Мото ГП тимот на Сузуки Рејсинг утрово објави соопштение во кое јасно става до знаење дека сака да го напушти Мото ГП. Јапонската компанија предупредува дека разговара со организаторот на Светското првенство во мотоциклизам да се откаже од првенството по завршувањето на оваа сезона. Доколку се оствари оваа ненадејна одлука, конструкторот би ги оставил Алекс Ринс и Жоан Мир без тим.
„Сузуки Мотор Корпорејшн е во преговори со Дорна за можноста да го прекине своето учество во Мото ГП на крајот на 2022 година“, се вели во соопштението.
Од Сузуки велат дека, сегашната економска ситуација ги приморува да ги фокусираат своите напори на големите промени во автомобилскиот свет со кои се соочуваат во последните години.

