Author: saso

Тотенхем ќе остане без голем број важни играчи за клучното гостување против Ливерпул во сабота навечер. Серхио Регилон, за кого Антонио Конте стравува дека ќе отсуствува до крајот на сезоната е само уште едно име во низата отсутни. Шпанецот има повреда на мускулот на препоните и тешко дека ќе биде подготвен за некој од последните натпревари. Оливер Скип, Мет Доерти и Џафет Танганга се исто така на листата на повредени, што значи дека конте има само 15 првотимци, меѓу кои и ѕвездите Хари Кејн и Хјун Мин Сон за дуелот со „црвените“. Саботниот натпревар е клучен за двата тима, бидејќи…

Read More

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе наводно дал усна согласност за нов 2-годишен договор со ПСЖ, објави уште исноќа весникот „Ле Паризиен“, а веста ја потврдија и неколку други извори. На 23-годишниот Мбапе му истекува договорот на крајот од сезоната и во моментов се шпекулира дека речиси сигурно ќе се пресели во шпанскиот гигант Реал Мадрид. Сепак, медиумите во франција објавија дека тој и неговите родители ја прифатиле последната понуда од ПСЖ за нов договор. Според различни извештаи, Пари Сен Жермен му понудил годишна плата од 50 милиони евра и уште 100 милиони како бонус за потпис на нов договор.

Read More

Француските елитни фудбалски клубови објавија загуби од 645 милиони евра за време на Ковид-сезоната 2020/2021. Според Комисијата за финансиски надзор во Лига 1 билансите на 17 од 20-те клубови се „црвени“ во овој период. Натпреварите во Лига 1, исто како и остатокот од Европа, од октомври се одржуваа без навивачи и со капацитет до 5000 гледачи во текот на летото. Позитивен биланс во овој период успеале да направат само Ст. Етјен, Рен и испаднатиот Дижон. Загубите на клубовите за сезоната се за 140 отсто поголеми од претходната.

Read More

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, се извини што ги загуби нервите за време на синоќешниот пораз од Ајнтрахт, кој ги остави „чеканите“ без финале во Лигата на Европа. Тој беше исклучен откако налутено ја шутна топката кон едно од момчињата на теренот, бидејќи премногу долго ја држеше топката в раце, пред да ја врати во игра. „Ја шутнав топката кон момчето и се извинувам поради тоа, но тој пред тоа премногу слабо ми ја додаде. Извинете што ги загубив нервите“, се обиде да се пошегува Мојс по натпреварот.

Read More

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала се согласил да премине во Интер следната сезона. Ова го соопшти авторитетниот спортски весник, „Газета дело спорт“. Според изворот, миланскиот клуб разговарал со претставниците на напаѓачот минатата недела. Се очекува Аргентинецот на лето да потпише четиригодишен договор со „нероаѕурите“ со годишна плата од 6 милиони евра плус дополнителни бонуси. Јувентус не сакаше да го продолжи договорот со аргентинскиот напаѓач и тој по завршувањето на сезоната ќе го напушти Торино како слободен играч. 

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација, предводена од новиот селектор Ратко Павличевиќ, денеска во Маврово ќе го има првиот собир во рамките на подготовките за престојниот старт на Европската сребрена лига 2022. Павличевиќ на собирот повика 24 одбоjкари, главно оние кои се дел од нашата репрезентација и во последните два циклуса. На техничарската позиција се повикани Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Ефтим Ричлиев и Давид Стојанов; Никола Ѓорѓиев, Стојче Арсов и Стефан Алексов се на коректорската позиција, на позицијата примач се повикани Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Васе Михаилов и новаците Блертон Бафтијари од Шкендија, Ангел Бошков од Универзитет во Тетово…

Read More

Мохамед Салах не крие против кого сака да игра во финалето на Лигата на шампионите. „Црвените“ се прв финалист во годинешното издание на најквалитетното клупско натпреварување и вечерва ќе го дознаат својот ривал на финалето во Париз. „Ако мене лично ме прашувате, сакам да играм против Реал Мадрид“, одговори Салах. Тој не крие дека сака да му се реваншира на Реал за поразот во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година, кога „кралевите“ славеа со 3:1 благодарение на грешките на поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус, а во споменатото финале Серхио Рамос го повреди Салах.

Read More
NBA

Кошаркарите на Мемфис синоќа на домашен терен го добија Голден Стејт со 106:101 и со тоа израмнија на 1:1 во полуфиналната серија од Западната конференција на НБА лигата. Домашниот тим до победата го предводеше Џа Морант, кој постигна 47 поени, од кои 18 во последната делница. Морант забележа и осум асистенции и скока и три украдени топки. Тој стана само третиот играч во историјата на НБА лигата кој постигнал над 45 поени во неколку натпревари во плејофот пред да наполни 23 години. Пред него тоа го направија Леброн Џејмс и Коби Брајант. Бостон на домашен терен го победи Милвоки со…

Read More

Дефанзивецот на Виљареал, Раул Албиол проговори за поразот од Ливерпул во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите со 3:2. „Денеска не беше наша вечер, но тимот направи се што можеше. Не погоди првиот гол на Ливерпул. Скапо ги плативме сите колосални напори што ги вложивме во првото полувреме, кога одигравме многу добро. Ја спуштивме границата во однос на дуелите по паузата и го добивме заслуженото. Но, Ливерпул е многу физички силен. Ова е тажна вечер за нашиот клуб. Знаевме дека второто полувреме ќе биде долго и исцрпувачко, но по влегувањето на Луис Дијаз, играта на Ливерпул се промени, тие постигнаа…

Read More

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по мечот со Виљареал во реванш-полифиналето до Лигата на шампионите, откри за што разговарал со играчите на паузата. „За време на полувремето им кажав на момците дека треба да играат подобро во второто полувреме. Ги замолив моите помошници да најдат пример за тоа што направивме правилно во првото полувреме, но тие не можеа да го сторат тоа. Потоа им кажав на момците дека треба да бараат слободни зони, да играат пофлексибилно и да престанат да им ја даваат топката на играчите кои беа одлично маркирани“. Избраниците на Јирген Клоп се пласираа во финалето на Лигата…

Read More