Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со дабл-дабл ефект го доведе Денвер до убедлива победа над Мемфис со 122:109 и со тоа за својот тим обезбеди директен пласман во плеј-офот.
Иако на почетокот на мечот беше удрен со лакт во лицето, тој успеа да го продолжи дуелот со црвена лента на главата, па за 35 минути на теренот постигна 35 поени (16/24 од игра), имаше 16 скока и шест асистенции, со четири украдени топки и една блокада.
Нагетси со оваа победа обезбедија директен пласман во плеј-офот, со 44 победи и 33 порази, додека Мемфис има скор од 55 победи и 25 порази.