Кошаркарите на Мемфис синоќа на домашен терен го добија Голден Стејт со 106:101 и со тоа израмнија на 1:1 во полуфиналната серија од Западната конференција на НБА лигата. Домашниот тим до победата го предводеше Џа Морант, кој постигна 47 поени, од кои 18 во последната делница.
Морант забележа и осум асистенции и скока и три украдени топки. Тој стана само третиот играч во историјата на НБА лигата кој постигнал над 45 поени во неколку натпревари во плејофот пред да наполни 23 години. Пред него тоа го направија Леброн Џејмс и Коби Брајант.
Бостон на домашен терен го победи Милвоки со 109:86 и израмни на 1:1 во полуфиналето на Источната конференција. Домашните поведоа со 18:3 во првиот дел, а до крајот само ја зголемија предноста која во еден момент изнесуваше 26 разлика (72:46).
Џејлен Браун беше најефикасен кај Бостон со 30 поени, еден поен помалку постигна Џејсон Тејтум, со осум асистенции, Грант Вилијамс постигна 21 поен, а Ал Хорфорд дабл-дабл со 11 поени и скокови.