Кошаркарите на Мајами поведоа против Бостон во финалето на Источната конференција во НБА лигата, откако на првиот натпревар синоќа славеа со 118:107. Џими Батлер со 41 поен, од кои 27 постигна во второ полувреме, беше предводник на „жешките“ до премиерната победа во финалето на Истокот. Тој имаше и девет скока, пет асистенции, четири украдени топки и три блокади. За победата придонесоа и Тајлер Хиро со 18 поени и Гејб Винсент со 17 поени.
Во тимот на Бостон најефикасен беше Џејсон Тејтум со 29 поени.
Во тимот на Бостон поради повреда на стапалото го немаше Маркус Смарт, додека Ал Хорфорд беше пријавен во здравствениот протокол. Следниот натпревар се игра ноќта меѓу четврток и петок.