Author: saso

Германскиот бундеслигаш Волфсбург со заедничка согласност реши да се раздели со тренерот Флоријан Кофелд, потврдија од бундеслигашот. Раководството на „волците“ одлуката ја донесе по темелна анализа и по завршувањето на сезоната, потврдувајќи ги прогнозите на некои од водечките германски медиуми. „Жалиме за ваквиот развој на настаните и му благодариме на Флоријан Кофелд што ни помогна во оваа тешка ситуација и донесе правилни одлуки за да се осигураме дека ќе останеме во елитата. Не сакаме да бидеме под притисок од почетокот на следната сезона и се договоривме да ја завршиме заедничката соработка“, изјави Јерг Шмадке, директор на клубот од Долна Саксонија.

Read More

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала денеска пред навивачите на тимот ќе го одигра последниот натпревар во дресот на „Старата Дама“. На Аргентинецот му истекува договорот и сега е јасно дека нема да го обнови. Тој ја користи можноста да се прости од фановите со емотивна објава на Инстаграм. „Тешко ми е да најдам зборови за да се збогувам со вас. Поминаа толку многу години и имавме толку многу емоции заедно. Очекував да останеме заедно уште неколку години, но судбината не испрати по различни патишта. Нема да заборавам се што ми дадовте, секој натпревар, секој гол.. Учев со тебе, го живеев…

Read More

Ракометарите на Вардар синоќа со фантастичен финиш успеа да слават во финалето на националниот ракометен куп и да ги обединат титулите оваа сезона. Во последниот напад, „црвено-црните“ погодија со голот на Филип Талески и успеаја да направат целосен пресврт во второто полувреме, во кое едно време имаа и 5 гола негатива. „Овој меч го реши карактерот и името – Вардар. Вардар 5-6 години покажува дека има голем карактер. И кога губи не се откажува до последната секунда. Тоа го покажавме и денеска. Водевме 4 разлика, па ни направија серија од 8:0 што не е дозволиво, меѓутоа во второто полувреме имавме…

Read More

Ракометарите на Вардар ја освоија двојната круна во македонскиот ракомет оваа година. Во супер-интересното финале на завршниот турнир во Кавадарци, Вардар се врати од минус 4 на полувремето и на крајот со 23:22 го совлада Е. Пелистер и успеа да го освои 15. куп-трофеј во клупската историја. Битолчани треба да жалат, бидејќи имаа отворен пат кон пехарот, но се чини немаат искуство за вакви големи битки. Талески постигна шест гола, зад него беше Џукиќ со пет, Томовски имаше 12 одбрани. На другата страна Периќ и Граџан имаа по пет гола, Секељи имаше 13 интервенции. Финалето го одбележаа и кратки инциденти,…

Read More

Металург е новиот освојувач на Купот на Македонија во ракомет во женска конкуренција. Во финалето на завршниот турнир во Кавадарци, Металург славеше со 30:27 во финалето со градскиот ривал Ѓорче Петров. Тимот од Автокоманда играше одлично од почетокот на мечот и успеа да направи голема разлика за да дојде до предност која до крајот успеа умешно да ја сочува. Ива Младеновска со девет гола и Ива Божиновска со осум беа лидери кај новиот освојувач на трофејот, Илјаз имаше 11 одбрани. На другата страна Симона Стојановска постигна осум гола.

Read More

Тимур Дибиров ќе го носи дресот на Вардар и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката. Веста ја потврдија денеска од клубот. Вардар и левото крило се договориле за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра 10-тата сезона во Скопје. Тој е еден од оние ракометари со најдолг стаж во клубот со кого се поврзауваат и најголемите клупски успеси на Вардар. Миленик на публиката и голем мотиватор на екипата. „Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за…

Read More

Астон Вила се договори со Барселона за купопродажната цена на Филипе Кутињо, а според најавите, Ангичаните ќе го добијат Кутињо за далеку помала цена од онаа која беше ставена во клаузулата за откуп. Во клаузуката со Филипе Кутињо, Астон Вила доби опција за купување на бразилскиот играч за 40 милиони евра. Сепак, според весникот „Гардијан“ сега Вила се договорила со Барселона за половина од првичната цена да го добие Бразилецот. Сумата е 20 милиони евра, а Астон Вила ќе добие соодветна рунда на попусти за договорот на Кутињо.

Read More

Масимилијано Алегри по мечот со Интер синоќа го прокоментира исклучувањето во финалето на Купот на Италија. Тренерот на Јувентус беше исклучен по втор жолт картон добиен во 104. минута на средбата. „Некој од Интер помина и ме шутна. Се налутив и судијата со право ме исклучи“, изјави Алегри. Според италијанските весници, Алегри имал пресметка со вториот тренер на Интер, Масимилијано Фарис.

Read More

Мото ГП тимот на Сузуки Рејсинг утрово објави соопштение во кое јасно става до знаење дека сака да го напушти Мото ГП. Јапонската компанија предупредува дека разговара со организаторот на Светското првенство во мотоциклизам да се откаже од првенството по завршувањето на оваа сезона. Доколку се оствари оваа ненадејна одлука, конструкторот би ги оставил Алекс Ринс и Жоан Мир без тим. „Сузуки Мотор Корпорејшн е во преговори со Дорна за можноста да го прекине своето учество во Мото ГП на крајот на 2022 година“, се вели во соопштението. Од Сузуки велат дека, сегашната економска ситуација ги приморува да ги фокусираат…

Read More

Пријателскиот натпревар меѓу јужноамериканските фудбалски гиганти Бразил и Аргентина, закажан за во јуни во Австралија е откажан. Натпреварот беше планиран како дел од подготовките на двете селекции за Светското првенство во Катар, но координаторот на Бразилската фудбалска конфедерација Жунињо Паулиста изјави дека нивните аргентински колеги одлучиле да го откажат мечот. Аргентинската фудбалска федерација не даде коментар за ова прашање, но се претпоставува дека откажувањето на натпреварот најверојатно е диктирано од одлуката на ФИФА да се преигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Бразил и Аргентина. Натпреварот меѓу двете селекции во септември минатата година беше прекинат набргу откако здравствените служби влегоа…

Read More