозволи да замине за сума под 40 милиони евра.

Read More

Ливерпул денеска го игра полуфиналниот меч од ФА Купот против Манчестер Сити и се надева на пласман во големото финале. Голманот на црвените“ Алисон Бекер потенцира дека Ливерпул оваа година ќе се бори за сите трофеи во натпреварувањата во кои учествува. „Некогаш бевме тука и игравме во финалето на Вембли, набојот за вакви натпревари ни е добро познат. Тоа се чувствува. И јас играв со мојата репрезентација на овој стадион, но само на пријателски натпревари. Разговарав со другите. Знам дека сега ќе биде поинаку“, изјави Алисон пред дуелот со големиот ривал. „Финалето или полуфиналето на Вембли е големо достигнување за…

Read More

УЕФА денеска ги објави датумите за одигрување на последните бараж дуели за последното слободно место за европска репрезентација на СП во Катар. Шкотска мора да ја пречека Украина на Хемпден Парк во последното полуфинале на Светското првенство во 2022 година на 1 јуни. Судирот беше закажан за 24 март, но беше одложен поради руската инвазија на Украина. Победникот ќе се сретне во финалето со Велс четири дена подоцна на 5 јуни. Овој судир ќе се одржи во Кардиф. Една од овие три селекции ќе биде последниот учесник во групата Б на Светското првенство во која се Англија, САД и Иран.

Read More

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука за отпочнување постапка за изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во општина Аеродром. Фудбалската федерација на Македонија заедно со општина Аеродром е носител на проектот. Во изградбата на капиталниот фудбалски објект, исклучително важна е поддршката од Владата на Република С. Македонија. Проектот за новиот репрезентативен стадион е директно поддржан со средства од УЕФА и ФИФА преку програмите за подобрување на фудбалската инфраструктура. „Поттикнати од искрената желба и отвореноста за помош и поддршка од општина Аеродром и градоначалникот Муцунски, но и државните институции и…

Read More

Искусното крило на нашата ракометна репрезентација, Гоце Георгиевски, во пресрет на дуелот со Чесите вечерва вели дека ова е дуел на стари познаници. „Ова е познато место, познат противник. Знаеме дека ќе биде тежок меч, имавме неколку дена да се подготвиме за нив пред видео анализи и тренинзи. Можам да кажам дека се работи за квалитетна репрезентација. Мислам дека ако бидеме дисциплинирани, особено во одбраната, ќе имаме поголеми шанси за пласман. Можеби повеќе голови би ни одговарале за побрза игра“, вели Георгиевски.

Read More

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје започнува финалниот турнир во АБА 2 кошаркарската лига. Домаќин е нашиот шампион МЗТ Скопје, кој со уште 7 екипи се бори заместо во АБА лигата следната сезона. Турнирот почнува со четвртфинаните пресметки. Први на распоред се Борац Бања Лука и Младост Земун точно напладне, а потоа и дуелите Хелиос Домжале – Златибор Чајетина (15 ч.), па настапот на македонскиот претставник МЗТ Скопје во 18 часот против Сутјеска. Последното четврфинале од 21 часот ќе го одиграат Широки Бријег и Спарс Сараево. Шампионот на АБА 2 лигата директно ќе се пласира во елитното друштво, додека…

Read More

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Злин од 20.15 часот ќе се игра првиот од двата натпревари против селекцијата на Чешка во баражот за пласман на следното Светско првенство кое ќе се одржи во Полска и Шведска од 11 до 29 јануари 2023 година. Нашите ракометари вчера пристигнаа во Злин, а денеска ќе ја подготвуваат стратегијата за дуелот кој ќе го судат турските арбитри Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз. Селекторот Лазаров е свесен дека Чешка е подобра од Романија која ја елиминиравме во минатиот двомеч, но најави дека тоа не значи ништо во една ваква клучн апресметка. Ондреј Здрахала, првиот човек…

Read More