Еден од најдобрите кошаркари на Голден Стејт, Клеј Томпсон, по поразот од Денвер во четвртиот натпревар од првото коло на плеј-офот изјави дека тимот мора да ја заврши серијата во петтиот натпревар на домашен терен.
„Мораме да победиме на петтиот натпревар. Немаме друг избор, само победа. Би сакале да одмориме пред следната серија. Не би сакал да се вратам во Денвер“, призна Томпсон.