Александар Васоски поднесе оставка на функцијата тренер на ФК Сараево по вчерашниот дерби дуел со Железничар кој заврши нерешено 1:1. Нашиот стручњак решил да ја напушти клупата на Сараево и тоа и го соопштил и на управата на клубот. Васоски на прес-конференцијата по мечот истакнал дека чувствува одговорност за лошите резултати на тимот и решил да си замине. „Чувствувам одговорност и решив да поднесам оставка. Им благодарам на клубот и на навивачите за се“, изјави македонскиот стратег. Васоски минатата зима пристигна на клупата на Сараево. Тој го предводеше тимот на 15 натпревари и има учинок од четири победи, три нерешени…
Author: saso
Денеска во Скопје традиционално по шестипат се одржа трката HalkEco Skopje RUN на 10KM. Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб Работнички, под покровителство на Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт, овој спортски настан госинава собра 1300 маратонци, а почетокот и финишот на трката беше во центарот на градот. Победник во машката категорија на овогодинешната десеткилометарска трка, како и претходните 5 изданија, е Дарио Ивановски, со нов рекорд од 29:42 минути. На второто место се најде Џастин Фриман, со време од 32:03, а третото место му припадна на Атанас Анчевски, со време на…
Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, се извини за поразот од Брајтон со 4-0 во 36. коло од Премиер лигата. По поразот, Јунајтед остана шести во поредокот со 58 бодови и ги загуби шансите да заврши во Топ 4. „И ова може да се случи. Од првата до последната минута едноставно не беше добро. Можеме само да се извиниме за овој настап и понижувачкиот пораз“, изјави Рангник, кој на крајот од сезоната ќе се повлече од функцијата, а нов менаџер на тимот ќе биде Ерик тен Хаг. „Победата во понеделникот над Брентфорд беше поинаква. Против Брајтон на противникот му…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот тим се уште ќе се бори за титулата во Премиерлигата и покрај синоќешните 1:1 на домашен терен со Тотенхем. „Натпреварот беше доста тензичен, но кога играш со врвни тимови треба да имаш среќа во решавачките моменти. Продолжуваме да ги следиме нашите цели“, изјави Клоп и додаде дека не очекува Манчестер Сити да направи погрешен чекор на денешниот домашен натпревар против Њукасл.
Шалке 04 на нашиот Дарко Чурлинов синоќа го прослави враќањето во Бунделсигата. Со победата од 3-2 над Сент Паули, Шалке собра 62 бода на врвот на табелата, пет повеќе пред неговите главни ривали Хамбургер, Дармштад и Вердер Бремен. Гостите мечот го завршија со двајца играчи помалку, откако беа исклучени најпрвин во 81. минута Марсел Бејфус, а потоа во петтата минута од дополнителното време и Матановиќ, кој доби втор жолт картон.
Шарл Леклер на Ферари вечерва ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Мајами во Ф1 шампионатот. Тој синоќа ја освои пол-позицијата пред петтата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Лидерот во генералниот пласман пред првата трка на улиците на Мајами дојде со одличен круг од 1:28.796 минути, со предност пред тимскиот колега Карлос Саинс Јуниор кој ќе стартува како втор. Двоецот на Ферари од третата позиција ќе го следи бранителот на титулата Макс Верстапен. Првата трка за Големата награда на Мајами во историјата на Ф1 шампионатот се вози вечерва од 21.30 часот.
Фиорентина ќе ја плати сумата од 15 милиони евра што Арсенал ја бара за продажба на Лукас Тореира ова лето. Италијанските весници тврдат дека „Ла Виола“ сега е „блиску“ до трајно ангажирање на уругвајскиот играч од средниот ред во летниот трансфер период. Фиорентина е подготвена да плати 15 милиони евра за постојан договор ма Тореира кој оваа сезона игра за позајмица. Во Арсенал не се подготвени да прават никакви попусти за Тореира.
Вчера во Хотелот „Континентал“ во Скопје заврши Отвореното Првенство на Македонија во шах за 2022. Победник на Open турниот и шампион на Македонија во поединечна конкуренција за сениори е репрезентативецот на Македонија, член на ШК Алкалоид, Филип Панчевски. Победник на женскиот турнир и шампион на Македонија во поединечна конкуренција за сениорки е репрезентативката, членка на ШК Алкалоид, Моника Стојковска.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го продолжи договорот со лондонскиот клуб. Новиот договор ќе биде до крајот на сезоната 2024/2025, информираа на официјалниот сајт на „топчиите“. По 34 одиграни кола од англиската Премиер лига, Арсенал е на четвртото место во поредокот. „Топчиите“ освоија 63 поени и си гарантираа пласман во европските натпреварувања за следната сезона. „Возбуден сум, благодарен и многу, многу среќен денеска“, изјави Артета по потпишувањето на новата соработка со лондончани.
Играчот за врска на Манчестер Јунајтед и француската фудбалска репрезентација Пол Погба е во преговори со Пари Сен Жермен и Јувентус. Договорот на играчот од средниот ред со Англичаните истекува на крајот од сезоната, а двата тима се главни кандидати за играчот. Агентите на Погба веќе разговарале со претставници на заинтересирани клубови. Моменталната плата на играчот од средниот ред е 17 милиони евра годишно, но тој е подготвен да ги намали финансиските барања за да се пресели во Париз или да се врати во Торино. Французинот оваа сезона одигра 20 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 1 гол и…
