Author: saso

Белгиската ѕвезда во екипата на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, зборуваше за неговата состојба пред реваншот од ½-финалето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид. „Јас се чувствувам добро. Добив многу удари против Атлетико, но сега се е во ред. Многу ми е драго што сум во форма и поминувам многу натпревари на терен“, изјави Де Брујн. Тој вечерва ќе биде еден од главните адути на „граѓаните“ кон второ последователно финале во Лигата на шампионите.

Read More

Манчестер Јунајтед му нуди договор на напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, со годишна плата од околу 12 милиони евра.. Претходно 24-годишниот напаѓач беше на мета и на ПСЖ, а парижани на Французинот му понудиле околу 14 милиони евра годишно. Договорот на Дембеле со Барселона истекува во јуни, но Каталонците ќе се обидат да го задржат играчот и следната сезона. Оваа сезона тој одигра 29 натпревари за Каталонците, постигнувајќи два гола и 11 асистенции.

Read More

Голманот на Наполи, Давид Оспина може да потпише нов договор со тимот од Неапол. Претходно беше објавено дека Лацио има интерес да го купи колумбискиот чувар на мрежата, но по се изгледа тој сака да остане во тимот на нашиот Елмас. Иднината на Оспина во Наполи зависи од друг голман – Алекс Мерет, кој може да го напушти тимот ова лето. Наполитанците во овој случај на својот нов голман ќе му понудат нов договор. 33-годишниот Оспина му се приклучи на наполитанскиот клуб од Арсенал во јули 2019 година.

Read More

Македонските одбојкари отвораат ново поглавје во настапите на три фронта, сега со Ратко Павличевиќ на селекторската позција. Српскиот стратег ќе го преземе кормилото на црвено-жолтите пред новиот обид конечно да се освои Европската сребрена лига, а потоа преку учеството на Медитеранските игри, турнирот „Чајка“ и пријателските натпревари, да се одреди новиот изглед на тимот чијашто задача е да се одржи, а по можност и да се унапреди пред Европското првенство во 2023-та на коешто ние ќе бидеме коорганизатори. Павличевиќ, кој во 2018-тата кратко беше во стручниот штаб на македонската репрезентација, ќе прозива утре во Маврово, а според очекувањата, неговиот избор…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Лидс, J. Калвин Филипс ќе ја одбие понудата за трансфер во Манчестер Јунајтед, објави Дејли Мејл. Ова ќе се случи и покрај шпекулациите дека новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг го посакува 26-годишниот играч од средниот ред како дел од формирањето на новиот тим за следната сезона. Астон Вила и Њукасл исто така се заинтересирани за англискиот репрезентативец и понуда од 60 милиони фунти би можела да биде доволна доколку тој повторно не потпише со сегашниот тим.

Read More

Мет Џаџ поднесе оставка како директор за фудбалски преговори на Манчестер Јунајтед, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до клубот. Џаџ е задолжен за трансферите на „Олд Трафорд“ од 2014 година. Моментално е на прагот на заминување и официјално ќе поднесе оставка кон крајот на годинава. Тој е уште едно име од управата на клубот, која се разделува со „црвените ѓаволи“. На почетокот на оваа година, извршниот потпретседател Ед Вудворд си замина, а пред неколку недели клубот се раздели со своите врвни скаути, Џим Лолер и Марсел Бут.

Read More

Претставници на Манчестер Сити вчера го посетиле познатиот фудбалски агент Мино Раиола во болница за да преговараат за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд. „Граѓаните“ очекуваат да ги забрзаат преговорите за трансфер на норвешкиот фудбалер и најдоцна следниот месец трансферот да биде комплетиран. Претходно беше објавено дека Ерлинг Холанд се договорил со Манчестер Сити за петгодишен договор со плата од 600.000 евра неделно, што ќе го направи најплатен играч во Премиер лигата.

Read More

Милан соопшти дека сите продадени билети за гостински навивачи за претстојниот натпревар против Фиорентина се откажани и ќе бидат препродавани. Скандалот избувна во петокот, откако стана јасно дека само 200-300 навивачи на „виолетовите“ ќе присуствуваат на Сан Сиро за неделниот натпревар. Причината за тоа беше што миланскиот клуб ја отвори продажбата на гостински билети за сите навивачи, дозволувајќи им на своите навивачи да ги купат сите билети. Во соопштението на Милан се вели дека клубот одлучил да ги откаже сите билети продадени на гостинските навивачи како резултат на спорот. „Росонерите“ тврдат дека се почитувани сите правила околу продажбата на овие…

Read More

Конзорциумот предводен од косопственикот на Лос Анџелес Доџерс, Тод Боли е во ексклузивни преговори за купување на Челзи за 3 милијарди долари, објави Ројтерс. Претходно во текот на денот, британскиот милијардер Џим Ретклиф објави дека во последен момент дал „официјална понуда“ за купување на клубот за 4,25 милијарди фунти. Челзи беше ставен на продажба од сопственикот Роман Абрамович по руската инвазија на Украина и санкциите против олигархот наметнати од британската влада.

Read More

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, изјави дека ќе разговара за иднината на Кристијано Роналдо во тимот со новиот менаџер Ерик тен Хаг и бордот на клубот. Договорот на португалскиот напаѓач со клубот истекува на крајот на следната сезона. 37-годишниот фудбалер оваа сезона постигна 17 гола на 28 првенствени натпревари, вклучувајќи го и израмнувачкиот гол против Челзи синоќа. Само Мохамед Салах има постигнато повеќе од Роналдо. „Ова е нешто за што треба да го разговараме со Ерик и одборот“, рече Рангник. „Кристијано има уште една година договор. Важно е да каже што сака и дали сака да остане“, додаде…

Read More