Author: saso

52-годишниот холандски стручњак Ерик тен Хаг, кој од следната сезона ќе биде менаџер на Манчестер Јунајтед, инсистира да го купи аргентинскиот напаѓач од Јувентус, Пауло Дибала. Веста ја објавија и весникот „Сан“, но и италијанскиот „Кориере дело Спорт“. Според изворот, Јунајтед и претходно бил заинтересиран за можноста за трансфер на Аргентинецот, но доаѓањето на Тен Хаг би можело да го забрза овој процес, а за ова може да придонесе и фактот што Дибала на лето ќе стане слободен играч. Во исто време, интерес за играчот има и од други клубови од англиската Премиер лига, како лондонски Тотенхем и Арсенал, но…

Read More
NBA

Далас ја победи Јута на гости со 98:96 и со вкупен триумф од 4:2 во серијата успеа по пауза од 11 години да се пласира во конференциското полуфинале. Во финишот на натпреварот клучната „тројка“ за победата на Далас ја постигна Џејлен Бренсон, додека во последниот напад шут за три поени промаши Бојан Богдановиќ, по што Јута мораше да се помири со елиминацијата во првата рунда од плеј-офот. Бренсон и Лука Дончиќ постигнаа по 24 поени за тимот од Тексас, а словенечката ѕвезда додаде и девет скока и осум асистенции. Најефикасен кај Јута беше Донован Мичел со 23 поени. Во полуфиналната…

Read More

Англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајтед денеска потврди дека дефанзивецот Фабијан Шер потпиша нов двегодишен договор. Репрезентативецот на Швајцарија беше клучен дел од тимот на Еди Хау оваа сезона, играјќи цели 90 минути во 22 од првите 24 натпревари. 30-годишниот фудбалер пристигна во Њукасл од шпанскиот тим Депортиво Ла Коруња во 2018 година и има 98 настапи за „страчките“ во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола. „Апсолутно сум воодушевен. Тоа е она што отсекогаш го сакав – да останам овде за да играм за овој неверојатен клуб“, изјавил Шер.

Read More

Реконструкцијата на стадионот на Барселона „Камп Ноу“ ќе започне во јуни 2022 година, соопшти прес-службата на клубот. Според изворот, градскиот совет на Барселона издал лиценца за почеток на работа веднаш по завршувањето на сезоната. Особено внимание ќе се посвети на првиот и вториот ред на стадионот, развојот на техничките капацитети, околината на стадионот и надворешната урбанизација. Уривањето на третото ниво ќе се случи во летото 2023 година, што ќе обезбеди време дека „Камп Ноу“ ќе може да работи со речиси полн капацитет следната сезона. Во текот на сезоната 2023/2024, поголемиот дел од работите според проектот ќе продолжи непречено, па тимот…

Read More

Синоќа имало состанок меѓу претставниците на Роберт Левандовски и шефовите во Барселона, тврди новинарот Жерар Ромеро. На него присуствувал и фудбалскиот директор на Каталонците, Матеу Алемани. На агент Пини Захави му бил понуден договор за Левандовски на 2 + 1 година. Барселона посочила дека е подготвена да плати 30 до 35 милиони евра за правата на Левандовски. Во исто време, Баерн не сака да го пушти напаѓачот за толкава сума и Каталонците сметаат на Лева да го притисне германскиот шампион да дојде до трансфер.

Read More

Играчот од средниот ред Темује Бакајоко може да се врати од Милан во Челзи на крајот на сезоната. Италијанскиот клуб, кој го ангажираше 27-годишниот Французин, не планира да го откупи играчот. Во исто време, опцијата за задолжителен откуп од 15 милиони евра поврзана со бројот на одиграни натпревари од играчот повеќе не може да се активира. Милан не се потпира на Бакајоко и ќе го замени со Томазо Побега кој оваа сезона настапува како позајмен во Торино.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Усман Дембеле сака да остане во каталонскиот клуб бидејќи сака да работи со тренерот Чави, тврди новинарот Фабрицио Романо. Следниот состанок меѓу агентот на играчот и управата на клубот ќе се одржи денеска за да се разговара за неговата иднина. Барселона сака да го задржи играчот, затоа што Чави исто така е задоволен од играта на Дембеле. Фудбалерот е подготвен да ја намали платата за да остане на „Камп Ноу“.

Read More

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекување на полуфиналните парови од Куп на Македонија во машка и женска конкуренција. Полуфинални парови во машка конкуренција: 13.05.2022 17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК ВАРДАР 1961 13.05.2022 20:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 15.05.2022 19:30 часот ФИНАЛЕ Полуфинални парови во женска конкуренција: 14.05.2022 14:00 часот ЖРК КУМАНОВО – ЖРК МЕТАЛУРГ 14.05.2022 17:00 часот ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – ЖРК ЧАИР 15.05.2022 17:00 часот ФИНАЛЕ Натпреварите ќе се одиграат во Сала Јасмин, Кавадарци.

Read More

Фудбалерите на Ливерпул утревечер го играат првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите против екипата на Виљареал. Менаџерот Јирген Клоп вели дека неговиот тим нема да ги потцени шпанскиот тим, особено не по нивните настапи на дуелите со Јувентус и на Баерн Минхен. „Можеби имаше мала предност за Виљареал кога Јуве и Баерн ги потценија, но тоа нема да се случи со нас. И тие сакаат финале, но тоа е важно и за нас. Тие се седми во Ла лига, а по победата над Баерн, играа со Билбао и Унаи направи 11 замени, така што е јасно дека Ла…

Read More

Андреа Белоти на крајот од сезоната го напушта Торино, а на маса веќе добил неколку добри понуди. Неговиот договор со „биковите“ истекува во јуни, а тој нема да потпише нов и сигурно е дека ќе си замине како слободен играч. Новинарот Руди Галети тврди дека Италијанецот е на мета на Севиља, Вест Хем и Аталанта, но дека има мали шанси да остане во Серија А. Белоти има 28 години, а некогаш беше на мета на Арсенал. Торино бараше над 60 милиони евра за голгетерот, а сега ќе остане практично без ништо.

Read More