Првата ѕвезда на Феникс Санс, Девин Букер, мораше предвреме да го заврши синоќешниот дуел со Њу Орлеанс поради повреда. Тој ја повреди десната тетива и не се знае дали ќе може да настапи на третиот меч од серијата која во моментов е на 1:1 по првите две средби на теренот на Санс. Букер го напушти теренот на 4:35 минути до крајот на третата четвртина. Тимот подоцна објави дека тој нема да се врати во игра, но не се знае каква е сериозноста на повредата и колку долго ќе отсуствува од терените.
Author: saso
Последните два меча до големото финале од Купот на Македонија се на програмата попладнево. Последната битка до мечот на 20 мај во Скопје денеска ќе се води во Битола и Струга. Пелистер на домашен терен го пречекува Силекс кој експресно ќе се врати во елитата следната година, но ќе има шанса со победа денеска да се бори и за нов Куп. Битолчани, пак, следната сезона ќе се преселат во Втората лига, но тоа нема да ги спречи денеска да се обидат да дојдат до победата и место во мечот кој може да ги однесе до пласман и во европските купови.…
Ралф Рангник го предупреди Манчестер Јунајтед дека на тимот му требаат околу 10 нови играчи за да ги направи потребните подобрувања и да се искачи нагоре. Синоќа „црвените ѓаволи“ примија нова шлаканица од Ливерпул, овојпат со пораз од 4:0. Германецот призна дека понижувањето е навистина големо, бидејќи неговиот тим воопшто не бил конкурентен. „Тоа е фрустрирачко, па дури и понижувачко. Мора да прифатиме дека Ливерпул во моментов е 6 години пред нас. Доаѓањето на Јирген Клоп не само што го однесе тимот на друго ниво, туку и клубот и градот. Токму тоа треба да го направиме во следните преодни рокови“,…
Напаѓачот на Арсенал, Еди Нкетиа навести дека ќе го напушти клубот во текот на летниот преоден рок. 22-годишниот Англичанец ја наведе главната причина за негово заминување, а тоа е поголема минутажа. „Добив неколку предлози за нов договор, но мојата цел е да играм фудбал и да играм редовно. Ова е мојата амбиција и се надевам дека ова ќе се случи“, изјави Нкетиа. Според новинарот Фабрицио Романо, интерес за Нкетиа има од екипи од англиската Премиер лига, но и од германската Бундес лига.
Рој Кин го критикуваше Манчестер Јунајтед по големиот пораз од Ливерпул. „Жаволите“ загубија со 0-4 во мечот од Премиер лигата одигран синоќа на „Енфилд“. „Нема гнев, гнев имаше на почетокот на сезоната. Сега е очај, тага. Погледнете го тимот: без срце, без душа, без лидери, без вештина. Нема ништо изненадувачки во резултатот. Но, Ливерпул можеше да постигне гол во секој момент кога ќе истрчаше напред. Врвот на клубот е во хаос. Навивачите немаат време за сопствениците. Ним им треба нов тренер, им треба играчи кои треба да дојдат и играчи кои мора да си заминат“, изјавил Кин во анализата на…
Њу Орлеанс го победи Феникс на гости со 125:114 и да израмни на 1:1 на стартот на плеј-офот во Западната конференција. Гостите, кои беа осми во регуларниот дел од пласманот на Западот успеаја да направат изненадување совладувајќи го најдобриот тим во првиот дел од сезоната. До победа Пеликанс беа предводени од Брендон Инграм со 37 поени. Кошаркарите на Мајами синоќа славеа на домашен терен против Атланта со 115:105 и со тоа поведоа со 2:0 во првото коло од плеј-офот на Источната конференција. Мемфис на домашен терен ја совлада Минесота со 124:96 и со таа победа израмни на 1:1 во плеј-офот…
Македонската ракометна репрезентација ќе биде во вториот шешир на ждрепката за светското првенство во Полска и Шведска следната година. Извлекувањето на групите е закажано за 2 јули во Катовице, а Македонија пред истата се најде во ист шешир со Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора и Полска, кои сигурно нема да бидат наши ривали во групната фаза. Според пропозициите земјите учеснички ќе бидат поделени во осум групи со по четири селекции, а првите три продолжуваат во главната фаза. Она што е сигурно е дека Македонија нема да игра во групите Б и Г, поточно во градовите Катовице и Јончепинг,…
На патеката Монца крај Милано викендов се одржа заедничкиот тест на сите возачи кои се пријавени за настап во 2022 година на европското првенство за возила со ТЦР хомологација. Македонскиот возач Виктор Давидовски се реши на голем чекор и ја прифати поканата од тимот „Comtoyou“, каде што се префрла заедно со својот досегашен тимски колега од „ПСС Рејсинг“, Аргентинецот Франко Џиролами. „Тимот е нов, но целите што ги имаме се добро познати. Сакаме да бидеме меѓу првите десет на квалификациите и на секоја трка да се бориме за пласман на подиумот. Автомобилот е нов, а нови се и инженерите со…
Ракометната федерација на Македонија, како што најави, богато ќе ги награди репрезентативците за пласманот на новото Светско првенство. Нашиот национален тим ќе ја добие заслужената премија од 50.000 евра. Кире Лазаров и неговите момци минаа две тешки пречки до Мундијалот, обезбедувајќи го осмото учество во историјата.
Спринтерката од Јамајка и петкратна олимписка шампионка Илејн Томпсон-Хера оствари најдобро време сезонава на трката на 100 метри на светскиот митинг во Калифорнија. Томпсон-Хера победи во полуфиналната трка со време од 10,89 секунди, што беше нејзина прва трка на 100 метри на отворено оваа сезона. Спринтерката од Јамајка се откажа од финалето во кое триумфираше Американката Тваниша Тери со 10,77 секунди, но со недозволен ветер во грбот. Габи Томас го постави најбрзото време во сезоната на трката на 200 метри. Освојувачката на олимписка бронза во оваа дисциплина победи со 22,02 секунди.
