Лоранд Ѓоши од Косово е победник на традиционалниот Илинденски кајак слалом на Матка. Денеска на патеката на Матка, Ѓоши оствари најдобро време во машка конкуренција, пред нашиот кајакар Ангел Петрушев кој заврши втор. Третото место му припадна на Милош Јевтиќ од Србија. Во женскиот кајак слалом прва беше Ангела Димова, пред Олгица Мелова.
Author: saso
Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг веќе е главен фаворит за менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед, а оваа позиција уште повеќе се зацврсти по првите преговори што раководството на „црвените ѓаволи“ ги одржа со потенцијалните кандидати. Пред неколку дена медиумите во Англија објавија дека на „Олд Трафорд“ веќе почна анализа на потенцијалната казна што ќе треба да ја платат за да го ангажираат тренерот на Ајакс. Според дел од медиумите, Манчестер Ј. на Ајакс ќе треба да му плати 4 милиони евра за да ја добие слободата на тен Хаг. Раководството на Ајакс веќе неколку пати индиректно изјави дека нема…
Поранешната светска и олимписка фудбалска шампионка со селекцијата на САД, Хоуп Соло е уапсена поради возење во пијана состојба, соопшти американската полиција. Во нејзиниот автомобил имало и две деца, за кои се верува дека се нејзините 2-годишни близнаци. Според извештајот, апсењето се случило во четвртокот на паркингот пред трговскиот центар во Винстон-Салем, Северна Каролина. Покрај тоа што возела во алкохолизирана состојба, поранешната голманка на САД е обвинета и за давање отпор при апсење и загрозување на здравјето на децата. Таа е пуштена од притвор и треба да се појави на суд на 28 јуни.
Пари Сен Жермен им се приклучи на Манчестер Јунајтед и Арсенал во трката за потписот на крилниот напаѓач на Ајакс, Ентони. Бразилецот се покажа како еден од најголемите таленти на Ајакс. Оваа сезона тој веќе има 12 гола и 10 асистенции во сите натпреварувања, а шест од неговите погодоци се во Лигата на шампионите. За Ентони интерес има дуото од премиерлигата, Манчестер Јунајтед и Арсенал, а Французите тврдат дека и ПСЖ им се придружил во битката за потписот на бразилскиот талент. Сумата која Ајакс ја бара за него е околу 35 милиони евра.
Напаѓачот на Барселона, Лук де Јонг е позитивен на коронавирус. 31-годишниот холандски фудбалер беше тестиран вчера, а резултатот од тестот е позитивен. Се наведува дека на Де Јонг се чувствува добро, но ќе мора да го пропушти претстојниот натпревар од 30. коло со Севиља. Сезонава холандскиот фудбалер одигра 15 натпревари за Барселона и постигна 5 гола.
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте го кажа и своето мислење за иднината на напаѓачот Хари Кејн. „Секако дека би сакал Хари да остане во Тотенхем. Би било многу важно да се заврши добро сезоната. Тој е играчот кој секој менаџер сака да го има во својот тим. Хари и јас имаме одлична врска. Тој е врвен играч“, вели Конте. Кејн е главна ѕвезда на Тотенхем и ќе биде исклучително тешко за навивачите доколку тој го напушти тимот ова лето. На 28 настапи во Премиер лигата сезонава, зад името на Кејн веќе има 12 гола и имаше пет асистенции.
На посебна свеченост во Доха, попладнево беа извлечени групите за СП во Катар кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември оваа година. Беа формирани осум групи со по 4 селекции, но со оглед на тоа што уште три баражи треба да се одиграат, три места дополнително ќе се пополнат. СП во Катар почнувана 21 ноември. 📷 The FIFA World Cup Draw in full. pic.twitter.com/ipuBNivyMg — TEAMtalk (@TEAMtalk) April 1, 2022
Македонската фудбалска репрезентација се искачи на 62. место на ФИФА листата за март. Денеска беше објавен најновиот ранкинг на ФИФА на кој Македонија бележи скок од пет места. Овој скок се должи пред се на победата над Италија од 1:0 во Палермо во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар.
Американската престолнина на коцката, Лас Вегас ќе се врати во календарот на Формула 1 во 2023 година. Како што потврдија сопствениците на првата на натпреварувањето, Лас Вегас почнува како дел од календарот на шампионатот за следната година. Низ улиците на градот ќе се вози ноќна трка, која ќе биде прва која доаѓа во градот по пауза од речиси четириесет години. Трката ќе се одвива на градска патека долга 6,12 километри со 14 свиоци. Големата награда на Лас Вегас ќе биде третата трка во САД која влегува во календарот на Ф1, по трките во Остин и Мајами. Лас Вегас последен пат…
Македонската ракометна репрезентација денеска треба да ги добие противниците во квалификациите за Европското првенство во 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Момците на Кире Лазаров се во вториот шешир заедно со селекциите на Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија и Украина. Ќе бидат формирани осум групи од кои првите две селекции ќе обезбедат пласман на ЕП. Од осумте третопласирани, пак, четири ќе се пласираат на ЕП, со тоа што ќе се вреднуваат само нивните резултати со подобропласираните во групата. Ждрепката ќе се одржи попладнево од 18:00 часот во Берлин. КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП ГЕРМАНИЈА 2024 Шешир 1: Норвешка,…
