Шарл Леклер на Ферари вечерва ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Мајами во Ф1 шампионатот. Тој синоќа ја освои пол-позицијата пред петтата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Лидерот во генералниот пласман пред првата трка на улиците на Мајами дојде со одличен круг од 1:28.796 минути, со предност пред тимскиот колега Карлос Саинс Јуниор кој ќе стартува како втор.
Двоецот на Ферари од третата позиција ќе го следи бранителот на титулата Макс Верстапен.
Првата трка за Големата награда на Мајами во историјата на Ф1 шампионатот се вози вечерва од 21.30 часот.

