Author: saso

Викторија Плзен стана чешки шампион по шестипат во својата историја. По победата од 2-0 како гостин кај Храдец Кралове во натпреварот од 4. коло ово доигрувањето, Викторија успеа да ја обезбеди шампионската круна. Тимот веќе има 82 бода, а главниот конкурент Славија Прага има 78, откако на гостувањето кај Бањик Острава дозволи изненадувачко реми 1:1. Плзен е недостижен на врвот, бидејќи до крајот останува само едно коло.

Read More
NBA

Српскиот центар од екипата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, и официјално е прогласен за најкорисен играч во НБА, веќе втора сезона по ред.  Тој стана првиот играч во историјата на НБА со 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции во една сезона. Во отсуство на другите двајца лидери на тимот, Џамал ​​Мареј и Мајкл Портер, Јокиќ им помогна на Нагетс да стигнат до плеј-офот, но тимот беше елиминиран во првото коло од Голден Стејт со 1-4 во серијата. Јокиќ е 15-тиот играч во историјата на лигата кој има добиено МВП награди повеќе од една. Истотака, тој стана 13-тиот кој ја…

Read More

Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг најверојатно ќе ја напушти Каталонија ова лето. Според некои информации, тој до крајот на месецот треба да направи трансфер во Манчестер Јунајтед. Според пишувањата на извори доброупатени во случувањата на Островот, шансите тој да направи трансфер на „Олд Трафорд“ се до 95%. Висината на трансферот ќе биде 70-80 милиони евра. Од каталонскиот клуб веруваат дека Холанѓанецот значително ќе загуби од вредноста доколку остане во тимот уште една сезона и затоа од економски причини ќе прифатат да го продадат.

Read More

По вчерачниот пораз во финалето на Купот на Италија, легендата на италијански Јувентус, Џорџо Киелини го најави своето заминување од Јувентус на крајот на сезоната. „Последните 10 години беа одлични, а сега момците треба да го продолжат она што го започнаа. Направив се што можев и се надевам дека ќе оставам нешто зад себе. Во понеделник ќе се збогувам со мојот стадион, а потоа, ако имам уште сили, ќе можам последен пат да настапам во Фиренца. Ова е сто проценти мој избор, драго ми е што си заминувам, на толку високо ниво. Долги години кажувам дека не сакам да завршам…

Read More

Како што утрово објавија романските медиуми, Дејан Манасков ќе биде нов играч на екипата на Динамо Букурешт. Според информациите, Динамо планира сериозно да се засили за следната сезона во која сака да се искачи меѓу најдобрите 12 екипи во Европа. Нашето репрезентативно крило кое ја зварши соработката со екипата на Телеком Веспрем, е еден од трите веќе договорени трансфери, објавуваат романските весници. Меѓу нив освен Дејан Манасков, се и српскиот центар Лазар Кукиќ од Бенфика и Бразилецот Жоао Педро Силва, кој доаѓа од шпанскиот тим Пуенте Женил.

Read More

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте вели дека се согласува со Гвардиола за тежината да се освои англиската Премиер лига. „Освојувањето на лигата во Англија не е лесно. Гвардиола рече дека Ливерпул освоил само една титула во последните 30 години. Можеби понекогаш е полесно да се освои Лигата на шампионите или некое друго натпреварување отколку лигата во Англија“, смета италијанскиот стратег.

Read More

Њукасл се обиде да го ангажира напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, но првата понуда на англискиот клуб беше одбиена од Италијанците. Според изворот, „наполитанците“ не биле задоволни од сумата што англискиот клуб ја понудил за 23-годишниот нигериски напаѓач. Наполи е подготвен да ги разгледа сите понуди за Осимен за најмалку 100 милиони евра. Актуелниот договор на нигерискиот напаѓач со наполитанците е до летото 2025 година.

Read More

Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Лионел Меси заминал на одмор во Саудиска Арабија, иако до крајот на сезоната има уште две кола во Франција. Напаѓачот ги искористи неколкуте слободни денови и замина на одмор со својот соиграч Леандро Паредес на Црвеното море. Двата натпревари што треба да ги одигра ПСЖ се неважни, откако тимот ја обезбеди титулата во Лига 1. Најверојатно Меси нема да игра на нив и затоа замина порано на одмор.

Read More

Финалето на Конференциската лига на УЕФА во 2023 година ќе се одржи на 7 јуни на „Еден Арена“ во Прага, соопшти УЕФА. Одлуката беше одобрена од Извршниот комитет на УЕФА по состанокот во Виена. Овогодинешното финале меѓу Рома и Феенорд во истото натпреварување ќе се одигра на 25 мај на „Арена Комбетаре“ во Тирана, Албанија. Конференциската лига, третиот по големина европски клупски фудбалски турнир по Лигата на шампионите и Лигата на Европа, ја забележа својата прва сезона токму оваа година.

Read More

УЕФА денеска заедно со Германија како организатор на следното Европско фудбалско првенство во 2024 година, ги објави градовите кои ќе ја имаат улогата на домаќини на натпреварите. Европското првенство во Германија ќе се игра во десет градови: Берлин, Хамбург, Лајпциг, Дизелдорф, Франкфурт, Дортмунд, Гелзенкирхен, Франкфурт, Штутгарт, Келн и Минхен. Интересно, ова се истите градови кои беа домаќини и на Светското првенство во 2006 година, со исклучок на Кајзерлсаутерн и Нирнберг. Отворањето и првиот меч ќе бидат на 14 јуни на „Алијанц Арена“ во Минхен, додека финалето ќе се игра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин. На првенството ќе…

Read More