Пеп Гвардиола тргнува по потписот на Микел Мерино од екипата на Реал Сосиедад, пишува весникот „Марка“. Според изданието, менаџерот на Манчестер Сити е подготвен да плати 60 милиони евра за да го донесе фудбалерот кој годинава игра извонредно во Ла Лига. Весникот „ Ел Конфиденсијал“ пишува дека играта на Мерино го импресионирала Гвардиола и тој веќе дал насоки да се работи на негов трансфер ова лето. Договорот на Мерино со Реал Сосиедад завршува во 2025 година, а неговата клаузула за раскинување е 60 милиони евра, која Сити е подготвен да ја плати во целост.
Author: saso
Кошаркарите на Бруклин и Минесота се пласираа во плејофот во НБА лигата, откако синоќа остварија победи во првите две плеј-ин средби од доигрувањето за пласман во завршниот дел од оваа сезона. Бруклин обезбеди плеј-оф во Источната конференција, откако синоќа го победи Кливленд со 115:108. Нетси беа предводени од извонредниот Кајри Ирвинг кој средбата ја заврши со 34 поени и 12 асистенции, а одличен настап имаше и Кевин Дурент со 25 поени и 11 асистенции. Кливленд ќе има уште една шанса за пласман во плеј-офот и тоа против победникот од дуелот меѓу Атланта и Шарлот. Кошаркарите на Минесота се пласираа во…
Новак Ѓоковиќ сензациинално беше елиминиран уште на стартот на турнирот во Монте Карло, па по дуелот со Шпанецот Фокина изјави дека ќе беше поинаку доколку можеше да ја започне сезоната уште во јануари. „Не размислувам за никакво „Што ако? Тоа е она што е. Се разбира, срамота е да се изгуби на стартот. Но, повторно, нема да застанам тука. Ќе продолжам да работам и се надевам дека ќе влезам во формата потребна за Ролан Гарос. Тоа е главната цел за овој дел од сезоната. Кога разговаравме со вас пред неколку дена, тогаш веќе знаев дека ќе ми треба малку време за навистина да…
Тренерот на Виљареал, Унаи Емери смета дека неговиот тим не ја задржувал играта за да ја зачува предноста од првиот меч со Баерн. Германците по мечот обвинија дека Виљареал не сакал да игра фудбал. „Не е фер. Во првиот меч бевме подобри сите 90 минути. Во реваншот не игравме на време. Левандовски можеше да биде целосно отстранет. Игравме чисти шанси кои не ги реализиравме. Тоа е нашиот стил, тоа е нашиот фудбал. Секој има своја тактика. Но, почитувањето е важно. Дали го заборавивте првиот натпревар? Па, бевме подобри“, изјави тренерот на шпанскиот клуб.
Менаџерот на Челзи, Томас Тухел го коментираше поништувањето на голот на Маркос Алонсо на натпреварот против Реал Мадрид. Шпанецот погоди за 3:0, но голот беше поништен по асистенција на ВАР собата. „Не го видов самиот момент, но му кажав на судијата дека не разбирам зошто тој самиот не ја гледаше оваа ситуација. Во натпревар од ова ниво, секој свиреж е важен. Судијата на теренот е тој што ги држи конците на играта во раце и не треба да се потпира само на мислењето на помошникот кој седи во посебна просторија и не ја чувствува целосно атмосферата на натпреварот и избраниот…
Манчестер Јунајтед, Челзи и ПСЖ се трите екипи кои водат во битката за потписот на напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез. Тренерот на Бенфика, Нелсон Верисимо, ги известил преставниците на клубовите дека португалскиот клуб нема да го продаде напаѓачот за помалку од 127 милиони евра. Според изворот, португалскиот клуб не сака ни помалку ни повеќе за 22-годишниот фудбалер, отколку што доби од Атлетико Мадрид за трансферот на напаѓачот Жоао Феликс во 2019 година. Бенфика не се сомнева дека трансферот на Нуњес ќе биде скап и нема да брза да го продаде оваа година.
26-годишниот крилен напаѓач на Баерн (М), Лерој Сане, се уште нема постигнато гол на последните 7 натпревари. Покрај тоа, тој не успеа да направи ниту една асистенција, а тренерот Јулијан Нагелсман, вели дека не знае зошто Сане игра лошо. „Навистина ми се допаѓа Сане и како играч и како личност. Сите знаат дека тој има неверојатни квалитети. Лерој е доста самокритичен, и самиот знае дека во последно време не игра добро. Не знам зошто. Тој имаше подеми и падови во текот на неговата кариера. Целосно го поддржувам. Очигледно беше вознемирен откако беше заменет против Аугзбург. Не сум лут поради тоа.…
На стартот на новата сезона во Twingo Cup што е во организација на Аутомотив Груп и АКК Рено Спорт Скопје, викендов се возеа две трки на патеката Хунгароринг во Унгарија како дел од календарот за 2022 година во кој има вкупно 12 трки на шест европски патеки. Владимир Тренески и Давид Малинковски победија на двете трки возени во неделата, а Малинковски заедно со Зоран Мираковски беа единствените возачи кои на двете трки успеаја да се качат на пиедесталот завршувајќи во Топ-3. Актуелниот првак во првенството на Македонија во Twingo Cup, Малинковски е лидер во генерален пласман со 35 бода од…
Денеска ќе почне продажбата на билети за реванш мечот од последниот бараж до светското првенство меѓу Македонија и Чешка. Ракометната федерација ќе ги пушти во продажба билетите за реваншот по цена од 100 денари. Истите ќе може да се купат онлајн на mktickets.mk и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата. Дуелот в недела во СЦ „Борист Трајковски“ ќе почне од 19 часот.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли по синоќешниот меч со Торино синоќа, даде свое видување на трката за Скудетото. „Во последните две-три недели се сопнуваат сите оние кои важат за фаворити. Имаме многу конкурентна лига, сите натпревари се тешки, никогаш не можете да размислувате однапред и не можете никого да го сметате за сигурно добиен. Сите знаеме колку се важни овие натпревари. Колку е поблиску крајот на сезоната, толку е поважен секој бод. Не заборавајте дека пред три недели бевме супер фаворити, по нас Наполи, па Интер. Крајот е близу, ништо не се знае“, рече Пиоли.
