Author: saso

Барселона е сериозно заинтересирана за потписот на крилниот напаѓач на Лидс Ј., Рафиња. Според пишувањата на локалните медиуми во каталонија, Барса е подготвена да издвои сериозна сума за да го натера англискиот тим да им го продаде фудбалерот. Каталонскиот клуб веќе понудил 55 милиони евра за 25-годишниот Бразилец и уште 10 милиони во вид на бонуси. Според изворите, самиот Рафиња веќе се договорил со Барселона за 5-годишен договор, само чека „амин“ за реализација на трансферот од неговиот сегашен клуб.

Read More
NBA

Кошаркарите на Мајами поведоа против Бостон во финалето на Источната конференција во НБА лигата, откако на првиот натпревар синоќа славеа со 118:107. Џими Батлер со 41 поен, од кои 27 постигна во второ полувреме, беше предводник на „жешките“ до премиерната победа во финалето на Истокот. Тој имаше и девет скока, пет асистенции, четири украдени топки и три блокади. За победата придонесоа и Тајлер Хиро со 18 поени и Гејб Винсент со 17 поени. Во тимот на Бостон најефикасен беше Џејсон Тејтум со 29 поени. Во тимот на Бостон поради повреда на стапалото го немаше Маркус Смарт, додека Ал Хорфорд беше…

Read More

Германскиот играч за врска од Манчестер Сити, Илкај Гундоан, кариерата би можел да ја продолжи во Барселона. Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, 31-годишниот Германец е мета на интерес кај Барселона и лондонски Арсенал. Гундоан оваа сезона во Премиер лигата забележа 26 настапи за Сити, постигнувајќи шест гола и четири асистенции. Вчера стана јасно дека тој добил информација дека може ова лето да го напушти клубот и да си побара нова средина. Дел од германските медиуми пишуваа дека Гундоан би можел да замине и во американската МЛС лига.

Read More

Раководството на Болоња најверојатно преговара со тренерот на украински Шахтјор, Роберто де Зерби, за преземање на тимот следната сезона. Според италијанските новински агенции, актуелниот тренер на италијанскиот клуб Синиша Михајловиќ може да ја напушти функцијата поради здравствени проблеми. Де Зерби е подготвен да го заземе неговото место, со плата од најмалку 2 милиони евра годишно.

Read More

Јувентус има две опции како евентуални наследници на Џорџо Киелини во дефанзивата на тимот за следната сезона. Станува збор за двајца дефанзивци од Арсенал и Наполи кои се позиционирани како потенцијални засилувања на стоперската позиција. Станува збор за младиот 24-годишен дефанзивец на Арсенал, Габриел, како и на далеку поскапиот и поатрактивен дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали. Киелини го одигра последниот меч пред навивачите на Јувентус во претпоследното коло на Серија А и најави дека ја завршува долгогодишната кариера во еден од најпопуларните италијански клубови.

Read More

Црногорскиот репрезентативец Божо Анџелиќ (30) е новото засилување за ракометниот шампион на Македонија, екипата на Вардар. Тој ќе го носи дресот на Вардар во следната сезона и ќе биде засилување позиција на среден бек. Анџелиќ во Вардар доаѓа од унгарски Ференцварош каде настапува од 2018 година. Договорот со Анџелиќ е потпишан на 1 сезона со можност за продолжување на уште една доколку клубот биде задоволен од неговите игри. Црногорецот е второто засилување во тимот за следната сезона, по Словенецот Нејц Цехте кој доаѓа од Бундеслигата. Анџелиќ е актуелен репрезентативец на Црна Гора и има повеќе од 60 настапи за репрезентацијата…

Read More

Македонските девојчиња Илина(15) и Ева(12) Соколовски повторно постигнаа успех во Германија. Македонските сонца се пласираа во финале и сега Илина е меѓу 20те, а Ева меѓу 16те најдобри ритмички гимнастичарки во државата, секоја во својата категорија. На последниот републички натпревар, кој се одржи во Боркен, во близина на холандската граница, Илина го освои бронзениот медал, додека Ева, поради повредите,  заврши на шестото место, а победничките од овој натпревар, односно најдобрите 10 девојчиња, влегоа во финале, кое ќе се одржи на 11 и 12 јуни и со овој натпревар завршува сезоната на ритмичка гимнастика. Илина го освои третото, додека Ева шестото.…

Read More

Пол Погба нема намера да се пресели во Манчестер Сити ова лето и покрај пишувањата на одделни англиски весници. Според новинарот Фабрицио Романо, во моментов францускиот играч од средниот ред не сака да влезе во преговори со Манчестер Сити. Денеска ќе има средба на раководството на Јувентус со претставници на Погба. Клучна точка за дискусија ќе биде платата на играчот. Беше објавено дека италијанскиот клуб ќе му понуди на Французинот помала плата од онаа која ја ја има во Манчестер Јунајтед. Со него преговара и ПСЖ. Според информациите, раководството на парижани веќе беше е во директен контакт со агентитео на…

Read More

Килијан Мбапе е прогласен за најдобар играч во сезоната во француската Лига 1. Напаѓачот ја доби наградата од Унијата на фудбалери на Франција (УНФП), победувајќи го во изборот Висам Бен Једер од Монако, Дмитри Паје (Олимпик Марсеј), Лукас Пакета (Лион) и Мартин Териер (Рен). За најдобар тренер во тековната сезона беше прогласен Бруно Женесио, кој е на чело на Рен. Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар голман во сезоната на Лига 1.

Read More
NBA

Кошаркарите на Далас направија големо изненадување елиминирајќи го најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Феникс во „мајсторката“ од полуфиналето на Западот. Дончиќ и неговите соиграчи на гости славеа со фантастични 123:90 и се пласираа во конференциско финале за првпат по 2011 година. Дончиќ го предводеше Далас со 35 поени, Спенсер Динвиди додаде 30, додека Џејлен Брансон постигна 24 поени. Во редовите на Феникс, Девин Букер постигна само 11 поени, а Крис Пол само 10. Далас во финалето на Западот ќе игра против Голден Стејт, а првиот натпревар е закажан во четврток наутро во Сан Франциско. Претходно синоќа кошаркарите на…

Read More