Младиот шпански тенисер, 18-годишниот Карлос Алкараз денеска за првпат во кариерата влезе во најдобрите десет тенисери во светот. Откако ја освои тутилата во Барселона минатата недела, тој скокна две места на АТП-листата и успеа да ги престигне Канаѓанецот Феликс Ожер-Алиасим и Британецот Камерон Нори. Пред само една година Алкараз не беше ниту во Топ 100, но благодарение на блескавите игри и големиот напредок во сите сегменти од играта, денес е деветти тенисер во светот.
Author: saso
Еден од најдобрите кошаркари на Голден Стејт, Клеј Томпсон, по поразот од Денвер во четвртиот натпревар од првото коло на плеј-офот изјави дека тимот мора да ја заврши серијата во петтиот натпревар на домашен терен. „Мораме да победиме на петтиот натпревар. Немаме друг избор, само победа. Би сакале да одмориме пред следната серија. Не би сакал да се вратам во Денвер“, призна Томпсон.
Во пресрет на утрешниот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал (М), менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за натпреварот. „Ако треба да се соочиме со историјата, тогаш немаме шанси. Историјата зборува сама за себе. За нас тоа ќе биде неверојатен тест и ќе се обидеме да го поминеме. Ќе страдаме кога треба да страдаме, ќе ја имаме топката, ќе напаѓаме кога ќе можеме“, вели Гвардиола. „Победата над ПСЖ не беше среќа или шанса, ништо од тој вид. Имаат многу квалитет. Луѓето велат дека тоа беше среќа, но не е, тоа го знаеме и…
Женската ракометна репрезентација на Македонија на 28 април ќе ги дознае противниците за ЕП кое кон крајот на оваа година ќе се одржи и во Скопје. Ждрепката е закажана во 17 часот, а домаќин ќе биде главниот град на Словенија, Љубљана. Покрај овие две земји, еден дел од групната фаза ќе се игра и во Црна Гора, додека во Скопје покрај групната фаза ќе се одигра и главната рунда. Македонија се наоѓа во третиот шешир заедно со Словенија, Хрватска и Германија, противници со кои нема да се сретне во групната фаза. ШЕШИРИ ЕП 2022 Шешир: Норвешка, Франција, Данска, Холандија Шешир:…
Со победата над Ренова од 2:0, екипата на Шкупи и математички е недостижна на првото место на табелата оваа сезона во ПМФЛ. Чаирчани по пауза од две децении повторно се шампиони. Тимот на Гоце Седлоски со денешниот триумф направи предност од 13 бода пред Академија Пандев на четири кола пред крајот и сосема заслужено ја освоија шампионската круна. Фудбал, ПМФЛ – 29.коло Шкендија – Македонија ЃП 3:1 Шкупи – Ренова 2:0 Струга – Пелистер 4:0 Тиквеш – Борец 5:0 Вчера Академија Пандев – Брегалница 2:1 Работнички – Скопје 0:1
Откако АТП не се согласи со одлуката на Вимблдон да го забрани настапот на руските и белоруските тенисери на нивниот турнир, се порака се огласи и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ. „Играчите и тренерите немаат никаква врска со тоа. Мешање политика во спорт не смее да се случи, не можам тоа да го поддржам“, изјави најдобриот светски тенисер, кој оваа недела настапува на турнирот во Белград, додавајќи: „Секогаш ќе ја осудувам војната, нема да ја поддржам. Како воено дете знам колку трауми остава тоа, бидејќи и ние на Балканот сме имале многу војни, но не можам да ја поддржам одлуката…
Европската фудбалска централа ја започна процедурата за продажба на билети за финалето на Лигата на шампионите кое сезонава ќе се игра на „Стад де Франс“ во Париз на 28 мај. 52.000 билети од вкупниот капацитет од 75.000 на стадионот ќе бидат поделени меѓу навивачите, а 20.000 ќе бидат доделени на тимовите финалисти. Најевтините билети ќе се продаваат по цена од 70 евра, додека оние најскапите чинат и скоро 700 евра.
Официјално, холандскиот стручњак Ерик тен Хаг е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, потврдија од клубот. Специјалистот ќе почне да работи на „Олд Трафорд“ по завршувањето на оваа сезона со договор до летото 2025 година. „За мене е голема чест да бидам назначен за менаџер на Манчестер Јунајтед и исклучително сум возбуден поради претстојниот предизвик. Ја знам историјата на овој голем клуб и страста на навивачите. Решен сум да го развијам овој тим, способен да го постигне успехот што таков клуб го заслужува“, беа првите зборови на Тен Хаг.
Женската ракометна репрезентација на Македонија подготвена го очекува првиот од двата дуела против актуелниот светски и европски првак, селекцијата на Норвешка, во рамките на Евро Купот на Европската ракометна федерација (ЕХФ). За време на неделата на ЕХФ, нашите ракометарки првиот натпревар против фаворизираната Норвешка ќе го играат утре во СЦ „Борис Трајковски“ (19.30 ч.), а реваншот е на гостински терен, в недела (16 ч.). Селекторот Љубомир Савевски и на овие два меча со фаворизираната Норвешка, како и на претходните со Црна Гора и со Словенија, не ќе може да смета на неколку стандардни ракометарки. Поради повреди нема да настапат Елена…
Најдобрата македонскатa фудбалска судијка, Ива Пројковска, ќе биде дел од судиите кои ќе делат правда на натпреварите на Европско првенство во фудбал во женска конкуренција. Ова е големо признание за Пројковска, која во последно време е редовен дел од најголемите фудбалски настани кај дамите. Пројковска ќе биде дел од списокот на елитни судии кои ќе судат на ЕВРО 2022 кое ќе се одржи од 6 до 31 јули во Англија.
