Иако многумина сметаат дека вчера својот последен меч во репрезентацијата го одигра и нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров, тој по мечот сепак ја одложи најавуваната ракометна пензија за неколку месеци. „Кажав уште во изјавите дека сега не е време за пензија и простувања, најважно е Македонија да игра на СП. Мора да ја негуваме традицијата и во тешки моменти да дадеме поддршка. Полека излегуваме на површина и градиме нова репрезентација затоа што народот и Македонија ја сака и ја почитува оваа ракометна селекција. Мислам дека, 90% ќе ме гледате во тренерка на следното СП. Ја продолжив кариерата на уште една…
Author: saso
Навивачите на Челзи на социјалните мрежи го критикуваа напаѓачот Ромелу Лукаку, откако тој промаши чиста шанса во победата од 2-0 над Кристал Палас во полуфиналето на ФА Купот. Лукаку не беше во стартниот состав и на теренот влезе во 77. минута од средбата. Во еден од следните напади на „сините“, Тимо Вернер му ја додаде топката на Ромелу Лукаку, кој го промаши противничкиот гол од два метри. Навивачите на Челзи го критикуваа Лукаку поради слабата реализација, а еден навивач на социјалните мрежи го повика клубот да го продаде белгискиот напаѓач.
Англискиот шампион Манчестер Сити е заинтересиран за потписот на напаѓачот на Милан, Рафаел Леао. Според информации од Италија, скаутите на клубот веќе преговараат за можен трансфер со агентот на фудбалерот, Жорге Мендеш. Италијанскиот клуб не е подготвен да се раздели со својот млад напаѓач и ќе бара најмалку 70 милиони евра за негов трансфер. Милан му понудил на Леао и продолжување на договорот до 2026 година со зголемување на платата до 4,5 милиони евра. Леао (22) е во Милан од 2019 година кога се пресели во тимот од Лил.
Филип Кузмановски со девет гола синоќа беше прв бомбардер во нашата репрезентација и еден од најзаслужните за пласманот на уште едно светско превенство. „Сакам да им се заблагодарам на навивачите, тие беа нашиот осми играч. Не се сеќавам кога сум играл пред ваква поддршка од трибините. Среќни сме на големиот успех, но оваа победа му ја посветувам на Филип Миркуловски, како и на македонските фанови. Покажавме дека сме подготвени да ја преземеме одговорноста од нашите претходници. Ќе продолжиме да го даваме максимумот на терен за овој дрес, како тоа што го правеше Миркуловски на секој натпревар“, рече Кузмановски по мечот.
По Филип Миркуловски, и Стојанче Стоилов кажа збогум од националниот тим. Искусниот пикер на прес-конференцијата по мечот најави дека ја завршува репрезентаивната кариера. „Среќен сум што победивме и се пласиравме на Светското првенство. Што се однесува до македонската јавност сакам да најавам крај на репрезентативната кариера по цели 15 години. Со гордост го носев овој дрес. Киро за мене секогаш ќе биде капитенот, фала ти за се, за се што успеавме да направиме и да не направиме. Нема време да ги набројувам сите. Без одмор не можам да терам цела сезона, многу се напорни сезоните, на крајот сум а силите,…
Денеска против Чешка го одигра последниот меч во дресот со националниот грб. Филип Миркуловски уште еднаш покажа дека го задолжи македонскиот ракомет со своето долгогодишно присуство во репрезентацијата и дека во него младите треба гледаат пример за следните големи натпреварувања. „Првичната цел е остварена, се пласиравме на Светско првенство што беше најважно. Ова беше последен натпревар со многу емоции. Сите години, секогаш било добро чувството кога играш за репрезентација. Чест ми беше што дваесет години играв за Македонија. Секогаш давав максимум, се надевам така ќе биде во иднина. Јас кога започнав со репрезентативната кариера беше многу тешко. новите генерации имаат…
Македонската ракометна репрезентација ја продолжи серијата учества на светските првенства. Вечерва во пеколна атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ пред околу 7000 гледачи, момците на Кире Лазаров славеа против Чешка во реванш-баражот со 27:25 и се пласираа на шампионатот кој во јануари ќе се одржи во Полска и Шведска. По ремито во Злин, вечерва успеавме да одиграме меч со ладни глави и во текот на сите 60 минути да ја контролираме предноста од само неколку разлика. Чесите постојано беа блиску до нас, но ние не дозволивме комплетно да се вратат во игра. Полувремето го завршивме со предност од 14:12, а во…
На ден 17.04.2022 во Кавадарци се одржа Државно Првенство во џудо за кадети-ки. Џудо клубот СЕИШИН- Прилеп на ова првенство настапи со вкупно 15 натпреварувачи од кои 9 во машка и 6 во женска категорија а освоени се вкупно 14 медали ( 5 златни, 5 сребрени и 4 бронзени). Резултати поединечно: Кадетки: 1. Теа Настоска 1 во место 2. Теона Настоска 2 ро место 3. Мартина Јанкоска 2 ро место 4. Кристина Мантароска 1 во место 5. Елеонора Илиоска 2 ро место 6. Изабела Кузева 3 то место Кадети: 1. Никола Магдески 1 во место 2. Михаил Димоски 2 ро…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, откако вчера ја освои титулата во двојки, денеска не успеа да ги обедини титулите на турнирот во Санта Маргерита ди Пула. Таа на турнирот вреден 25.000 долари, вчера во двојки ја освои титулата , а денеска во сингл финалето загуби од Ева Ведер со 2:0 во сетови (6:2, 6:3). Интересно е тоа што токму Ведер и беше на Лина партнерка во финалето вчера во двојки.
Македонската ракометна репрезентација за неколку часа во СЦ „Борис Трајковски“ ја има клучната битка за нов настап на завршницата на едно големо натпреварување. Ремито (24:24) од дуелот во Злин од пред само неколку дена, е добар патоказ за момците на Лазаров на патот кон СП 2023 година. Гледајќи ги резултатите од меѓусебните пресметки, Чешка никогаш нема славено во Скопје. На последниот бараж дуел, Македонија успеа да ја совлада Чешка со високи 7 гола разлика, со што ја анулира негативата од гостувањето од 6 гола и се пласираше на СП. Чесите во Скопје не загубија само во квалификациите за ЕП 1996…
