Српскиот центар од екипата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, и официјално е прогласен за најкорисен играч во НБА, веќе втора сезона по ред. Тој стана првиот играч во историјата на НБА со 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции во една сезона.
Во отсуство на другите двајца лидери на тимот, Џамал Мареј и Мајкл Портер, Јокиќ им помогна на Нагетс да стигнат до плеј-офот, но тимот беше елиминиран во првото коло од Голден Стејт со 1-4 во серијата.
Јокиќ е 15-тиот играч во историјата на лигата кој има добиено МВП награди повеќе од една. Истотака, тој стана 13-тиот кој ја освоил наградата двапати по ред.