Раководството на Барселона очекува да ја дознае одлуката на Роберт Левандовски околу можноста за негов трансфер на „Камп Ноу“. Полскиот напаѓач е една од опциите за Каталонците во текот на летниот преоден рок. Претставници на клубот одржале две средби со агентот на напаѓачот Пини Захави и одлуката на самиот Левандовски се очекува во наредните недели. Од Барселона практично се во постојан контакт со Захави и клубот е целосно информиран за сите чекори што ги презема Левандовски. Главната грижа во Барселона е дека Баерн Минхен може да му понуди нов договор на полскиот голгетер.
Author: saso
Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде дел од Медитеранските Игри 2022 кои ова лето ќе се одржат во алжирскиот град Оран. Од Одбојкарската федерација на Македонија потврдија дека сениорскиот одбојкарски тим во машка и во женска конкуренција летово ќе биде преставник на нашата земја на овој голем спортски настан. „И двете селекции ќе настапат на Медитеранските Игри. Ќе одиме со сениорите и во машка и во женска конкуренција. Останува само да се допрецизираат некои работи кај дамите, со оглед на тоа што имаме ЕП за девојки до 19 години, но сигурен е настапот и на двете селекции“, вели генералниот секретар на…
Со полуфиналните натпревари во машка конкуренција, денеска во салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе започне завршниот Ф4 турнир од одбојкарскиот Куп на Македонија. Третопласираниот тим во домашниот шампионат, екипата на Вардар во првото денешно полуфинале ќе игра против ланскиот финалист Универзитет во Тетово, додека Шкендија, која го крена пехарот во 2011, а годинава е втора на табелата во шампионатот, ќе се сретне со бранителот на двојната круна Струмица 47&72. Најуспешниот тим кај нас, Струмица 47&72, се надева на осмиот куп-трофеј и како голем фаворит влегува во овие завршни борби. Македонски одбојкарски куп (мажи), полуфинале (петок, 8.април) 16.00 Вардар – Универзитет во…
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со дабл-дабл ефект го доведе Денвер до убедлива победа над Мемфис со 122:109 и со тоа за својот тим обезбеди директен пласман во плеј-офот. Иако на почетокот на мечот беше удрен со лакт во лицето, тој успеа да го продолжи дуелот со црвена лента на главата, па за 35 минути на теренот постигна 35 поени (16/24 од игра), имаше 16 скока и шест асистенции, со четири украдени топки и една блокада. Нагетси со оваа победа обезбедија директен пласман во плеј-офот, со 44 победи и 33 порази, додека Мемфис има скор од 55 победи и 25 порази.
Тренерот на Барселона, Чави се пожали на состојбата на теренот во Франкфурт, каде вчера Каталонците одграа 1:1 против Ајнтрахт во првото четвртфинале на Лигата на Европа. „Топката не се движеше. На Камп Ноу се ќе биде поинаку, тревникот ќе биде подобар. Ни треба истата бучна поддршка како што беше на нивниот стадион. Атмосферата беше извонредна. Но, тоа не влијаеше на нас. Тоа не е причината зошто не бевме толку добри како на последните неколку натпревари. Противникот изгради добра дефанзивна игра. Не знаевме како да нападнеме“, изјави Чави.
Карлос Саинц од Ферари беше најбрз на првиот слободен тренинг пред трката за ГН на Австралија во Формула 1 на Алберт Парк во Мелбурн. На второто место зад него беше неговиот тимски колега и актуелен лидер во генералниот пласман, Шарл Леклер. Трето време оствари Серхио Перез од Ред Бул, а Топ 6 го комплетираа светскиот шампион и тимски колега на Перез, Макс Ферстапен, како и Ландо Норис од Мекларен и Естебан Окон од Алпин. Луис Хамултон денеска беше дури седми. Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, кој ги пропушти првите две трки поради КОВИД-19, имаше 13-то време.
Хрватскиот ракометар Денис Тот (27) кој настапува за екипата на Бутел вчера бил претепан и се наоѓа на скопските клиники. Според информациите Тот има повеќе скршеници и бројни други повреди, најверојатно предизвикани откако бил претепан со тапи предмети, но и со тупаници, нозе, пренесуваат и хрватските медиуми. Засега нема конкретни информации за настанот, кој го потврдија и хрватските медиуми со изјави од неговото семејство, кое треба да пристигне во Скопје.
Ракометарите на Вардар ремизира во вториот меч против Веспрем, 31-31, во реванш осминафиналето во ЛШ. По поразот во Скопје од 8 гола разлика, беше јасно дека Вардар има само теоретски шанси за успех, но момците на Дејвис покажаа дека не случајно се во ЛШ и одиграа јуначки меч во кој на крајот извадија реми. Веспрем во голем дел од мечот беше во водство, на моменти и со 6 гола разлика, но во последните 5 минути „вардарци“ ја стопија предноста и успеаја да извлечат нерешен резултат. Ниокас со 7 и Моралес со 6 гола беа фантастични во дресот на нашиот првак,…
ЕСПН објави дека Холанѓанецот Ерик Тен Хег, кој моментално е на чело на Ајакс, ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед од следната сезона. Тен Хег и поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино се појавија како фаворити за оваа позиција, меѓутоа, Тен Хег очигледно ја имаше довербата на првите луѓе на клубот. Според новинарите на ЕСПН работата е договорена, а се чека само официјализација.
Крилото на Вардар, Тимур Дибиров, кој речиси цела деценија е дел од скопските „црвено-црни“, во подкаст „Само Ракомет“ јавно потврди дека ова за него е последна сезона во дресот на македонскиот шампион. „Не знам дали е вистински момент или не, но сакам да објавам кај вас дека ова е мојата последна сезона во дресот на Вардар. Натпреварот со Веспрем беше мој последен во Лигата на шампионите за Вардар. Би сакал да одиме во Битола, да победиме и на тој начин да се збогувам со овој дрес“, вели Дибиров во интервјуто. Дибиров вели дека за неговата тешка одлука постојат повеќе причини,…
